Ај ќе ти го подобјаснам првото прашање, за остатокот не коментирам, можеби си во право.
Како можеш кога велиш дека сакаш некој, да очекуваш минимум исто онолку колку што ти нудиш од твојата љубов?
Тоа ме доведува да помислам дека всушност ти сакаш твојата љубов да биде возвратена онолку колку што ја даваш, што води кон оноа дека ти ја мериш љубовта според твоите лични стандарди, не според оноа дали и каква е - тој што ти ја пружал можеби ќе ти ја пружи пак, ама ете повторно нема да биде разбирлива за тебе (затоа што ти ќе очекуваш да биде возвратена исклучиво само ти како сакаш) наместо да биде онаква каква што е.
Твоето третирање на љубовта е исто третирање како сите овоземски предмети до кои доаѓаш во допир. Пример читаш книга во која се пронаоѓаш - пишан збор кој исклучиво тебе ти одговара. Или па ете купуваш некој продукт кој тебе ти годи по вкусот. Го сакаш фидбекот да го добиеш онаков само како тебе ти одговара а не онаков каков што ете личноста се трудела да ти пренесе. Тоа не е љубов еквивалент на онаа која и ја заслужуваш. Тоа е само гест на егоистичен чин.
Аааа сега те разбрав. Било каква љубов од него сега доста ми е. Е сега да не претерува и ми збори секој ден или на секое недоразбирање дека ми се врстил и се проголтал што сторив. А дека односот малку од почеток нема да е каков што беше тоа е нормална ствар. Тој ме сакаше на свој начин. Никогаш не реков сакај ме вака. Тоа прај ова прај. Секогаш бев задоволна. Освен што не зборуваше како јас. Триста на саат. На сила нема ништо да биди. Затоа и оставам на случајноста. Тој ми спомна дека и кога би биле сега заедно нема многу да ме посетува дома пред моите толку во скоро време. Вика шо ако те посетував и се запознав со твоите. Пак се разделивме. Дистанцата е подобра барем едно шест месеци додека да се стабилизира врската.