Љубовни проблеми

Barba

Нов член
25 јули 2014
3
2
1
47
ne ja razubeduvajte ako go saka neka proba da si go vrati, koj ste vie za drugi zivoti taka lesno da odlucuvate? ako stanuva zbor za vashiot odma ke se bunite....
a ti FallenAngel ako go sakas iskluci go kompjuterot/tabletot/telefonot i mrdni go gazeto i odi vrati si go, a ne da dremes tuka na forum i da slusas mislenja od razni luge.... a za drug pat zapamnti lugeto po priroda se zlobni, znaejki go toa nemozes od forum da ocekuvas nekoj da ti misli dobro...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не се сложувам со malo, кога се мажиш со некого, нажалост се мажиш со цела негова фамилија (колку и да негираш)...
Е како тоа се мажиш за цела негова фамилија? Порано кога родителите си ги продавале керките за мираз можеби важело ова, а сега не.
Ако он нејзе ја сака и таа него и ако се заедно поради нивната љубов, а не поради пари и сл. тогаш не се битни ни нејзините ни неговите.
Какво право имаат родителите да се мешаат во бракот на своите деца. Во врска да, тоа прифаќам, ама доколку децата се под 20 години, ма да годините и не се секогаш пресудни за зрелоста, али нека бидат 20. Ама во туѓ брак никој нема право да се меша.
Многу ми се прости тие муабети и крајно примитивни.
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Сакам да му се вратам пак, тој на широко вели дека има шанса. Јас сепак се плашам дека ќе ме шутне оти го оставив за многу постар. Патеше тоа време многу. Сега кога се освестив, сакам да го вратам. Како намерите да му ги дознаам, ќе се видиме за еден месец. Немој да ме легне и шутне оти неможе да помине преку тоа што го оставив за друг и сега пак му се враќам. Идевме два месеца, и незнам што ми стана, го оставив, а многу ме сакаше, а сега гледам дека и јас него сум го сакала многу. Како да се однесувам кога ќе се видиме пак? Како да не мисли на тоа што го сторив? да ми прости... машки повелете со слични искуства, некој совет, а и девојки добредојдени сте....фала
Дури не заслужуваш ни да те легне и шутне и тоа ке ти биде премногу.
Како можеш да му раскинеш на дечко кој си го сакала, затоа што молчел и те бакнувал и гледал заљубено кога сте шетале заедно во парк?
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen

Додека бевме излезени со неговите другари во еден доста отмен ресторант некако убаво ми беше. Амбиентот, разговорите, допирите. Откако ќе излеземе само негде тој само молчи. Ептен ако го прашав нешто ќе одговореше со да или не, таков му беше карактерот. Со другарите со кои израснал беше доста поопуштен. Со мене се некако се срамеше. Никогаш не му текна за половина да ме фати а камолу на друго место. Тој миг почна да ми се плачи, да се гушам. Збпрувавме отворено, тој се расплака. Незнаеше каде греши. Додека со други девојчиња многу брзо се впуштал и во интимни односи.
Сакав да биде поотворен и позборлест со мене. Не е битно. Беше како беше само знам дека рекол дека штеташто не се видовме пред да заминам од Македонија. Еве сега наскоро е година дена од нашето запознавање. Па полека со бавни чекори ќе се обидам прво добра комуникација да воспоставиме. За понатака ништо не се знае.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Е како тоа се мажиш за цела негова фамилија? Порано кога родителите си ги продавале керките за мираз можеби важело ова, а сега не.
Ако он нејзе ја сака и таа него и ако се заедно поради нивната љубов, а не поради пари и сл. тогаш не се битни ни нејзините ни неговите.
Какво право имаат родителите да се мешаат во бракот на своите деца. Во врска да, тоа прифаќам, ама доколку децата се под 20 години, ма да годините и не се секогаш пресудни за зрелоста, али нека бидат 20. Ама во туѓ брак никој нема право да се меша.
Многу ми се прости тие муабети и крајно примитивни.
Теоретски/правно, можеби и би ти држел вода муабетов, но во пракса за жал работите се различни.
Поради состојбата денешнава млада раја да е малку повеќе запоставена како радничка класа (а и тоа истата да се надева на директорски позиции, наместо да седне и да фати НЕШТО да работи) таа постанува паразит на нивните родители. А тоа значи истите се шлепаат увелико од родителите од позајмици, прво затоа што да се егзистира самостојно е доволно тешко, второ затоа што повеќето кај нас се необезбедени (живеат во семејни заедници (родители со баби и дедовци) затоа што таквиот живот е и поевтин - така имаат рецимо 1 (голем) стан за испаќање (комуналии/кирија/кредит?) додека ако сакаат да се осамостојат ќе треба минимум 2-3 стана (еден за баба и дедо, друг за мајка и татко и тек трет за нив двајцата), каде тука веќе трошоците минимум ти се дупли но за жал не и примањата.
Да се биде самостоен од фамилијата, значи и психички да бидеш самостоен и да не зависиш од месец во месец од неа, туку да се избориш да успееш колку толку да и` пружиш некоја егзистенција на мажот и детето кое би го имале.
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
ne ja razubeduvajte ako go saka neka proba da si go vrati, koj ste vie za drugi zivoti taka lesno da odlucuvate? ako stanuva zbor za vashiot odma ke se bunite....
a ti FallenAngel ako go sakas iskluci go kompjuterot/tabletot/telefonot i mrdni go gazeto i odi vrati si go, a ne da dremes tuka na forum i da slusas mislenja od razni luge.... a za drug pat zapamnti lugeto po priroda se zlobni, znaejki go toa nemozes od forum da ocekuvas nekoj da ti misli dobro...

