Рандом факти за мене

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
- Многу мразам чадори
- Благо сакам толку многу колку што мразам чадори
- Ме фаќа мрза од време на време и ме држи долго
- Пола живот ми е поминат во гледање филмови и серии
- Сакам едноставност
- Сакам спонтаност
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara, Mameha and Aleksis

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Признавам дека гу тражи тему "признавам" ама не гу најде, можда и нема такфа тема, или има.. ? а?

Е ск рандом факти
Ја сам стопроцентан локал патриота
Пцују судие како ненормалан
Фалу си га град и мноо си га сакам, сложни смо нема што
Пљукна га судија задњу утакмицу не заради грешке у судење, него затој што сакаше да гу продужи утакмицу а на трибине легаше дечко у несфес и незнасмо дали е жиф или мртаф, колко нехуман потеф од његову страну, епа оди да ги се курчиш на куманофци, ОДИ !
Јоште седу сс другари пред зграду, на клупу што сами си гу напраисмо, јоште шетамо и скитамо у ниедно време и на минус десет.
Еве ичера бш се смеесмо, викам ги ја ај да прошетамо до бензинску да купимо ништо : )))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and Butterfly^^

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот има огромна плишана мечка што му е поклон од неговите за неговиот 18ти роденден и почетокот на кариерата!?
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот има кренато цел фичовски мотор в раце!?
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот во просечен работно-студентски ден минува најмалку по 150 километри!?
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот најмногу сака чај од мајчина душица!?
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот е нема преспано преку ден едни добри 10 години
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот + 4ца другари имаат кренато цело фиќо в раце за да го извадат од калта.
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот ужива во откривање нови мириси
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот поминува барем 6-8 саати секој ден со девојката
Дали сте знаеле дека Сале Зајакот мисли дека заличуваме на животинско царство... над него пишало магаре, па пеперутка, па некој лав... итн... :rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ме потсетивте на темава, па ај дури не сум легнала да додадам уште нешто...
- Течно зборувам (и пишувам де) англиски и француски, одлично ги владеам и рускиот и шпанскиот, а сум учела и знам и германски да се снајдам колку да преживеам. Балканскиве јазици ги знам, но не ги сметам за странски.
- Освен македонско, имам и хрватско и егејско потекло.
- Менувам боја на коса најмалку три пати годишно, но секогаш се враќам на црвената. Плава не сакам.
- Заспивам гледајќи цртани на Бумеранг. :sram
- Пред некое време сфатив дека сосема сум си го промашила факултетот и дека воопшто не се пронаоѓам во професијата што оди со него.
- Мразам кафани и дискотеки натрупани со пијани фаци желни за лигавење и малограѓански муабети. Преферирам одбрано друштво и мирна атмосфера.
- Гмечам на психолошка база т.е. кога сум под стрес или кога ми е досадно.
- Сакам да ги имам супер моќите на Мистик и Феникс!
- Тежок перфекционист сум со доза на OCD.
- Во склоп на тоа, чисто ко пример - неколку пати го редактирав мислењево дури секој збор не го дотерав по ќеф и најмногу мразам и ме иритира кога има само збор-два-три во нов ред, па секогаш бришам или додавам зборови за да не е така.

Е сега, мојата темна страна, онаа за која е срамота да се зборува поради етикетирањата и зачудените фаци на безгрешните, нали...
Не е за осетливи и душебрижници. (wasntme)

