Љубовни проблеми

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сакам да бидам со секој и во секое време, сакам да бидам со тој „еден“ во секое време. Знам дека сум млада и има време за таква врска, но не ми се ужива веќе на тој начин.

И сега ова не дека јас не сум стрплива да ми се случи љубов .... Чувствата се обострани, ама ете има нешто шо мене како и секогаш не ми штима.
Парите да ме завртат ... Хех, жена сум и би сакала да се возам во убава кола итн ... , али ако нема 2 грама мозок ако сака и шеик од Катар нека биде не е вреден за муабет. Боље 2-3 реченици муабет него дијамантски прстен.

А шо е тоа шо не ти штима?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Се плашам да бидам во врска.. Незнам до што е, но дефинитивно до чувствата не е.
Сум била во врска повеќе пати и секогаш истата прикаска.. Јас раскинувам заради икс причини ( а ни самата незнам кои се).
Се е супер на почеток, запознавање ова она, комуникативна сум и се е океј, но јас и кога ми значи личноста ја оттргнувам од себе. Едноставно не можам.
И сега сум на работ да го направам истото..... :(
Колку години имаш? Пред да почнам да ти давам совети, треба да знам во кој период од животот си:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Не сакам да бидам со секој и во секое време, сакам да бидам со тој „еден“ во секое време. Знам дека сум млада и има време за таква врска, но не ми се ужива веќе на тој начин.

И сега ова не дека јас не сум стрплива да ми се случи љубов .... Чувствата се обострани, ама ете има нешто шо мене како и секогаш не ми штима.
Парите да ме завртат ... Хех, жена сум и би сакала да се возам во убава кола итн ... , али ако нема 2 грама мозок ако сака и шеик од Катар нека биде не е вреден за муабет. Боље 2-3 реченици муабет него дијамантски прстен.

Ете ти го одговорот, толку.

Ти мислаш дека сакаш со еден, али по муабетов не е така.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зошто да се плашиш од врска кога веке како кажуваш си била неколку пати!?Љубовна врска се растура ако нема емоции,страст,желба за секс ,и искрено мислам дека брзоплето влегуваш во врска без овие битни фактори за опстанок на една врска.Имав неколку другарки кои беа патолошки случаи т.с.повеке уживаа да ги остават дечковците за да изиграваат некои јаки цуци,да бидат молени,да ги бараат по 100 пати на ден идр .Таму каде има љубов сама ке посакаш да бидеш 24 часа со него.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Butterfly^^
Премногу мислиш дека треба сериозност во врска, но да разгледаме малку подробно.
Прво што за тебе би претставувало љубовна врска? Како се гледаш ти во неа, кои се улогите на тебе во твоите 19 години?
Друго доста битно, кои ти се целите кога се стремиш за да направиш нештото да преиде во врска? Покрај улогата на негова девојка, што е тоа што ти го „жртвуваш“ за да бидеш со него? Ако е тоа твојата целосна препуштеност, пак ќе прашам, колку емоционално се внесуваш а колку извагаш разумно?
Тинејџерската љубов - таа во која си ти, не мора да значи дека мора по стриктни правила да заврши со сериозна врска или па недај боже со брак.
Зошто не дај боже? Општо човекот мора да проба неколку пати пред да стапи во нешто сериозно. Сите оние работи за вистинскиот дека е чиста лотарија, баш и не е точно.
А еве и зошто... Особа А, имала многу партнери во животот, судбината ја натерало да останува разочарана, но пробувала понатаму народски што се вика, да си го најде капачето. Со тоа што менувала партнери, потсвесно и се доизградувала како личност и по одредено време го пронашла „вистинскиот“ и се сталожила.
Особа Б немала многу партнери. Нејзината среќа и` се насмеала и пронашла некој на 18-19 години, кој можеби е вистинскиот. Прво идат сериозно. Е сеа тука има две сценарија зависно од што личност е.
1. Од преголемата заљубеност и загубеност таа се впушта и во брачните води.... Има деца на млада возраст, учена од родителите ги воспитува во тој терк... Но лека полека се буди од тој зимски сон и копча дека фактички и нема направено богзнае што во животот. Почнува разочарувањето дека пребрзо посакала да порасне, незадоволството расте помеѓу неа и мажот и се окончува најчесто со развод.
2. Се буди тро порано од зимскиот сон - сеуште се во врска но не закитена со брак, но таа е несреќна во себе. Уште ако се работи за лабилност, тогаш комплексите настапуваат и прават т.н. Дар-мар на карактерот кој она го имала изградено во претходните години. И сеа одново треба да почне, но бидејќи сериозните врски имаат удрено длабок оттисок во сеќавањата, тој процес на непребол ќе ја прогонува до крајот на животот.

Поука од сево ова е следново:
Најчесто секоја сериозна врска која почнала од рани години (17 - 21) притоа завршила или не со брак, има претензии да повлече многу повеќе болка и сериозни последици на карактерот кај човекот (било маж или жена).
Ако е брак - завршува со развод - баш поради тоа незадоволство на самата личност со себе.
Тинејџерската љубов и онаа која се раѓа кога човекот живее самостојно е сосема различна. Едната е слободна и не зависи од трошоците кои врската ги повлекува бидејќи мама и тато ќе бидат секогаш тука, додека онаа (најчесто по студирањето и наоѓањето на работа) секогаш ќе постои факторот прорачунетост и компромис.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Saladin
Забораваш или намерно ги исклучуваш другите можни опции?
3. Се буди едно утро покрај својот партнер и е задоволна од своите одлуки. Свесна е за се` што испуштила, ама не би го сменила тоа што го има за ништо. Ако е брак, трае. Ако е врска тогаш ќе постане брак. Не дека ќе нема проблеми, ама ќе биде задоволна од изборот кој го направила и од животот кој го има и се` постигнато дотогаш.

4. Не се буди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Saladin
Забораваш или намерно ги исклучуваш другите можни опции?
3. Се буди едно утро покрај својот партнер и е задоволна од своите одлуки. Свесна е за се` што испуштила, ама не би го сменила тоа што го има за ништо. Ако е брак, трае. Ако е врска тогаш ќе постане брак. Не дека ќе нема проблеми, ама ќе биде задоволна од изборот кој го направила и од животот кој го има и се` постигнато дотогаш.

4. Не се буди.
Не, не ги заборавам. Затоа реков „најчесто“.
Опција 3. Свесна што испуштила? Нималку не би ја копкало бар да проба?
Опција 4. Не се буди. Тоа и не е возможно освен ако живее изолиран живот само со сопругот. Некој некогаш ќе ја разбуди.