Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Како што сто пати се изразив по темите за хомосексуалност, јас подржувам хомосексуалци, не зошто сакам да бидам кул, него зошто имам најдобар пријател хомосексуалец кој си има партнер, ги познавам како себеси и не само што се согласувам и подржувам утре да имаат свое дете, него би прифатила и тие двајца да го изгледаат и моето дете. Во случај да некогаш не дај боже поради некои несреќни околности да морам да бирам каде ќе го оставам детето, нив двајца ќе ги ставам и пред моите родители.
Нивната сексуална определеност воопшто не ми менува ништо за да престанам да ги сакам, почитувам и да им верувам.
Така да, да се биде кул или не нема врска со ставот за хомосексуалноста и некогаш имаме и други причини за да подржуваме и веруваме во нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Saladin

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имаше прашање што кога моето дете утре би ме седнало и би ми соопштило дека неговата сексуална определба е хомосексуална.
Би била разочарана, би се прашувала каде згрешив? Што погрешно ја/го научив? Зарем не бев со мојот сопруг пример за тоа како треба да изгледа семејството? Би барала вина во себе, во околината и кај него/неа.
Нормално нема да го/ја избркам од дома, да го обесам , пратам на пуст остров и да се откажам од него/неа, сепак би било мое дете.
Но никогаш не би се сложила да земе дете и да го одгледува со неговиот/нејзиниот партнер. Никогаш не би дозволила психата на моето внуче да биде нарушена гледајќи од мали нозе неприроден склоп на семејство. Моето дете тоа би го знаело и би знаело што јас мислам за таквата извртеност. Нека прави што сака настрана тоа нема да можам да го спречам. Но да сакало семејство и деца требало навреме да знае како се добиваат тие деца и по кој природен процес. Вие подржувачите зборувате за тоа како се тие добри, чесни, морални , хумани , великодушни луѓе. Не го оспорувам тоа, луѓе се , некои се добри некои се лоши. Но Тоа е изопачено мислам аман, деца се во прашање, немаат оформено личност ниту вредности ниту ништо, туку се мали сунѓерчиња што упијаат се од родителите.
Па што е следно? Човек со куче партнер ќе може да гледа деца и кутриња како братчиња и сестричиња, при тоа партнерите куче и човек ќе уживаат сексуален чин во спална соба додека децата се во другата соба? И тоа е сексуална определба, сака животни, се заљубил во куче, се пали на куче а душа човек. Добар добар до бескрај. (не ми се верува што пишав ама се плашам искрено дека еден ден и ова ќе си има свои подржувачи)
Не знам стварно...не знам....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Правиш споредба со човек и животно, а од животно до човек има разлики и разлики до недоглед.
Освен ако не ги рамниш хомосексуалците со животни, па ти нема разлика.

Друго, мешате секс, интимни односи, нешта што се случува меѓу двајца, далеку од туѓи очи со децата и со нивното развивање. Како да утре кога ќе имаш деца ќе го седнеш детето до тебе во спална и додека се сексаш со сопругот ќе му објаснуваш да сине вака треба, ова е нормално, вака изгледа прав секс, вака рекол дедо боже дека е нормално...
Што врска има сексот, позите, желбите, фетишите на некој со детето, развојот и воспитувањето?

Да речеме дека двајца мажи во брак имаат посвоено дете. Си живеат мирно како нормално семејство, вечераат, еден од нив го носи детето во кревет, му чита приказни за добра ноќ, детето мирно заспива, родителиве си легнуваат, водат љубов, тивко, со усул, заспиваат и така секој ден, додека од друга страна имаме нормално семејство од маж и жена, нормални луѓе, те поздравуваат на улица, работат, плаќаат сметки, ама се свингери, авантуристи, нимфомани, секс манијаци и детево слуша завивања, стенкања, во најлош случај и гледа љубовни сценарија полни со ненормални слики со цел да се задоволат сексуалните нагони на неговите нормални родители? Детево ќе стане сериски убиец, социопат, психопат, што?
И не ми кажувајте дека само затоа што се нормално семејство како што кажал дедо боже практикуваат и секс каков што е опишан во библиите и брошурите на Јеховини сведоци.
Кога сте запнале за сексот...
Или нема врска, ако сакаат оргии нека прават пред детево само хомосексуалци да не се?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

?