- Екстремно сум компетитивна за нештата кои ме интересираат и елиминирам конкуренција штом ја намирисам.
- Ги анализирам луѓето околу мене (не сите, најчесто оние што секаде ги има т.е. од петни жили сакаат да се истакнат) и ќе излажам ако кажам дека немам пониско мислење за оние што не ми ги исполнуваат критериумите (фрлете камења, јбг).
- Под „критериуми“ не мислам на физички изглед или материјални добра, туку памет...да речеме, спротивно од Мајка Терезите за кои наводно сите сме еднакви и „идиот/глуп/сељак“ се :eek зборови (иако во себе ги помислуваат), за мене постојат глупави и паметни луѓе, како и сељаци и луѓе со манири и не ми е срам да ги посочам ко такви, нит ми е страв дека мене некој ќе ме смести во некоја од тие групи.
- Според погорното, почитувам, но одредувам на која дистанца да се држам од одредени луѓе.
- Знам да претерам со сарказам, но најчесто го користам кога некој ми се прави мутав, а всушност има задни намери.
- Одлично можам да проценам кога некој (ме) лаже, па таа „дарба“ ја користам да им одам на луѓето на нерви со прашања „одоколу“ дури не се заглават и почнат да покажуваат бес и сомнеж дека знам, но никогаш не потврдувам, туку оставам да видам дали ќе се осмелат пак да лажат. Тоа го правам бидејќи искреноста ме чинела скапо, па сакам да ја добијам исто ко што ја давам. А и сакам збунети фаци и тој мал момент на „победа“, да не се лажеме. Но, ова само за оние што ми се поблиски т.е. на кои сум ја дала довербата, за други мува не ме лази.
И покрај погорниве, нели, лоши и неморални работи, осетлива сум, од срце помагам колку можам и рака во оган ставам за оние што заслужиле.
Може второво во самоанализа требаше...него ај. :D
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
И тоа не е се...
-Зајко никогаш нема излезено надвор од Македонија(flower)
-Тоа е зајак што ужива да се вози со колата
-Од страна на кола прифаќа само класика (1965-1990)
-Да му запнат една цела цистерна со гориво за кола, цела ќе ја потроши и малку ќе му биде...:showoff
-Зајакот е настинат веќе месец дена и никако не можи да оздрави... again and again and again...(puke)
-Зајко кукурајко НЕ САКА СПОРТОВИ!
-зајакот многу лесно се приврзува за обични материјални ствари и разделбите му паѓаат тешко (кола, мобилен, намештај... и сл..)

Ма Сале Зајакот е супер зајак...

6b64a8f0-c39d-476c-b6da-a7a707fb2663
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ме потсетивте на темава, па ај дури не сум легнала да додадам уште нешто...
- Течно зборувам (и пишувам де) англиски и француски, одлично ги владеам и рускиот и шпанскиот, а сум учела и знам и германски да се снајдам колку да преживеам. Балканскиве јазици ги знам, но не ги сметам за странски.
- Освен македонско, имам и хрватско и егејско потекло.
- Менувам боја на коса најмалку три пати годишно, но секогаш се враќам на црвената. Плава не сакам.
- Заспивам гледајќи цртани на Бумеранг. :sram
- Пред некое време сфатив дека сосема сум си го промашила факултетот и дека воопшто не се пронаоѓам во професијата што оди со него.
- Мразам кафани и дискотеки натрупани со пијани фаци желни за лигавење и малограѓански муабети. Преферирам одбрано друштво и мирна атмосфера.
- Гмечам на психолошка база т.е. кога сум под стрес или кога ми е досадно.
- Сакам да ги имам супер моќите на Мистик и Феникс!
- Тежок перфекционист сум со доза на OCD.
- Во склоп на тоа, чисто ко пример - неколку пати го редактирав мислењево дури секој збор не го дотерав по ќеф и најмногу мразам и ме иритира кога има само збор-два-три во нов ред, па секогаш бришам или додавам зборови за да не е така.

