Една пријателка ми го препорача The grudge. Што мислите вие? Добар ли е?
Мене филмов ми е тиња. Досаден, предвидлив, веч виден.
Го изгледав првиот дел и пола од вториот, зашто немав веќе ни нерви ни воља да губам време. Неколку напнати сцени кои веќе сме ги виделе во скоро сите хорор филмови и тоа е тоа.
Најискрено одамна не ме воодушевил хорор филм, значи да го гледаш и да ти смрзне крв бре, а не да зобаш пуканки и да лакираш нокти за да пополнуваш време додека конечно не заврши.
Да, да тој е филмот,за истиот збориме, ама не ми се допадна баш...Devil's Pass (2013) (или оригиналниот наслов е "The Dyatlov Pass Incident") Се збори за инцидентот уште од 2 февруари,1959 година, кои 5 млади филмаџии ги документрираат чекорите на 9-те туристи, кои се мистериозно убиени во една ноќ негде во Уралните планини на Русија...
филмчево е wow!
Отвори ја прикачената датотека 17495
ова е групата
Отвори ја прикачената датотека 17496
Да, да тој е филмот,за истиот збориме, ама не ми се допадна баш...
Го следи текот на настанот како што бил, ама не ме бендисува објаснувањето кое го дава како причина за инцидентот и има премногу “дупки“ во филмот...
и за тоа што викаш имаат малку фантазирано во филмов, колку да се привлече внимание...
Бидејќи во последно време хорорите стануваат се полоши и полоши обавезно прво читам коментари за филмот па после симнувам да гледам..Така на празно без препорака нема шанси веќе да тепам време да гледам ветар во магла.
затоа ти викам паузирај малце, со унапреденава технологија се' е можно до реално да му се оствари на чоек...
Да беше до унапредената технологија арно ќе беше. Да ти кажам дека правам паузи од хорорите одамна немав гледано. Ама бидејќи еден период многу гледав по два на ден, видов мнооогуу многу глупи хорори.