Личен дневник

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Ако има некоја награда за нај идиот на годината без сомневање би ја добила јас...
Разочарана сум од самата себе. Сите работи што ми се случија беа заради мојата слепост, наивното поставување на работите, надежта дека ќе се смени нешто...
Смешкајќи се доцна пред да заспијам, си правев милиони филмови за убавата иднина која ме очекува. Ми доаѓаа и оние мисли кои ме потсеќаа на убавиот почеток. Создавав една мисла па уште една...се додека не заспијам. Убаво ми беше да размислувам оптимистички на работите, си верував во своите мисли иако знаев дека самата се залажувам.
Половина година на штрек, половина година беспрекорно глупава ситуација и исти такви моменти. Понекогаш сосила си ја барав гордоста и храброста да ги решам сите изгубени денови. Но зошто ли неможев порано?
И само чекав да пукне се' .
Јас бев онаа која секогаш го даваше оној совет да се слуша срцето, но овојпат го послушав разумот. Почувствував олеснување, и тоа огромно. Почувствував дека сега е време да си ги продолжам филмовите, но во друга насока. Во една по реална.
Време е за нов почеток? Едвај чекам!
Чудно чувство е навиката, по малку и нервира. Полека почнувам да ги гледам работите со други очи. Сфатив многу работи за кои сум била во заблуда. Личноста за која најмногу мислев дека ја познавам јас воопшто не ја знам. Жал ми е што никогаш не го сфати животот сериозно, и онаа лекција што понекогаш сите сме ја искусиле, дека она што брзо ќе го добиеш брзо го губиш. Не е се' во материјалните ствари, всушност ништо нема во тоа...
Не сакам да знам како ќе заврши таа приказна, искрено не сакам. Не сакам да знам ништо поврзано со минатото, спомените ги потиснувам некаде внатре во мене и убаво ми е. Единствено посакувам никогаш повеќе да не слушнам ништо за тоа...
Кога го размислувам сето ова ми доаѓа и една убава мисла која ми ја враќа насмевката, оптимизмот, позитивноста...
Убаво е кога знаеш дека новиот почеток го испишуваш со личност која заслужила.
Се наоѓам во една ситуација каде понекогаш се прашувам дали сето ова е вистина, дали се случи многу брзо или јас живеам во бавно темпо, дали во секое лошо има добрина, дали неочекуваните работи ги сакам повеќе од се' во моментов, дали се појави во најубавиот момент кога најмногу ми требаше некој, дали ќе можам да се справам со нови навики...
Но не се плашам. Не сакам да размислувам како ќе заврши ова што го почнав, сакам само да уживам во сегашноста, да се гледам со други очи, со друг покрај мене, со насмевка, ведро лице и крената глава. Сакам да искусам се' што сум пропуштила сите оние години, да доживеам се' што сум сакала а не сум направила, се' што сум грешела да исправам, се' за што мечтаам го сакам со мојот нов почеток.
Сега повторно ќе заспивам смешкајќи се, но овојпат ќе размислувам за една нова патека по која сакам да одам...
 

LaraBubaMara

Полноправен Член
6 февруари 2014
14
30
13
Деновиве самокритичноста ми е на едно завидно ниво...
По некогаш навистина ја претерувам.Не ќе да е на арно!
Ги презирам периодите кога незнам да се релаксирам.Правам глупави анализи за се‘ и сешто,се преукупирам со ситници.
Можам слободно да кажам дека им завидувам на оние кои го живеат животот од денес за утре.Ама стварно најозбилно!
Лоша работа,лоша!Не правам никаков покрет,се вртам во круг,море што зборам тапкам во една точка како будала. А најлошо е што сум свесна за се’,а ништо не преземам да го променам.
Сепак ова е само период...се надевам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Драго дневниче...
Понекогаш и се лутам на мајка ми што цел живот ме учеше како да зборувам за моите чувства. Како да најдам соодветен збор за да го кажам сето она што го имам на душа, да го раскажувам и објаснувам сето тоа така испланирано како за во списание со суштинско насочување кон тоа што јас го чувствувам... како што сакам... колку сакам... кога сакам!
И еве ме сега, откако пораснав, се чувствувам осамен кога се најдувам во ваков свет опкружен со „тупајци“ на кои што му кажуваш, си ја отвараш душата од нешто што ти тежело цел ден, мислиш ќе препукниш ако не зборниш И само добиваш едно „ ами тоа е... шо да се прај“... и штама!

За така не морав ни да ти зборувам. Се чувствувам уште поглупаво тогаш... Што да речам не знам. Дали ти не се интересираш за тоа што ти го зборувам или си толку глупав што нема мерна единица за да кажам колку многу? И што е нај трагично, тоа е случај со сите што ги знам. Никој не знае да зборува за сето тоа што го прошол денеска, вчера или безразлика. Што сте бре вие, зомби? Така само преживувате? Стока? Што сте па што немате чувства и не сакате/знаете да зборувате за тоа што ви го прави животот ваков или таков?

