Пази брате...
Кога сме кај темата...
Секако дека сум ја лажел мајка ми.
Сум ја излажал неколку пати, за крупни работи, затоа што длабоко во потсвеста сум бил сигурен дека тие работи се погрешни, дека не треба да ги направам, а сепак сум ги направил. Токму затоа сум скрил од неа и сум ја излажал, затоа што не сум сакал погледот на нејзините очи да говори за разочарување.
Само што, денес не сум сигурен колку сум ја лажел неа, а колку себе. Бидејќи сум прилично сигурен дека секогаш ја знаеше вистината.
Во америка за време на идење у војска има еден психолошки тест се вика тест на вистината. Меѓу другите прашања го има и ова: Дали ги лажете своите родители. Ако кажеш „не“, тогаш сигурно го паѓаш тестот.
Така да, нека ми каже некој кој не ги лаже.
бај д веј Америка не америка ај за ситни грешки, ама два пати со мала буква! Аааа ќе се караме!Во америка си има еден тест меѓу кој има прашања каде ја тестираат вашата искреност. И едно од тие прашања е Дали ги лажете своите родители. Психолошки е невозможно да не ги лажете, така да ако кажете дека сте искрени, паѓате на тест.
Значи практично е невозможно да бидете искрени со родителите, поради тоа што биолошки ако не и душевно сте најблиски со нив. А човековата психологија се сведува покрај тоа што си многу близок со некого, најчесто и го лажеш. Највеќе поради заштитување да не го повредиш.