Знаеш што ме нервира? Ко ќе видам соба со мебел од '82. Веќе кога си влегол во бизнисот, дај инвестирај, е***о. Ми се повраќа да спијам на нечиј кревет од пред 3 децении, дури и да го гледам само. Не мора ништо да има собата, освен еден (по)нов кревет и мини регалче со фиоки. Знаеш што друго ме нервира? Кога те замараат за бојлер. Брат, ти плаќам за сите услуги, ако сакам и 3 пати на ден ќе си се бањам, мое право. Исто знаеш што ме нервира? Кога напишале у оглас, на 5 минути до центар, а тоа куќата забутана после вториот кружен тек. Дај кажи си искрено, па и стави (точен) линк од google maps. Исто, како бе може соба да е исти пари на 10 јуни и 10 јули и 10 август? Нема попуст некогаш у цело е***о лето? Исто, да ти е**м лежалките. Пешкир можеш да си постелиш или на пат па да ти газат луѓе врз работите ко ќе поминуваат или у некоја трева со жбуњови. Ако бе, нема проблем, битно не ти плаќам за глупата лежалка. Исто, како може еден обичен хамбургер да е 110 денари у Пинк Пантер бе? Можеш и него да си го задржиш, ќе си направам вечера кај што престојувам, не ти давам пари ни за тоа. За кафичи не праам муабет, ако ептен ми се приоди, може ќе седнам некаде еднаш или два пати. Иначе, зимам пивото и на плажа... ни за тоа не ти плаќам.
П.С. И не мора да те интересира секој пат што готвам и да ми се мешаш у работата.
Тука е проблемот, што за 4-5 евра на легло понудата е таа што е. Аматерска раја издава, луѓе кои немаат абер од туризам туку колку да прикрпат за сметки и храна...
Грешката на гостинот е што очекува нешто повеќе за таа цена, а грешката на `газдата` е што наредна година нема да му дојдат пошто ептен не се труди и е иритантен.
Многу е МК домашниот туризам чуден