Размената на нежности?
Што е семејство?
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Размената на нежности?
Што е семејство?
Не е културно да се одговара со прашање, а и тоа е пола од мојот пост.
Ако дочиташ до крај, ќе видиш на што целам и што прашувам.
И сигурна сум дека никоја дефиниција за што е семејство не меша секс во неа.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не е културно да се одговара со прашање, а и тоа е пола од мојот пост.
Ако дочиташ до крај, ќе видиш на што целам и што прашувам.
И сигурна сум дека никоја дефиниција за што е семејство не меша секс во неа.

Не сум културна? :)
Само заради тоа што имав нешто што лично твојот одговор ме интересира?
Се извинувам но твоите прашања не ги сфатив како лично за мене.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Би била разочарана, би се прашувала каде згрешив? Што погрешно ја/го научив? Зарем не бев со мојот сопруг пример за тоа како треба да изгледа семејството? Би барала вина во себе, во околината и кај него/неа.
Но никогаш не би се сложила да земе дете и да го одгледува со неговиот/нејзиниот партнер. Никогаш не би дозволила психата на моето внуче да биде нарушена гледајќи од мали нозе неприроден склоп на семејство. Моето дете тоа би го знаело и би знаело што јас мислам за таквата извртеност.
А не би била поразочарана од себе ако го гледаш детето да пати само затоа што ги нарушува т.н. идеали за „нормална“ и „совршена“ фамилија?
Јас би. Бидејќи по секако јас не сум влијаела врз сексуалната определба на моето дете, па да се прашувам каде и како сум згрешила. Мојата „хетеро фамилија“ ќе ми е доволен доказ дека не може да се втера некому нешто што не сака. Но затоа пак би била разочарана што при толкавиот притисок кој детето го трпи, јас, како мајка која е должна да е тука за него, би му создавала уште непријатности. Па ако јас го отфрлам неговото „јас“, како од други да очекува да го прифатат?
А после би не болело други да го вреѓаат, ама тоа е.
Па што е следно? Човек со куче партнер ќе може да гледа деца и кутриња како братчиња и сестричиња, при тоа партнерите куче и човек ќе уживаат сексуален чин во спална соба додека децата се во другата соба? И тоа е сексуална определба, сака животни, се заљубил во куче, се пали на куче а душа човек. Добар добар до бескрај.
Муабетов не држи вода од многу аспекти, а најбитниот е дека кучето е сосема друг вид, а со тоа и не ги ужива сите умствени способности ко човекот.
За разлика од хомосексуалецот (смешно ми е и да ја правам оваа паралела), кучето нит знае што се случува, ниту е способно да сака и посакува на начин ко што ние можеме. Да, ќе се најде некој батка што може да покаже привлечност кон куче, ама истото нит ќе знае да каже да или не, ниту пак има да му врати во иста мера, да му готви, да го поддржува и да планира иднина со него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Правиш споредба со човек и животно, а од животно до човек има разлики и разлики до недоглед.
Освен ако не ги рамниш хомосексуалците со животни, па ти нема разлика.

Друго, мешате секс, интимни односи, нешта што се случува меѓу двајца, далеку од туѓи очи со децата и со нивното развивање. Како да утре кога ќе имаш деца ќе го седнеш детето до тебе во спална и додека се сексаш со сопругот ќе му објаснуваш да сине вака треба, ова е нормално, вака изгледа прав секс, вака рекол дедо боже дека е нормално...
Што врска има сексот, позите, желбите, фетишите на некој со детето, развојот и воспитувањето?

Да речеме дека двајца мажи во брак имаат посвоено дете. Си живеат мирно како нормално семејство, вечераат, еден од нив го носи детето во кревет, му чита приказни за добра ноќ, детето мирно заспива, родителиве си легнуваат, водат љубов, тивко, со усул, заспиваат и така секој ден, додека од друга страна имаме нормално семејство од маж и жена, нормални луѓе, те поздравуваат на улица, работат, плаќаат сметки, ама се свингери, авантуристи, нимфомани, секс манијаци и детево слуша завивања, стенкања, во најлош случај и гледа љубовни сценарија полни со ненормални слики со цел да се задоволат сексуалните нагони на неговите нормални родители? Детево ќе стане сериски убиец, социопат, психопат, што?
И не ми кажувајте дека само затоа што се нормално семејство како што кажал дедо боже практикуваат и секс каков што е опишан во библиите и брошурите на Јеховини сведоци.
Кога сте запнале за сексот...
Или нема врска, ако сакаат оргии нека прават пред детево само хомосексуалци да не се?

