Што е за жените вистински маж?

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Инспириран од темата `Значењето на жената` а во духот на половата рамноправност и политичката коректност отварам тема наменета за понежниот пол (генерално) и за нивната перцепција за тоа што е вистински маж.
Секако дека тоа зависи од жена до жена, од место до место, возраст... па така има драстични разлики во перцепцијата - од некои кои тврдат дека прав маж е оној кој јаде стакло, кине електрични кабли со заби, знае и да удри ако треба, прави добро вино и ждере сланина со леб и ракија - се до оние кои тврдат дека прав маж е интелектуалец со фини манири, секогаш носи марамчиња и упаљач во џебот, ако не за себе - да и понуди на дама во невоља, образуван, со модерни сфаќања и т.н.

Во поново време под удар на популарната психилогија се појавија разни теории за некакви алфа-мажјаци кои наидуваат на подршка и од женска страна па имаме категоризација на мажи со грчки букви заедно со наводните карактеристики кои тие букви ги дефинираат...
За други е оној кој носи леб на софрата и знае да поправи веш машина за која нема резервни делови уште од времето на Анте Марковиќ...

Дали потребата на многу жени од нечија доминација го условува нивниот став кон мажите, во смисол - доминира=мажиште/попушта=папучар?

Темата не е еднополова како што и темата за жените не е, сигурно и мажите имаат перцепција што е тоа вистински маж. За членот embrace на пример, веројатно тоа е маж кој залапува жени.:pusi
 

Sagan

Полноправен Член
20 јануари 2014
29
54
13
Earth-Mars-Earth
kriminalist.macedonianforum.net
Добар провајдер кој ги задоволува материјалните потребни на семејството.
И кој нема да троши од тие материјални добра за да ги задоволи потребите на други жени.
Нефер работа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Добар провајдер кој ги задоволува материјалните потребни на семејството.
И кој нема да троши од тие материјални добра за да ги задоволи потребите на други жени.
Нефер работа...

ти таков си ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Вистинскиот маж е совршенство што не постои. Доволно е само да знае како да се однесува спрема жена, да има почит, разбирање и да биде бар за нешто талентиран, а тоа да не е лажење, крадење, изневерување и така натака.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Вистинскиот маж никогаш не удира жена :zelen

На ова искрено не знам како да одговорам. Секогаш кажувам дека вистинскиот маж е оној кој и обрнува внимание на жената, оној на кого таа му е на прво место, ја сака безусловно и не може ни миг без нејзе, а од друга страна кога ќе го најдам овој тип на вистински маж не можам да функционирам со него. Ми смета премногу внимание, посебно во друштво или на маса, ми смета константно согласување со мене и тогаш кога претерувам и
не сум во право. Тогаш сакам некој порезервиран, а кога ќе
го најдам таквиот копнеам да ми обрне повеќе внимание...
Кој да ме сфати...

Сепак би рекла некој кој не ги преминува границите. Оној кој во кревет ќе ти биде љубовник, надвор пријател, на работа колега...

Или можеби некој со кого ќе ти биде сеедно каде си, каков е, како се понаша и каков треба да биде се док год е со тебе.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Хм, вистински маж...постои ??!
Не сум го сретнала досега :)

Зависи која како гледа на тоа и зависи какви потреби има...
На некоја спонзоруша и е битно да има дебела сметка на банка, на некоја “лигла“ и е битно тој да клима со главата и да ја повела секогаш, на некоја и е битно тој да е само добар татко итн.
Јас лично не верувам во вистински маж или вистинска жена...туку во партнер кој ти е компатибилен или не...
Сакам маж кој има трпение, кој ја користи главата, разумен, помалку резервиран и воздржан (не сакам мажи стрини кои се мешаат во се и кои знаат се), човек кој знае да си го исполни времето и да си го организира денот, близок пријател, добар татко, страсен љубовник, човек кој има сенс и знае кога треба да е нежен, кога строг, кога треба да се шали...едноставно човек кој ќе успее да ме прочита и да знае што би сакала во одреден момент, да ми биде подршка секогаш и за се’, човек со кој ќе делам слични интереси за рекреација (планинарење, книги, играње табла и сл.), да ми биде привлечен (не совршен и излезен од списание, ама да ме привлекува мене )...
Ете тоа би биле карактеристиките за мојот вистински маж...а мојот дома ги нема сите овие ама за среќа има голем дел од нив :)
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Од 5 милијарди народ, сигурно постои некој кој за вас е вистински маж!
Во што е финтата... Треба да биде тоа што сакаш да биде! Сликата кажува...
1458703_10200241707645903_1812128387_n.jpg



