Студентски прашања

bluebell

Полноправен Член
12 јануари 2022
41
15
8
26
На катедрата по преведување и толкување, праксата во Секретаријатот за Европски Прашања ни беше задолжителна, без оваа пракса не можевме да запишеме дипломски труд. Праксата во оваа институција ни траеше десет дена, секој ден по три часа. Мене на таа пракса ми беше интересно, можев да видам што работат во овој Секретаријат. Дополнителна корист од оваа пракса ми беше тоа што, на крај од праксата, ни дадоа прирачници за преведување на правните акти во Република Македонија и во Европската Унија. Не можевме да одиме на пракса во приватните училишта, не ми беше јасно зошто. Секогаш не известуваа во последен момент кога некое предавање ќе ни го откажеа или поместеа за некој час подоцна. Многу се нервирав поради тоа, ама не можеш да се караш со нив, сепак се професори.
 

Ruze03

Нов член
16 декември 2021
28
12
3
Zdravo kako se nablizuvaat denovite za slikanje za tablo za apsolventi me fakja strav panika anksioznost .Pomos sovet koj moze neka dade
Jas sum treta godina na fax a mojata generavija 4 i sega ke se fotografirat dali ke moze da se slikam so niv i jas bidejki nemozev da fatam uslov za 4 ta i sum treta pak .Trebalo da se kaze i na koj smer a nemam odbereno bidejko smer se bira koga ja zapisuvas 4 ta dali ke mi dozvolat da se slikam a sum 3 ta
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,517
1,183
Big Sur
Zdravo kako se nablizuvaat denovite za slikanje za tablo za apsolventi me fakja strav panika anksioznost .Pomos sovet koj moze neka dade
Jas sum treta godina na fax a mojata generavija 4 i sega ke se fotografirat dali ke moze da se slikam so niv i jas bidejki nemozev da fatam uslov za 4 ta i sum treta pak .Trebalo da se kaze i na koj smer a nemam odbereno bidejko smer se bira koga ja zapisuvas 4 ta dali ke mi dozvolat da se slikam a sum 3 ta
Го спомнавме ова и на претходната страна, нема што да им се грижиш. :)
Буквално никој не се замара која година си и со кого и зошто се сликаш. Комотно можеш секоја година да се сликаш со сите генерации и никој нема да ти рече не дури си плаќаш.
Спомни таму на координаторот или кој и да ја прави листата и немаш гајле, ќе те додадат штом сакаш да си со својата генерација на табло.
А, ако не бива, не е ни страшно една година подоцна да се сликнеш.

Нашето табло не ја ни виде светлината на денот. По ходници стојат апсолвенти од 2008 до кај 2010 што биле, ништо поново. :zelen А тоа па мини-табло т.е. голема слика кајшто се сите групи, врска немам кај ми е по дома, ни па дали воопшто го имам уште. Памтам дека ги земав сликите, ама толку.
Ќе видиш колку за џабе се секираш и како за час ќе ги заборавиш и колегите, студентски, сликањата... :)