Хоуп рака на срце сите од многу рано знаеме што се дешава позади затворените врати од спалната на нашите родители, не мора чинот пред наши очи да се случи за да сме свесни за тоа.
Пример, во моето семејство кога татко ми доаѓа дома од работа , мајка ми го пречекува со бакнеж. Кога седат во дневна двајцата знаат да се гушнат и пак да се бакнат. Кога гледам слики нивни од млади кога биле, на многу слики се прегрнати, бакнати, легнати на кревет гушнати и слично. Сето тоа мојот мозок го апсорбирал како нешто нормално што се случува меѓу маж и жена. Не ме ни интересира кои пози , желби и фетиши ги имаат се додека знам дека јас сум плод на оној најосновниот инстикт кој го имаат луѓето и според кој се настанати во прв план. Не ми го вари желудникот фактот што детето што ќе расте помеѓу двајца мажи или две жени ќе има нормален развој на мозокот каде ќе знае што смее да прави а што не смее. Или пак смееме се да правиме, нема никакви правила и ограничувања? Тогаш ајде да оставиме да биде дозволено ама баш се , секакви определби, нека нема дискриминација ама баш за ништо. Да видиме тогаш светов до каде ќе оди.

Исто така хоуп има и хомосексуални парови кои би го правеле истото што ти во примерот го наведе како за хетеросексуалците, па детето ќе стане изрод невиден од што не знае во главата што е ненормално, што е правилно, што смее а што не смее.
 
Многу драматизирате и од една нормална процедура на растење правите сложен и комплициран процес, а воопшто не е така. Сите сме биле таму, знаеме...
И со прифаќање на една работа, правите крај на светот, и ако ги подржиме хомосексуалците, демек утре ќе поддржиме врски и заедници и со мечки и врколаци. Демек се со цел да испаднеме кул.

Ти ме прашуваш нешто што јас те прашав претходно.
Секако дека е битно што им се сервира на децата од дома на прво место, ама не значи дека ако има хомо родители дека ќе биде изложено на нешто повеќе одошто би било со нормалните родители. Не мислиш дека можеби ќе се осеќа подеднакво убаво како што си се осеќала и ти кога си гледала слики од твоите родители гушнати и среќни?
Мора тоа да предизвикува траума? Од кај си толку сигурна?
А хомосексуалноста не е заразна па да ја добие од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прашање до сите кои не ги обожаваат и не ги поддржуваат хомосексуалците..
Што ако утре, вашето родено дете ве седне и ви каже дека е геј??
Како би реагирале?
Ќе му држите предавање за нормалното?
Ќе го одвраќате од неговиот нагон и потреба за интимност со припадник на истиот пол?
Хипотетички, како би постапиле?

Шо знам...премногу хипотетички, лично би ми било многу погадно доколку ми соопшти дека се зачленил во партија и дека има склоности кон политичка активност... во тој случај би знаел дека сум тотален феил како родител. Вака, викаат вродено било, ќе ја тормозам сопругата наводно се пренесувало преку женска линија :D

А за друго...би му кажал како стојат работите, дека и покрај прифаќањето не е се така розово. Би ми било жал што ќе поживее 2-3 децении пократко отколку хетеро просекот...:eek...што е последица на начинот на живот кој го практикуваат и болестите на кои се подложни, ХИВ е само tip of the iceberg. Значи памет во глава и стриктно моногамен хомо живот. Ако не им се умира прерано...

http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9923159
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/12416862

The four lines of evidence were consistent with previous findings suggesting that homosexual activity may be associated with a lifespan shortened by 20 to 30 years.

Да напоменам дека ова се релевантни медицински студии а не наслови од рандом портали.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy