Како што сто пати се изразив по темите за хомосексуалност, јас подржувам хомосексуалци, не зошто сакам да бидам кул, него зошто имам најдобар пријател хомосексуалец кој си има партнер, ги познавам како себеси и не само што се согласувам и подржувам утре да имаат свое дете, него би прифатила и тие двајца да го изгледаат и моето дете. Во случај да некогаш не дај боже поради некои несреќни околности да морам да бирам каде ќе го оставам детето, нив двајца ќе ги ставам и пред моите родители.
Нивната сексуална определеност воопшто не ми менува ништо за да престанам да ги сакам, почитувам и да им верувам.
Така да, да се биде кул или не нема врска со ставот за хомосексуалноста и некогаш имаме и други причини за да подржуваме и веруваме во нешто.