Љубовни проблеми

Sali123

Нов член
23 јули 2014
6
1
3
МалиСашко .... Колку што јас ги познавам не се без визија,иначе за почит и не би рекла дека ме почитуваат баш,мислам од страна на неговата сестра имам некои проблеми,мајка му си молчи ама можи и по опасна да стани ...Таа (сестра му) постојано ми оди контра за било што,кога и да појдам кај нив таа или има некоја работа на компјутер или во др соба се затвора ептен е приметливо дека бега (worried)...Инаку таа е по стара од дечко ми...Пред некое време бев кај нив дома и нешто почнавме да се контриме двете незнам што и таа ми вели епа коа ќе сум дома јас не доаѓај кај нас,а истото го слушнав и од татко му... 2 месеца немав отидено и после дечко ми ме натера ...Е некои вакви работи и мене ме тераат да го ставам прстот на глава и да размислам дали навистина вреди да се борам за оваа врска,но кога ќе размислам добро ние секогаш се караме или за моите или заради неговите,сега нормално како во секоја врска нели за некои наши работи,но постојано заради други се караме ....Ова навистина е тешка ситуација :D
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
5 години во врска. Од твои 14 години си во врска? Во право се твојте. Не заради фактот дека е од село, туку заради фактот дека си со него од 14 години. Фала Богу дека ти е страв да прекинеш, со него порасна (а имаш уште за растење). Рано, премногу рано за да се биде со некој цели 5 години. Башка ако сега се соочуваш со вакви стресови, шо ќе биде после? Колку години има тој?
Инаку, да бевме некаде на друго место можеби ќе можеше да ја одделиш врската од другите во фамилијата. Овде кај нас тешко. Неразбирање е неразбирање, за која сака тема нека е, ако се карате и не се разбирате и не можете да најдете решение со кое двајцата ќе сте задоволни, тогаш нешто не е ко шо треба.
Терај на факултет и уживај.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
@Sali123 ... овој е муабетот - дај си време! Времето ќе покажи што треба да правиш. Во секој случај, разговарај со твоите како возрасна,нека ти наведат цврсти аргументи за нивните муабети. Натерај го и дечко ти да направи таков муабет со неговите.
Во меѓувреме времето ќе ти го отвори правиот пат, ќе ги видиш лицата вистински на сите и ќе видиш колку е всушност дечко ти цврст карактер во борбата за вашата иднина.

И немој да се ставиш во заедница со луѓе кои не те сакаат. Ако останиш со син му, бегајте во странство пошто ќе немате дерман....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Здраво ... Нова сум на форумов... Имам навистина голем проблем и тоа 5 години по ред ... Имам дечко од село,јас живеам во град...Моите родители не сакаат ни да чуат за него ... Тој си работи во една фирма,а имаат и нешто земјоделие ... Јас ке сум живеела во село сите бегале од село оделе во град јас во село сум се враќала ... На моите не му се допаѓале неговите родители,вакви биле онакви биле ... бла бла бла...Како прво тој за кратко време ако оди се по планот треба да замине да работи во друга земја имаат роднини таму,а и не се за така отепани(секако дека колку и да си вљубен ако веќе гледаш дека ептен се до немај каде,сигурно нема толку да се зацапаш),а и не значи дека ке живеам во село ништо во животот не се знае што може да биде ...1. Значи 5 години по ред се справувам со овој проблем,но никако да го решам јас сум како на раскрсница незнам веќе што да правам кој пат да го фатам,имам пробано да ставам крај,но НЕ НЕ НЕ ..... НЕ МОЖАМ без него,тој ми е прва љубов имам доживеано прекрасни работи со него,едноставно имам премногу спомени што не верувам дека некогаш и да дојде време навистина да се разделиме дека ќе ги заборавам... Е сега во последно време од што навистна сум под голем притисок од моите дома,почна да ми се мотаат некои филмови во глава некако одбивни почнаа да ми стануваат неговите родители,(дали можеби од постојано што ми зборуваат дома)односно незнам и јас веќе што чувствувам .............. Можете да замислете само како му е на дечко ми да не сакаат да те погледнат родителите на девојката како да не постоиш за нив ... Можеби и затоа ми дојдоа некои такви мисли за неговите ....А богами замислете мене како ми е 5 години сум под стрес не можам како сите нормални двојки да прошетам низ град за рака или да појдам на одмор како секој што посакува ........ХМММ не смеам ни да помислам на тоа ...... Епа доста ми е веќе секоја вечер плачам во себе,а тоа е толку тешко .....Немам ниту брат ниту сестра сама сум нема на кој да му кажам да се излеснам ......ЕПА ВЕ МОЛАМ ЗА НЕКОЈ СОВЕТ....КАКО ВИЕ БИ ПОСТАПИЛЕ ДА СТЕ НА МОЕ МЕСТО !!!!!!?????
Имам 19 години... Не е за бегање работава,ќе одам на факултет од септември,но зошто така да биде ... Мислам дека треба да се реши тој проблем да знаеме на што сме,срам ми е веќе и од него кај и да посака да отидеме јас или одбивам или се криам...Јас лично не би толерирала да сум на негово место,значи 5 години се во прашање не се ниту 5 дена,ниту 5 месеци и толку да се никој не би бил толку стрплив како него ќе биде,ќе биде и ништо...Тоа е како понижување за него,па што сме ние повеќе од нив ???!!! (:|:mad:banghead
Неколку битни работи...
Како го согледуваш идниот живот кога би била со него?
Дали сакаш да имаш негово дете?
Како тој согледува на тој проблем?
Дали по секоја цена сакате да сте заедно, па дури и во случај родителите да се откажат од вас (преку весник)?
Што кога би го сториле тоа родителите? Како би се нашле да егзистирате вие двајца прво (покрај љубов, мора и леб), а после тоа и децата? Каква иднина сте спремни да им обезбедиш на децата?

