@Butterfly^^
Премногу мислиш дека треба сериозност во врска, но да разгледаме малку подробно.
Прво што за тебе би претставувало љубовна врска? Како се гледаш ти во неа, кои се улогите на тебе во твоите 19 години?
Друго доста битно, кои ти се целите кога се стремиш за да направиш нештото да преиде во врска? Покрај улогата на негова девојка, што е тоа што ти го „жртвуваш“ за да бидеш со него? Ако е тоа твојата целосна препуштеност, пак ќе прашам, колку емоционално се внесуваш а колку извагаш разумно?
Тинејџерската љубов - таа во која си ти, не мора да значи дека мора по стриктни правила да заврши со сериозна врска или па недај боже со брак.
Зошто не дај боже? Општо човекот мора да проба неколку пати пред да стапи во нешто сериозно. Сите оние работи за вистинскиот дека е чиста лотарија, баш и не е точно.
А еве и зошто... Особа А, имала многу партнери во животот, судбината ја натерало да останува разочарана, но пробувала понатаму народски што се вика, да си го најде капачето. Со тоа што менувала партнери, потсвесно и се доизградувала како личност и по одредено време го пронашла „вистинскиот“ и се сталожила.
Особа Б немала многу партнери. Нејзината среќа и` се насмеала и пронашла некој на 18-19 години, кој можеби е вистинскиот. Прво идат сериозно. Е сеа тука има две сценарија зависно од што личност е.
1. Од преголемата заљубеност и загубеност таа се впушта и во брачните води.... Има деца на млада возраст, учена од родителите ги воспитува во тој терк... Но лека полека се буди од тој зимски сон и копча дека фактички и нема направено богзнае што во животот. Почнува разочарувањето дека пребрзо посакала да порасне, незадоволството расте помеѓу неа и мажот и се окончува најчесто со развод.
2. Се буди тро порано од зимскиот сон - сеуште се во врска но не закитена со брак, но таа е несреќна во себе. Уште ако се работи за лабилност, тогаш комплексите настапуваат и прават т.н. Дар-мар на карактерот кој она го имала изградено во претходните години. И сеа одново треба да почне, но бидејќи сериозните врски имаат удрено длабок оттисок во сеќавањата, тој процес на непребол ќе ја прогонува до крајот на животот.
Поука од сево ова е следново:
Најчесто секоја сериозна врска која почнала од рани години (17 - 21) притоа завршила или не со брак, има претензии да повлече многу повеќе болка и сериозни последици на карактерот кај човекот (било маж или жена).
Ако е брак - завршува со развод - баш поради тоа незадоволство на самата личност со себе.
Тинејџерската љубов и онаа која се раѓа кога човекот живее самостојно е сосема различна. Едната е слободна и не зависи од трошоците кои врската ги повлекува бидејќи мама и тато ќе бидат секогаш тука, додека онаа (најчесто по студирањето и наоѓањето на работа) секогаш ќе постои факторот прорачунетост и компромис.