@Outrider припази малку со јавните саркастични надвреди,ти се обраќаат со брат а ти со што стигнеш се служиш да го омаловажиш соговорникот поради спротивно мислење од твоето.
Реновирањето е потреба?Св. Софија, Белведере, Ројал, Тино, Метропол, Белви, па и на плажите Голден Бич, Потпеш, Кубалибре, на повеќето места каде еден келнер на смена прави над 200 000....600 денари бакшиш даден или украден се пичкин дим.
Пред 7-8 години имав закупено дел во Арена (ноќен клуб е тоа), скоро секоја вечер келнерките имаа минимум 400-500 денари бакшиш за 3-4 сати работа итоа само по 3 сепареа имаа. Оставаат сите, и јас кога јадам во ресторан оставам некој бакшиш да речиме 5-10% од сметката ако сум задоволен од услугата како и секој друг.
Келнерите во Охрид прават пари, итоа многу прават во летниов период.
И заборавив @melpomena реновирањето е потреба односно одржување на домот, не влегува во категорија луксуз.
Дефиницијава ти е само за во Африка, каде и водата им е луксуз.Реновирањето е потреба?
Не се согласувам.Но тоа е веќе друга тема.
Да бидеме реални дека потреба се водата,воздухот,па и храната,се друго е луксуз па дури и чаламење.
За муабетиве си во право,кога стануа збор за чаламење,но кога ги цепкаш работите до ситница се е луксуз.Дефиницијава ти е само за во Африка, каде и водата им е луксуз.
Јас зборувам за европските земји, каде еден човек живее достоинствен живот во 21 век, каде и годишниот одмор влегува во потреба а не пак реновирање на својот дом на неколку години... или според тебе ќе чекаме кровот на глава да ни падни, за да не се чаламиме пред народот.
Иначе друг е муабетот, јас споредував кога човек треба да вложи во нешто правилно што ќе му ги задоволи потребите и ќе му трае со години се ценка и бара поефтино, а од друга страна ќе земе на детето 3ти роденден во хотел ќе му го прави со 200 гости, ќе потроши 4-5000 евра и на крај презадоволен и бакшиш ќе остави... само да се покажи пред народот, да пукнат од завидување комшиите и да испразни некоја кредитна картичка за една вечер- абе чаламџиски балкански менталитет.
Билјанини извори.Еве денес за викенд идам до Охрид па сакам да ми препорачате каде има убаво јадење (ако има некој да сака да се дружиме слободно нека пише ПП) @The_Mayor ако си за едно пиво ајде