Здраво ... Нова сум на форумов... Имам навистина голем проблем и тоа 5 години по ред ... Имам дечко од село,јас живеам во град...Моите родители не сакаат ни да чуат за него ... Тој си работи во една фирма,а имаат и нешто земјоделие ... Јас ке сум живеела во село сите бегале од село оделе во град јас во село сум се враќала ... На моите не му се допаѓале неговите родители,вакви биле онакви биле ... бла бла бла...Како прво тој за кратко време ако оди се по планот треба да замине да работи во друга земја имаат роднини таму,а и не се за така отепани(секако дека колку и да си вљубен ако веќе гледаш дека ептен се до немај каде,сигурно нема толку да се зацапаш),а и не значи дека ке живеам во село ништо во животот не се знае што може да биде ...1. Значи 5 години по ред се справувам со овој проблем,но никако да го решам јас сум како на раскрсница незнам веќе што да правам кој пат да го фатам,имам пробано да ставам крај,но НЕ НЕ НЕ ..... НЕ МОЖАМ без него,тој ми е прва љубов имам доживеано прекрасни работи со него,едноставно имам премногу спомени што не верувам дека некогаш и да дојде време навистина да се разделиме дека ќе ги заборавам... Е сега во последно време од што навистна сум под голем притисок од моите дома,почна да ми се мотаат некои филмови во глава некако одбивни почнаа да ми стануваат неговите родители,(дали можеби од постојано што ми зборуваат дома)односно незнам и јас веќе што чувствувам .............. Можете да замислете само како му е на дечко ми да не сакаат да те погледнат родителите на девојката како да не постоиш за нив ... Можеби и затоа ми дојдоа некои такви мисли за неговите ....А богами замислете мене како ми е 5 години сум под стрес не можам како сите нормални двојки да прошетам низ град за рака или да појдам на одмор како секој што посакува ........ХМММ не смеам ни да помислам на тоа ...... Епа доста ми е веќе секоја вечер плачам во себе,а тоа е толку тешко .....Немам ниту брат ниту сестра сама сум нема на кој да му кажам да се излеснам ......ЕПА ВЕ МОЛАМ ЗА НЕКОЈ СОВЕТ....КАКО ВИЕ БИ ПОСТАПИЛЕ ДА СТЕ НА МОЕ МЕСТО !!!!!!?????
Неколку битни работи...
Како го согледуваш идниот живот кога би била со него?
Дали сакаш да имаш негово дете?
Како тој согледува на тој проблем?
Дали по секоја цена сакате да сте заедно, па дури и во случај родителите да се откажат од вас (преку весник)?
Што кога би го сториле тоа родителите? Како би се нашле да егзистирате вие двајца прво (покрај љубов, мора и леб), а после тоа и децата? Каква иднина сте спремни да им обезбедиш на децата?
Зошто ги поставувам овие погорни прашања? Ако си имаш за себе (и двајцата) конкретен одговор за прашањава и ако истиот е позитивен и прогресивен, тогаш ќе најдеш и начин. Зборам одговор
за себе, не за нас тука на форумот.
Ако немаш, тогаш се работи за врска која се крунисува со крај. Крајот кога тогаш ќе дојде. Особено фактот дека вашата врска е почната на 14 години.
Во глобала зошто го викам ова... Врските склопени на 14 години се базираат исклучиво на идеалот наречен љубов. Има и такви кои завршуваат со брак, но тука постои огромен ризик од љубовно разочарување. За ова зборам дека кога едниот би нашол нешто на страна (втора љубов) психичката тортура кај едниот е неизбежна. Сеа замисли уште кога работите би се случувале во брак...
Врските склопени на постари години (25+) се сепак друго. И двајцата тогаш сте поискусни и знаете што точно барате, вкусовите изградени од искуството ве канализираат да изградите карактер... Не дека и тогаш постои истиот ризик на изневера, но кога истата би се случила, полесно би ја соџвакале емоционално. А емоциите како што знаеме се чкрапалото кај секој човек да прави (не)разумни работи.
Што би те советувал јас, е да го тераш факсот. Ќе биде тешко, можеби ќе се доведуваш и до крајно минималистички сфаќања на моменти, но кога би бирал, подобро сега на 19 кога утре-задутре ќе пројде тоа и ќе ја прележам таа болест на љубовно разочарување него ли утре на 25+ кога прво и биолошкиот часовник би чукал поразлично, второ - мојата егзистенција е веќе на друго ниво и немам слободно време да ги изразам своите чувства и револт, а општо познато е дека потиснати чувства особено оние силните имаат погубно својство.
Лејди Блу убаво пиша во една реченица за тоа дека ни ти знаеш за друг, а ни тој. Тоа е едно од позитивните искуства што овој живот ти ги нуди.