Вештачко црна коса(природно костенлива), интересни светли кафеави очиња, полнички уснички, прекрасни обравчиња. Висока околу 163 цм, прекрасно деколте, и малку вон димензија задник(во моја корист). За килажата не можам да кажам, затоа што секогаш варира. Зависи од годишното време, и зависни дали е бремена или не
Внатрешни особини... прекрасна личност, со свои интересни маани.
Знае да биде инаетлива, некогаш знае да биде и попуслива. Романтична личност (на свој начин). На моменти нежна, а на моменти груба(тоа зависи од мојата поставеност).
Добар слушател, и прекрасен соговорник. Посветен пријател.
Палава...насмеана.
Кога е лута, молчи. Кога е тажна, молчи. Кога плаче, молчи.
Потребен и е нејзин простор, и тоа е конкретно откако ќе се разбуди до 12 часот. Тоа е времето кое го посветува на себе. Весници, вести, филмчиња, маникир педикир, чупање веѓи...
Сака да биде средена, и секогаш се жали за нејзината облека. На почетокот ме нервираше сега ми е смешно.
„Ова не ми стои“, „Ова многу ми се скуси со перење“, „Види, тука не е убаво кроено“... и се’ со ред
Се’ на се’...одлична личност.