Значи да не се разбереме погрешно, со постот не ми беше цел да се осврнам на владата како донесува закони и слично, туку ме интересираше одреден дел.
Mameha да го погледнеше видеото ќе видеше дека никој не и брани на жената да абортира,туку дека има нови подакти.
За сите што сте против абортусот, дали некогаш сте размислиле каков би бил животот на дете родено во фиктивно "семејство"? Каква би била мајката на 16 години? Дали е воопшто свесна и способна да се грижи за неа, па да не збораме за човек плус. Дефинитивно треба да биди одлука на мајката.
Па мајката нема цел живот 16 години да има, чим се одлучила за бебето значи свесна е за тоа што ја чека да не би била би го абортирала, а и доколку е малолетна сигурно би имала подршка од нејзините родители или некоја друга блиска личност во спротива пак би го абортирала само што не по своја волја.
16 годишната живее во семејство каде што не е се како што треба. Родители пијаници, насилници итн. После ова доаѓа дека таа истата зема пример од нив. Останува бремена од рандом тип со квази кондом and now what?
Во такви услови па уште и ако е решена да го роди значи таа преку бебето си бара причина за да продолжи да живее, да не остане сама бидејќи од семејството ништо не може да очекува, не може ни да се потпре на нив, не може ни да ја осети нивната родителска љубов не дека преку бебето ќе ја осети но на некој начин ќе знае дека постои и дека треба да постои не за неа, а за бебето за да може да му пружи се што таа немала, да ја има сета таа љубов и грижа што таа ги немала итн. Во вакви случаи годините немаат некоја битна улога, а личности ко девојката стануваат БАШ родители и многу добро знаат како да си ги воспитаат децата.