Е сега, мојата темна страна, онаа за која е срамота да се зборува поради етикетирањата и зачудените фаци на безгрешните, нали...
Не е за осетливи и душебрижници. (wasntme)

- Екстремно сум компетитивна за нештата кои ме интересираат и елиминирам конкуренција штом ја намирисам.
- Ги анализирам луѓето околу мене (не сите, најчесто оние што секаде ги има т.е. од петни жили сакаат да се истакнат) и ќе излажам ако кажам дека немам пониско мислење за оние што не ми ги исполнуваат критериумите (фрлете камења, јбг).
- Под „критериуми“ не мислам на физички изглед или материјални добра, туку памет...да речеме, спротивно од Мајка Терезите за кои наводно сите сме еднакви и „идиот/глуп/сељак“ се :eek зборови (иако во себе ги помислуваат), за мене постојат глупави и паметни луѓе, како и сељаци и луѓе со манири и не ми е срам да ги посочам ко такви, нит ми е страв дека мене некој ќе ме смести во некоја од тие групи.
- Според погорното, почитувам, но одредувам на која дистанца да се држам од одредени луѓе.
- Знам да претерам со сарказам, но најчесто го користам кога некој ми се прави мутав, а всушност има задни намери.
- Одлично можам да проценам кога некој (ме) лаже, па таа „дарба“ ја користам да им одам на луѓето на нерви со прашања „одоколу“ дури не се заглават и почнат да покажуваат бес и сомнеж дека знам, но никогаш не потврдувам, туку оставам да видам дали ќе се осмелат пак да лажат. Тоа го правам бидејќи искреноста ме чинела скапо, па сакам да ја добијам исто ко што ја давам. А и сакам збунети фаци и тој мал момент на „победа“, да не се лажеме. Но, ова само за оние што ми се поблиски т.е. на кои сум ја дала довербата, за други мува не ме лази.
И покрај погорниве, нели, лоши и неморални работи, осетлива сум, од срце помагам колку можам и рака во оган ставам за оние што заслужиле.
Може второво во самоанализа требаше...него ај. :D
Болдот - check.
Подвлеченото - double check.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Не јадам паштети
Како мал украдов 3 кила банани од маалската продавница, цело маало мајмуни станавме. Од тогаш наваму ништо не сум украл.
Mислам дека видов НЛО лани летото. Многу чудно беше.
Многу ја сакам песната заборави од Бело Дугме, иако не слушам ништо балканско.
Ептен сакам да лижам.Ептен.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Не сакам работи кои ќе ми го одморат мозокот , сакам работи кои ќе ми го стимулираат и ќе ме држат во тек со работите.
Ме бива за работата што ја работам , иако не ја сакам многу.
Сакам прошетки и рок свирки , и играње кошарка у 12 нокеска на игралиште.
Сакам тетоважи и луѓе кои ги имаат и знаат да кажат што значи и која приказна ја носат со нив. Тетовирањето е неверојатно чувство е и дел од мене што го обожавам.
Мразам девојки со фејк бич муд.
Иако ја знам вистината за некои работи, чекам другите да се издадат , го сметам моментот како мои5 мин на нивно збунето лице и моја иронична насмевка.
Премногу заштитнички сум настроена кон луѓе кои ми значат, што дури некогаш се плашам од тоа што се можам да сторам за друг.
Обожавам сонце и кафе на тараса, незаменливи 30мин посветени само на себе.
Кажувам тоа што ми лежи на срце , лоша мана што неможам да ги чувам работите во мене и дур не го кажам и не се објаснам себеси како се чувствувам не се намирувам.
Мн јадам месо , пробав да сум вегетаријанец ама неможам.
Крводалител сум .
Обожавам кучиња.
 

Violet

Полноправен Член
2 март 2014
32
40
18
40
рајска градина
Се исчитав, доста интересно хех
Нешто за мене-Уште малку ке наполнам 30 и почнувам да се плашам дека стареам
Имам 3 годишно синче кое е мојата најголема радост
Сопругот ми е една година помал од мене :sram
Обожавам мали дечиња и животинчиња ама несакам влекачи
Срамежлива сум ама брзо се опуштам
Пола алишта дома ми се виолетови па така и имево :D
Како мала паднав и скршив рака кога ме побрка комшијата што му украдив сливи
Ретко имам време за себе или за форуми и криво ми е за тоа
Многу уживам да пијам детска цедевита со синчето :D:D
Носам чевли 40 и тешко е да најдам број или модел а да не личе на чамец