Да не ви влегла вода во глава,па сте се поплавиле во умот?
Ако секој е грешник, тогаш воопшто не постои ни потреба да се повикуваме на религијата.
Самото тоа што овде станува збор за врска без емоции т.е. само секс, е веќе контрадикторно со тоа што е пишано во Библијата
(ако веќе збориме и од верски аспект, што не е опходно, бар на темава), а нели, тоа е сексуална апстиненција сѐ до брак. Но да не забегуваме натака, не е тоа темава.
Подзамашен вовед и малку несоодветен со насловот, но претпоставувам се работи за влегување во врска каде едниот е пример заљубен, а на другиов само му одговара добриот секс, па го користи тоа дури може...што е крајно нефер и бесмислено кога со некого може да се имаат и двете, или крајно да се договори само чук-чук-чао без никакви обврски, а подоцна и скршени срца.
Што знам, не верувам дека би дошла до толкав праг на очај во некого само да гледам вреќа за празнење нагони, посебно не ако истиот после тоа размислува за цветни ливади каде ни трчкаат дечињата, а јас ги бројам вртењата на ладилникот на таван.