охооо јас и моите желби како мал... Најпрво сакав да бидам космонаут зашто од 3-4 годинки зјапав по ѕвездите, знаев некои соѕвездија, читкав по некои детски енциклопедии за вселената и небесните тела итн. После сакав да бидам физичар, па сакав да бидам хемичар, математичар, пилот, музичар, фармацевт, програмер...многу долга листа. Сега студирам електро (информатика и компјутерско инженерство) па здравје, после овој факултет правец ПМФ - астрофизика. Свирам гитара, имам добри познавања од хемија, математика, биологија, анатомија, физика, па има време ќе видиме што ќе стане од мене. Засега ни јас незнам, може на крај да завршам како продавач на сладолед.