Вистинскиот маж никогаш не удира жена
На ова искрено не знам како да одговорам. Секогаш кажувам дека вистинскиот маж е оној кој и обрнува внимание на жената, оној на кого таа му е на прво место, ја сака безусловно и не може ни миг без нејзе, а од друга страна кога ќе го најдам овој тип на вистински маж не можам да функционирам со него. Ми смета премногу внимание, посебно во друштво или на маса, ми смета константно согласување со мене и тогаш кога претерувам и
не сум во право. Тогаш сакам некој порезервиран, а кога ќе
го најдам таквиот копнеам да ми обрне повеќе внимание...
Кој да ме сфати...
Сепак би рекла некој кој не ги преминува границите. Оној кој во кревет ќе ти биде љубовник, надвор пријател, на работа колега...
Или можеби некој со кого ќе ти биде сеедно каде си, каков е, како се понаша и каков треба да биде се док год е со тебе.
Прав муж бре, да ти удри шамар, па да ти ја земе платата, ама да ти остави 10% за да му купиш пиво.
Само кога е неисполнет, човек крои тези за некои совршени појави, во пракса правиме компромис со мааните, а се придржуваме до доблестите.
Со актуелизација на филмовине од типот на Скарфејс и Ране, замав зеде некоја генерација мужјаци што се поистоветуваат со главните ликови, и чинам тие се и највиновни за полемиките што настануваат околу тоа што е вистински маж. Сите се вистински, опипливи суштества со свои карактеристики.
Постојат толку групи и подргупи, што до утре може да пишувам какви жени со какви мажи се привлекуваат и обратно.
This isn't even my final form.
Од поодамна трае таа полемика, една стара жена еднаш слушнав како изјави дека маж без влакна во ушите - не бил маж...
доминира=мажиште/попушта=папучар?
Дали јаде стакло и поправа низ дома, дали не знае да држи штрафцигер, но затоа знае работи од интелектуална страна кои воодешуваваат навистина не ми менува. Дали сака да го слуша Моцарт или Џастин Тимберлејк исто.
Вистински маж е оној што ќе направи да се почувствувам како вистинска жена. Оној со кој сакам да ги врвам деновите. Оној кој овозможил сите разлики во карактер и сфаќања да паднат да не ја спречуваат врската. А физичко-карактерната компонента е сосем релативна работа.