Зошто ги поставувам овие погорни прашања? Ако си имаш за себе (и двајцата) конкретен одговор за прашањава и ако истиот е позитивен и прогресивен, тогаш ќе најдеш и начин. Зборам одговор за себе, не за нас тука на форумот.

Ако немаш, тогаш се работи за врска која се крунисува со крај. Крајот кога тогаш ќе дојде. Особено фактот дека вашата врска е почната на 14 години.
Во глобала зошто го викам ова... Врските склопени на 14 години се базираат исклучиво на идеалот наречен љубов. Има и такви кои завршуваат со брак, но тука постои огромен ризик од љубовно разочарување. За ова зборам дека кога едниот би нашол нешто на страна (втора љубов) психичката тортура кај едниот е неизбежна. Сеа замисли уште кога работите би се случувале во брак...
Врските склопени на постари години (25+) се сепак друго. И двајцата тогаш сте поискусни и знаете што точно барате, вкусовите изградени од искуството ве канализираат да изградите карактер... Не дека и тогаш постои истиот ризик на изневера, но кога истата би се случила, полесно би ја соџвакале емоционално. А емоциите како што знаеме се чкрапалото кај секој човек да прави (не)разумни работи.
Што би те советувал јас, е да го тераш факсот. Ќе биде тешко, можеби ќе се доведуваш и до крајно минималистички сфаќања на моменти, но кога би бирал, подобро сега на 19 кога утре-задутре ќе пројде тоа и ќе ја прележам таа болест на љубовно разочарување него ли утре на 25+ кога прво и биолошкиот часовник би чукал поразлично, второ - мојата егзистенција е веќе на друго ниво и немам слободно време да ги изразам своите чувства и револт, а општо познато е дека потиснати чувства особено оние силните имаат погубно својство.
Лејди Блу убаво пиша во една реченица за тоа дека ни ти знаеш за друг, а ни тој. Тоа е едно од позитивните искуства што овој живот ти ги нуди.
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Сакам да му се вратам пак, тој на широко вели дека има шанса. Јас сепак се плашам дека ќе ме шутне оти го оставив за многу постар. Патеше тоа време многу. Сега кога се освестив, сакам да го вратам. Како намерите да му ги дознаам, ќе се видиме за еден месец. Немој да ме легне и шутне оти неможе да помине преку тоа што го оставив за друг и сега пак му се враќам. Идевме два месеца, и незнам што ми стана, го оставив, а многу ме сакаше, а сега гледам дека и јас него сум го сакала многу. Како да се однесувам кога ќе се видиме пак? Како да не мисли на тоа што го сторив? да ми прости... машки повелете со слични искуства, некој совет, а и девојки добредојдени сте....фала
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да му се вратам пак, тој на широко вели дека има шанса. Јас сепак се плашам дека ќе ме шутне оти го оставив за многу постар. Патеше тоа време многу. Сега кога се освестив, сакам да го вратам. Како намерите да му ги дознаам, ќе се видиме за еден месец. Немој да ме легне и шутне оти неможе да помине преку тоа што го оставив за друг и сега пак му се враќам. Идевме два месеца, и незнам што ми стана, го оставив, а многу ме сакаше, а сега гледам дека и јас него сум го сакала многу. Како да се однесувам кога ќе се видиме пак? Како да не мисли на тоа што го сторив? да ми прости... машки повелете со слични искуства, некој совет, а и девојки добредојдени сте....фала
Да си го сакала многу нема да си го оставела за друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Prashina

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Да си го сакала многу нема да си го оставела за друг.

мирно дете, немаше многу акција, молчеше и монотно ми беше некое време, па затоа. и ми ги наполнија ушите да го оставам. Се ќе сторам да го вратам.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
мирно дете, немаше многу акција, молчеше и монотно ми беше некое време, па затоа. и ми ги наполнија ушите да го оставам. Се ќе сторам да го вратам.
Како велат : Ако сакаш двајца , одбери го вториот зошто ако си го сакала првиот искрено, немало да го погледнеш вториот . Исто , тој па биде истото момче молчеливо истиот карактер, а ти ќе сакаш возбуда можеби и затоа си го оставила за друг