А кога ние ќе речеме „ Другар ми Тале е мажиште!“
Што за нас мажите претставува маж? Лепењето девојки не е мерило.. и на најголемото фефе можат да му се закачат 300 девојки што го свиѓаат!
И парите не се проблем - можеш да ги наследиш и пак да бидеш глупсон.
но...
Колку поени дава тоа што е посилен во однос на другите?
Колку поени дава тоа што е поголем од другите?
Колку поени дава што е поодлучен од другите?
поприлагодлив на лоши услови? Тоа го прај маж!
ценет меѓу луѓето како квалитетна личност и добар пријател...?
без пороци? Главните...
стабилен неподложен на паника?
пожртвуван за семејството?
„дрзок“ ако го повредиш?
Да има крајни граници во своето поставување?

И за крај сакам да прашам... Многу поситни луѓе од кои не очекуваш таква постапка имаат храброст и сила да се спротистават на некого, да се скараат па дури и да се степаат со луѓе што се многу поголеми и посилни од нив, а физички поголемите помалку се одлучуваат на таков чекор и кога се караат се поставуваат со резерва! Исто таквите луѓе први заминуваат во воени конфликти, додека тие со широки рамена се кријат дома и јадат живи компири за да избегнат... Што е тоа што му пресудува?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Прав муж бре, да ти удри шамар, па да ти ја земе платата, ама да ти остави 10% за да му купиш пиво. (muscle)

Само кога е неисполнет, човек крои тези за некои совршени појави, во пракса правиме компромис со мааните, а се придржуваме до доблестите.
Со актуелизација на филмовине од типот на Скарфејс и Ране, замав зеде некоја генерација мужјаци што се поистоветуваат со главните ликови, и чинам тие се и највиновни за полемиките што настануваат околу тоа што е вистински маж. Сите се вистински, опипливи суштества со свои карактеристики.
Постојат толку групи и подргупи, што до утре може да пишувам какви жени со какви мажи се привлекуваат и обратно.

Мене само никогаш нема да ми станат јасни оние жени т.е. девојчиња на кои уште оревчињата не им пораснале, а веќе сонуваат за некаков си маж, најчесто лигушот што побегнал од часови со другарите, па седнал да дреме пред зграда и врти финти од '93та, а навечер е ќор од едно пиво и се сељачи со „закачливи досетки“ по соседите. Тоа ми е една критична, помасовна група сељаци кои неретко прераснуваат во HELL NO групата мажи по кои доста девојки сонуваат поради неисполнетост и зашто турскине серии ги испрале да мислат дека Саваш е совршенство. Бљувотини што патат од комплекс да бидат богати мафијаши што ќе заработуваат без трошка образование и никаков труд, да ги сметаат за познати тепачи и да имаат репутација на челични муда низ град. Типови што најчесто завршуваат со спонзоруши со кои подоцна си ваѓаат очи или со патријархално воспитани, неискусни цури кои мислат дека подобро во животот нема и дека еден (вистински) маж се однесува отсечно и некултурно. Сосема несфатливо, ама ете...
И нерелевантно, ама општо превртувам очи на мажи и жени што од уста не ја ваѓаат мама и нејзината супериорност и улога во нивниот живот и одлуки.

Кај било кој друг што не припаѓа на погорната група, можам да најдам карактеристики што според мене го прават маж во некоја моја смисла на зборот.
Океј, освен кај оние што се лигават по телефон цел саат, секој саат и ти го полнат Фејсбукот со „романтики“ за да види народот колку се сакате. Тие ми се уште дечишта во мозокот. Сакам простор за дишење, сакам и тој да дише. Секаде си е потребно време и за себе.
Убаво е пишано погоре, најдобро е да не отсликува нас во некоја посилна варијанта и со некоја своја посебност.
Кај мене, неговата „вистинитост“ првенствено се сведува на почит, приземност и откачена смисла за хумор, полна со закачки. Не можам да се замислам до дрво кое мора да го скокотнеш или да му нагласиш дека е шала и кое се смее на вицевите од Жаре Бербер, ниту пак до некој апла отмен господин што ќе спие во одело и со покер фејс ќе ми рецитира сонети за добра ноќ.

This isn't even my final form. (shake)