Мојот сакан... големо бебе е и тоа ми се допаѓа затоа што се најискрено се радува кога му угодувам и многу ги цени нештата што ги правам за него, дури и оние навидум безначајни ситни нешта.
Мојот сакан е и многу сериозен кога ситуацијата налага да биде таков и со задоволство го слушам кога ме советува и критикува, кога се труди да ме организира, бидејки сум очајна во тој поглед.
Ми се допага се што е на него (физички), не затоа што сакам зелени очи, бујна коса и мека кожа со занесен мирис... туку затоа што се кај него е така идеално споено со неговата кревка и кристално чиста внатрешност.
Насмевката му е неодолива, никогаш порано не бев видела некој кој толку искрено знае да се смее, да се радува, да ужива во убавите нешта.
Едноставен е и не бара премногу, а кога дава не е скромен.
Има и нешто мрачно во себе кое не го познавам многу, но таа негова мистериозна страна ми е многу привлечна и никогаш не би сакала да ја променам.
Најубаво гушка. Најубаво бакнува. Неверојатно добар љубовник е.
Има чудна смисла за хумор, но секогаш успева да ме насмее дури и кога тоа ми се чини невозможно.
Ми го разубавува секој ден
. Ми ја исполнува секоја ноќ...
Ти благодарам мило што постоиш и пресреќна сум што си до мене.