Порано имав блиска средба со духови, множина да, дека повеќе беа.
Јас секое лето одам на село кај баба ми, и така тогаш како и секое лето се спремаме и одиме, стигнавме вечер и дека беше касно за шетање си легнавме порано, а и сабајлето требаше да ги молзиме кравите и затоа.
И следниот ден останавме до многу касно надвор и веќе 3 саат по полноќ не фати и си викаме ај пешки ќе одиме по скратен пат низ една шума мала и одма ќе стигнеме, и си одиме низ шумата се смееме, и наеднаш пред нас коњ, убав голем коњ. На патот стои и не можеме да поминеме, и ништо викаме враќај се, само што се свртевме слушаме ѕвонче од крава (нели имаат на вратот кравите врзано) и се вртиме гледаме на местото од коњот крава има, тогаш мислам дека трчав толку брзо што до Скопје ќе стигнев за 10 минути.
Доаѓам дома и ништо не им кажав. Следниот ден исто вечер ама овој пат беше околу 10-11 и се враќавме по нормален пат. Ама таму па, треба да се поминат селските гробишта и да се стигне до куќата. И одиме малку побрзо ние, дека страв нели и гледаме од страна човек си седи на една од клупите, сите мислевме дека е дух ама никој не кажуваше туку само брзавме. Кога го поминавме и се свртевме, човекот го немаше и тука пак трчање како никогаш до сега. Дома кога им кажав не ми веруваа, ми викаа ми се причинувало, луд ме правеа.
Толку ми е искуството со духовите. За повеќе следен пат ако одам пак на село, не сум бил 2 години.