Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Пред некоја недела го изгледав Grave encounters.
Гледано општо, филмот е тиња со нула логика, и да не се тук-таму камерите со по некој ефект, би рекла дека е една од најпропаднатите инвестиции во филмската индустрија. Но, бидејќи намерно е направен во mockumentary стил, всушност на одличен начин претставува колку далеку и бесмислено можат да одат одредени режисери за да го вметнат страв факторот.
Сцените со т.н. медиум и градинарот им вредеа.
Слободно погледнете, не е ова класичен филм, па да би имало спојлер.
Сепак не ми е нешто воодушевувачко either way.
The devil's backbone - Морам, морам да го спомнам, иако мислам го имам спомнато некаде.
Два хорора измешани во еден. Едниот ја претставува мрачната, паранормална страна на приказната, другиот е „овоземниот“ хорор кој го искусуваат напуштени деца во сиропиталиште за време на граѓанската војна во Шпанија. Дел Торо ми е од ретките режисери кои прават да се соживеам со карактерите.
Seconds apart - За буџет од милион долари, сосема солиден. Заслужува нешто повеќе од 5.7 просекот кој го има, не знам што очекувале гласачине искрено.
Тинејџери-близнаци осомничени за низа убиства. И додека можеби и нема некои посебни хорор елементи за рипкање и подмочнување, доволни се само погледите на близнаците да ви создадат чувство на непријатност.
Таа злобна нишка која ги поврзува и им овозможува сечиј кошмар и страв да го претворат во реалност, е навистина застрашувачка, збунувачка, а на моменти и фрустрира зашто секој од нас има нешто од кое се плаши. Мислам дека поради ограничениот буџет брзале да го склопат филмот во стандардните 90ина минути, инаку има(л) потенцијал да се развие во добра, морничава приказна.
Е сега, назад на horror gone wrong, по моја вина - Dead silence!
Израснав со Чаки, така да филмовите од овој калибар не ми се страшни, но сепак интересна замисла. Нормално, холивудски измаскиран и прилично очигледен зашто километри однапред наговестува дека нешто ќе се случи, па со тоа губи многу на стравот кој сакале да го втераат.
НО! Мојот мозок не можеше да го перцепира и процесира филмот како хорор поради најглупата можна причина - името Били, како и делови од дијалозите кои автоматски ме префрлија во други приказни.
Зошто? Ќе наведам во спојлер. (не е поврзано со филмот)
Kitty те знам дека си по филмовиве, па барам од тебе предлог за хорор не ми текнуваат многу, а сум изгледала неколку...некој најдобар дај ми според тебе
Kitty те знам дека си по филмовиве, па барам од тебе предлог за хорор не ми текнуваат многу, а сум изгледала неколку...некој најдобар дај ми според тебе
100 Ghost Street: The return of Richard Speck - Интересен документарен хорор филм за нерешен паранормален случај на еден погинат психопат. Се се случува во една стара болница, како и сличниве содржини на вакви документарни кои сум ги изгледала групава одлично си ги изведува своите улоги, толку реално е испаднат секој агол кој е снимен од страна на документарциве. Има језиви, неочекувани звуци (кои ме потсетуваат на Predator кога ќе 'рже ) а всушност целиот филм е напнат! Љубител сум на вакви случаеви што морам секогаш да ги следам со слушалки станува језиво за некој, не го препорачувам во затемнета просторија....за мене е боза, но секој си има свој вкус, нели?
Постеров е погрешен, целата содржина од филмов е скоро различна во склоп на постеров кој е искажан! Да не ве лаже само...