(можеби глупо прашање ама морам ) сум запишана на факултет , но бидејќи морам порано да ја завршам дали е можно на државниве факултети да дозволат на студент да земе повеќе испити од дозволени кредити макар и да е со плајќање или било како? Пак ќе речам можеби глупаво прашање но морам.
Веројатно варираат условите од факултет на факултет, јас лично не сум запознаена со процес кој ќе ти дозволи да завршиш побрзо од предвиденото. Но не велам, можеби има. Ако имаш уште години/предмети што не си ги ни запишала за слушање, тешко дека би можело. И ко што спомна Егзистенс погоре, во случај кога би се дозволило, знам дека за да запишеш над 7 предмети (а дозволуваат 8 максимум
), треба просекот да ти е над 8,5, и e пожелно сите дотогашни испити да ти се исчистени. Обрати се на студентски или пиши до деканат, обично враќаат, тие најубаво би ти кажале.