Ух... стрешно се иритирам, а тоа никогаш не завршува добро...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ајде... идиоте, ти што си го бараш со боринче, бескрупулозен створу, ајде.... баш сега имаш инспирација да пишеш нешто.
Си нанесуваш болка по не знам кој пат, знаеш дека си во некој е**н меѓупростор, ги држиш сите карти во раката, а се плашиш да фрлиш една.
Кукавицо една. Толку пропуштени шанси, толку загубени херц минути. Цела ебана вечност помина барајќи и барајќи но негледајќи наоколу. Што ти е? Зошто си толку мрачен, толку загубен, бескрупулозен кон себе? Зборни, кажи дека си способен макар за првиот чекор. Не биди црна овца, прај што е потребно да се тргнеш од ова константно сивило.
А толку е лесно, си викаш во себе. Па и на другите. Ама ајде ела да те видам. Зошто упорно избегнуваш да скокнеш малку повеќе од зоната на комфорот? Зошто стоиш отстрана и посматраш? И најмалку во себе веруваш? Ајде скоту.... уште колку ќе чекаш? Уште колку е потребно да го плаќаш данокот во време? Акни си ја главата, ти згаснат факелу. Блесни веќе еднаш. Заслепи барем нечија душа, покажи и` го патот.

„Здраво, ми се допаѓаш“.

*искрена насмевка.
 

Anushka

Полноправен Член
6 декември 2013
15
52
13
И мислиш дека денот би ја имал светлоста
а ноќта би тонела во убавина ако нема дел од мене во тебе
и дел од тебе разлеан низ мене
Мислиш ли дека светот ќе биде ист
ако ти не си бура а јас брод на пристаниште
....и ти ме тераш да пловам
Како стари едра да ја раширам душва
како бран да ме удира и да ме тера да живеам
Мислиш ли дека сите стравови ќе беа само насмевки
и сите насмевки ќе беа нормални
ако ме прегрнеш онака како да е засекогаш
....сакам да ти го осетам срцето,кога ме држиш до себе
во некое глуво доба,баш без обврски и исчекувања
во некое невозможно "понекогаш"
Мислиш ли дека ноќта ја создале љубовниците
да шепотат тајни што денот не ги слуша ??
како сенки на ѕид да се преплетуваат еден во друг
мислиш ли дека во тишина зборат
како оган и вода во една душа
Не....не си ти од оние што љубат
не знаеш како може да боли
се смееш ,ах...колку те сакам кога се смееш
а знаеш ли за малку од тебе срцево колку моли
Лесно е да си камен кога не гледаш низ овие очи
и да знаеш дека вечноста е тука
не..не зборувај лаги дека ќе трае
никогаш нема да кажеш вистина
убивај ме полека,и додека ме љубиш-молчи
Молчи кога ја газиш душава
и кога оставаш пустина во мене
како да сум камен негде покрај пат,како да сум птица без свој лет
молчи кога ме оставаш да плачам
подаруваш нежности во измислен свет
Во тишина тонам...како да ме нема
како воздух да губам и премногу боли
и се се руши и рани ми гориш
ах.....се појавуваш како привидение
ме убиваш полека кога со утрото си одиш.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Y1K991

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Драго дневниче..
Здраво :wavespin ти немам пишано одамна...не ми замарај....ок сум....ок сум како никогаш досега. Имав фрки и стресови во последно време, но се расчистија...некако. Само сакав да ти кажам дека се чувствувам некако другачије...не знам...она чувство кое не знам ни кога сум го имала последен пат. Најверојатно едно нешто ми отвори очи и за многу работи кои сум требала да ги средам уште одааамна....најверојатно - тоа чувство :zelen

....до следно пишување (hug)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Еее п***р.....
За*бано е. Ја е*ав работата. Нешто чудно се случува внатре во мене.... Почнувам да крахирам....А рано е.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Има работи кои отсекогаш си ги знаел, си ги прифатил и си живеел со мисла дека така треба да биде, сите живеат со тоа, го преживуваат, одат понатаму, па и забораваат.
Мислиш дека си силен се додека животот не те стави на проба. Тогаш гледаш дека воопшто не си ни бил спремен, ни јак колку што си замислувал.
И гледаш наоколу, има и полошо. И се прашуваш: зошто мене повеќе ме боли од другите?
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Ако кажам тажна сум - само си го измачувам срцево и му ставам сол на рана, ако кажам ме боли - не сакам да се потсетувам колку е сурова реалноста, ако кажам бесна сум - знам дека некому му е поболно од мене и пати...
Сакам само да кажам дека сум среќна, исполнета, своја..Сакам да ги прифаќам само оние убави чувства кои ме исполнуваат, другото не е ни важно кога го имам најважното - имам љубов.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак јас, со моите несоници.
Не знам повеќе што да правам со ногата. Се будам со болка, цел ден минувам со болка, си легнувам со болка. Претежно е болка со која може да се справам... ама некогаш едноставно ми доаѓа да си ја откорнам ногата. Уште немам бели влакна на косата па веројатно уште долго ќе издржам вака, ама несоницава е проглемот. Ај некогаш ноќ-две се издржува некако без сон, ама некогаш останувам и по 4 дена буден. Напорно е, болно е. Памтам времиња кога painkiller-и ми помагаа, ибупрофен ми помагаше (некогаш и дози над препорачаното, ама се постигнуваше ефект), обична масажа успеваше да ми ја намали болката. Сега се осеќам ко само морфиум, оксикодон, хидрокодон или метадон да би ми завршиле работа. Среќа што не ги даваат без рецепт и контроли од лекари. И така. Утре ќе пробам со рапидол-с + ибупрофен + аналгин... којзнае:svirka


На аптека Зегин му/ѝ се допаѓа ова.