Причините зошто младите „капацитети" ја напуштаат Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Ако не најдеш работа таму кај што си заминал нормално дека нема да е сјајно:eek
Но ако најдеш, секако ќе живееш многу подобро отколку во Македонија (барем финансиски), но никогаш нема да се чувствуваш како дома и ќе бидеш години наназад во споредба со жителите на таа држава, барем првите години секако ќе си изгубен германец, а ако не си многу снаодлив така ќе бидеш бааѓи долго време.
Никој нема да ти понуди директорско столче, тие столчиња не се резервирани за луѓе од страна.
Посебно ако немаш диплома или имаш ама таков кадар не им е во дефицит, тогаш спреми се работа каква во Македонија не би се нафатил да работиш оти си имаш куќичка од тато, пензија од мама, па не си луд да работиш све и свашта.
Тука ќе работиш, ќе ти биде платено, и од една страна ќе чувствуваш благодарност што си во можност да заработиш за еден фин живот, од друга што се чувствуваш како гостин кој едвај чека да си оди дома да испружи нозе на своја фотеља, а знаеш дека тоа нема да се случи.
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Земете пример од Софија Теодор, наша режисерка што работи надвор од Македонија, бидејки кај нас нема кај да се вработи а е режисер, и да не им се проектите надвор од Македонија, ке нема со што да живее, така изјави самата.
Многу сме жални.
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Од мојата фамилија 3 члена со завршен факултет и тоа во време кога немаше приватни факултетчиња со еврички или тогашни марки да се поткупат дипломите ... И што прават ? Бараа , бараа работа во Македонија и не најдоа и што да седат и по цел ден да ја гледат урамената диплома само и само за да останат во Македонија и да бидат патриоти ... Абе даај , си спакуваа куферите и у бели свет , рмбаат може , ама и ги плаќаат е јас учена од нив директно си дојдов на факултет далеку од МК па се надевам дека нема со години да седам и да чекам ВМРО да ме или да НЕ ме вработи :)) а за Македонија , секогаш во срце , ништо против неа , али мн против системот и луѓето кои ја водат :)
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Мојата генерација која отиде во странство пред 10-15 години, никој не се врати и сите нормално и убаво живеат. Имам пријатели кои велат дека последните неколку години и во странство се чувствува криза , но таа криза не може да се спореди со кризата што ние ја чувствуваме. Сите имаат куќи и коли, спечалено за мирна старост и за школување на децата и тоа со чесна работа.
Овде и тие што работат мизеруваат, а да не говорам за тие што немаат работа.Вреди младите да се обидат да си ги развијат своите потенцијали надвор, овде не им бега, ако не успеат нашава сиромаштија ги чека. Но надвор трудот,упорноста и добрите карактерни особини на човекот се ценат, а овде се потценуваат и бодат во очи.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Очигледна е причината...
Во Македонијава иднина нема...ниту плата нема. Владее длабока политичко-економска криза. Власта и опзицијата се само идиоти....
Никакви шанси за напредок нема овде...Си завршил факултет и ќе р'мбаш овде за 300 евра...А бе, да!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Причини има премногу, до таа мера е дојдено што прашањето на темава е застарено. Мраќедонија веќе спаѓа во земји за кои се прашува - зошто воопшто некој би останал тука. :kafe

Нема да очекувам, туку ќе работам да го заслужам истото. Штета што се потценуваат нашите универзитети. Плус, учењето нема допирна точка со праксата.

Како да не се потценуваат кога продуцираат раја која тврди дека учењето немало врска со праксата? Anyone home?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Причини има премногу, до таа мера е дојдено што прашањето на темава е застарено. Мраќедонија веќе спаѓа во земји за кои се прашува - зошто воопшто некој би останал тука. :kafe



Како да не се потценуваат кога продуцираат раја која тврди дека учењето немало врска со праксата? Anyone home?

Си бил на пракса некогаш?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Затоа што го тврдиш спротивното од Џаки...


Тврди дека биле потценети овдешните факсови. Понатаму дека учењето немало врска со праксата.
Колку што разбрав тврди дека факсовите се ок и дека праксата е небитна. Освен ако не мислел на квалитетот на праксата, но во тој случај второто тврдење е неспоиво со првото :D