Точно. Само незнам како ќе излезе на крај со мојата предходна врска. Велел : ми се повраќа ко ја гледам за каков ме замени.
Знам дека се злобни и неможам сета ситуација до секој најситен детал да ја објаснам. Самознам дека детето е на место. Се запозна со моите. Сам мидојде на слава и други некои празници дома. Премногу бевме блиски за да сфати дека наскоро ќе го оставам. Ни сама не се разбрав. Бев во некоја заблуда дека го сакам постариот. Море од морници и солзи ме нападнаа три недели потоа. Тој кутриот, врсникот, се надеваше дека ќе се свестам и ќе му се вратам до нова година. Наместо тоа славев нова година со тој прокопасникот. Ах кога ќе ми текне ми се иди ножот да си го кркнам.

Сепак благпдарам на подршката. Моментално не сум во местото каде што е тој за да го подмрднам газот и да отидам до него. Доста го напињав деновове на фб. За месец ма нема ни месец сум повторно таму кај што е тој па ќе се видиме. Стискај палци да се смириме.
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Кога ќе се скрши една чаша колку и да ја лепиш ќе протекува од некаде.

Се зависи до карактерот. Сум имала слична ситуација. Каде мене некој ме молеше за прошка. Се проголтнав и дпста време бевме среќни. Без да се присеќаме на минатото.
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Тоа ти е драг Саладин опис на поимот незрелост. Дете што мисли дека љуби, а не знае што е љубов. Мисли дека еден бакнеж ја прави љубовта, а фактот дека „ќе му се врати“- врската, онака вистинска и неискварена.

Нема врска муабетов твој. Потполно погрешно ме сфаќаш или не сакаш да сфатиш
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Која е таа емоција која ти ќе ја контролираш ако ти биде возвратена?
Како ќе го сакаш трипати повеќе од онолку колку што тој тебе те сака?
Кое е тоа мерило за љубов и како се дрзнуваш да го ставаш на кантар?

Првото прашање не го разбрав. Сакав да кажам три пати повеќе во контекст дека ќе му дадам на знаење дека не ми е сеедно и дека се каам што го оставив. Не ставам на кантар. Само ќе направам да му е се мед и млеко со мене. Пак да ја подгреам љубовта која останала во него за мене.
Различни личности сме и јас и ти. Различни генерации. Ти на друг нашин ја сфаќаш љубовта и сите нејзини облици и искуства а јас сосема друго. И мислам дека твоето и моето мислење секогаш се разликувале
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Првото прашање не го разбрав. Сакав да кажам три пати повеќе во контекст дека ќе му дадам на знаење дека не ми е сеедно и дека се каам што го оставив. Не ставам на кантар. Само ќе направам да му е се мед и млеко со мене. Пак да ја подгреам љубовта која останала во него за мене.
Различни личности сме и јас и ти. Различни генерации. Ти на друг нашин ја сфаќаш љубовта и сите нејзини облици и искуства а јас сосема друго. И мислам дека твоето и моето мислење секогаш се разликувале
Ај ќе ти го подобјаснам првото прашање, за остатокот не коментирам, можеби си во право.
Како можеш кога велиш дека сакаш некој, да очекуваш минимум исто онолку колку што ти нудиш од твојата љубов?
Тоа ме доведува да помислам дека всушност ти сакаш твојата љубов да биде возвратена онолку колку што ја даваш, што води кон оноа дека ти ја мериш љубовта според твоите лични стандарди, не според оноа дали и каква е - тој што ти ја пружал можеби ќе ти ја пружи пак, ама ете повторно нема да биде разбирлива за тебе (затоа што ти ќе очекуваш да биде возвратена исклучиво само ти како сакаш) наместо да биде онаква каква што е.
Твоето третирање на љубовта е исто третирање како сите овоземски предмети до кои доаѓаш во допир. Пример читаш книга во која се пронаоѓаш - пишан збор кој исклучиво тебе ти одговара. Или па ете купуваш некој продукт кој тебе ти годи по вкусот. Го сакаш фидбекот да го добиеш онаков само како тебе ти одговара а не онаков каков што ете личноста се трудела да ти пренесе. Тоа не е љубов еквивалент на онаа која и ја заслужуваш. Тоа е само гест на егоистичен чин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina