Последен гледан филм со рецензија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Shelter (2010)
Shelter_film.jpg

Ау, филмиште. Не знам како ми бегал од раце цели 3 години.

Кара е психијатар кој не верува дека може да постои поделена личност со два или повеќе карактери, сосема различни и несвесни еден за друг, туку тоа го смета ко одбранбен механизам на психопати неспособни да се соочат со себе.
Но, татко ѝ има интересен случај за неа, во обид да ја разубеди од тоа нејзино верување. Имено, се работи за момче со име Адам чие алтер его е Дејвид.
Работите се комплицираат кога Кара ќе ја најде мајката на Дејвид и ќе ја соочи со Адам, кој, за чудо, го знае и најситниот детал од животот на Дејвид.
Понатака станува само позамрсено и се додава одлична натприродна нота...ама тоа погледнете си сами, нема да зажалите.

Од мене има солидна осумка. Убаво склопено, одлична актерска екипа, добра приказна со крипи фактор.

Кон крајот ко некако да брзале да ја објаснат сета позадина во 20 минути, но сепак солидно сработено.
Единствено ме иритира што премногу вакви филмови имам изгледано, па го насетам пресвртот пред да се случи, и тоа ми го скратува уживањето.
Како и да е, вреди да се изгледа.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ќе ве замолам по којзнае кој пат да припазите на рецензиите. Ќе се самоцитирам на темата за рецензија по стоти пат.
Значи, рецензија е писмен приказ на во случајов филм или серија, како вие сте го доживеале, како сте го оцениле, дали го препорачувате или не и зошто. Со ваши зборови и филозофија без раскажување на секоја сцена детално.
А кога мора да одвоите дел од филмот/серијата како посебен или дел што вам ве натерал да размислувате, заплачете, насмеете, а тој дел открива многу за филмот-користете спојлери.
Плачев кога на крај Џек умре.
Третата сезона не е иста без Емили.
До сега бев љубезна и ви ги ставав мислењата што откривале битни моменти во филмот во спојлери, без да кажам збор, ама стварно не е фер. Не е тешко, напишете ја приказната колку можете пократко, пошто темата не е прераскажување на филм, него рецензија на гледан филм, а рецензијата треба да каже кои чувства ги побудил филмот кај вас, на што ве натерал да размислувате, каква тема опфаќа општо филмот, зошто ви се допаднал или не и слично, никако прераскажување...
Ваше мислење за филмот, не раскажување!
(исто и кај сериите)
Ви благодарам на разбирањето :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче and Saladin

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Storage 24 (2012) - Одлучив филмчево да го гледам заради еден актер, не за друго :sram ама јебига, гадно си помина :place :mad: обичен хорор, крајот не го очекував да заврши онака, изненадувачки...ама ок...давам 8-ка за филмов :p

storage-24.jpg


Во Лондон воен авион се урна оставајќи ја својата високо класифициранa содржина во близина на некојси склад 24. Група луѓе остануваат заробени во внатрешноста на складот со еден неочекуван гостин
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Crimson tide (1995)

Уште еден филм стандарден на веќепочинатиот Тони Скот. Тони со неговата смисла да направи политички трилер/акција не` води во „кризното време“ после пропаѓањето на СССР, во една америчка подморница која игра клучен фактор за превенција на почеток на нуклеарна војна. Целата поента на филмот е тензијата која се брои во милисекунди, како и психолошката анализа на еден Капетан и Извршителен офицер.
Gene Hackman како капетан не можеа подобар да најдат. Поготово не во филм од 90тите. Неговата строгост, остечност на клучни моменти, како и тврдоглавост, непрагматичност во моментот на одлуките кои би донеле погубност за целото човештво, го отсликува ликот на еден капетан во високи години, со искуство на морски волк, его над облаци.
Од друга страна извршителниот офицер Хантер - Denzel Washington,неговата смиреност и прагматичност освојува симпатии прво кај капетанот а подоцна и во целиот екипаж. Интересно е кога тие два лика иако со гаена почит меѓу себе, би се судриле во еден клучен момент кога... тука ќе запрам.
Во спојлерот ќе додадам неколку цитати од филмот, чисто онака откако некој го изгледал, да се присети на некои квалитетни моменти.

Capt. Ramsey: You do qualify your remarks. If someone asked me if we should bomb Japan, a simple "Yes." By all means sir, drop that fucker, twice! I don't mean to suggest that you're indecisive, Mr Hunter. Not at all. Just, uh... complicated. 'course, that's the way the Navy wants you. Me, they wanted simple.
Hunter: Well, you certainly fooled them, sir.
Capt. Ramsey: [chuckles] Be careful there, Mr Hunter. It's all I've got to rely on, being a simple-minded son of a bitch. Rickover gave me my command, a checklist, a target and a button to push. All I gotta know is how to push it, they tell me when. They seem to want you to know why.
Hunter: I would hope they'd want us all to know why, sir.


Hunter: Captain Ramsey, under operating procedures governing the release of nuclear weapons, we cannot launch our missiles unless both you and I agree.
Capt. Ramsey: [shouting over Hunter] COB, what're you waiting for?
Hunter: This is not a formality, sir! This is *expressly* why your command must be repeated. It requires my assent, I *do not* give it and furthermore, you continue upon this course, and insist upon this launch without confirming this message first...
Capt. Ramsey: [shouting over Hunter] Son of a bitch. As commanding officer of the U.S.S Alabama, I order you to place the XO under arrest under charges of mutiny!
Hunter: I will act, backed by the rules of precedence...
Capt. Ramsey: [shouting at COB, over Hunter] I say again, as commanding officer of the U.S.S Alabama, I *order you*...
Hunter: ...authority in command, regulations number 815, to relieve... you... of... command, Captain!
Capt. Ramsey: ...to place the XO under arrest, under charges of mutiny!
[Silence all round]
Capt. Ramsey: COB!
Chief of the Boat: Captain, please, the XO is right. We can't launch unless he concurs.
Capt. Ramsey: [angrily reads from EAM] "To the U.S.S. Alabama: Rebel-controlled missiles being fueled. Launch codes compromised, dissidents threaten to launch at continental United States, set DEFCON 2. Immediately launch ten Trident missile sorties." They're *fueling their missiles*! We don't have time to fuck around!
Hunter: Sir, I think you need time to think this over.
Capt. Ramsey: [shouting] *I* don't have to think this over!
Hunter: [stares at Ramsey, nodding] Captain, I relieve you of your command of this ship. COB, escort the Captain to his state room. I'm assuming command.
Capt. Ramsey: You're not assuming anything!
Hunter: *Chief of the Boat*, Captain Ramsey is under arrest! Lock him in his state room!
Chief of the Boat: Captain, please...
Hunter: [growling] Now, COB!


Capt. Ramsey: We're here to preserve democracy, not practice it.

Пошо сум љубител на вакви тензични филмови посебно во места каде немаш многу голем избор за бегство и одлуките ти се клучни но едноставни и ги имаш малку, на овој филм и му давам висока оцена од 8ца.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
White house down - класична акција, напад на Белата куќа во кој што е вмешани првите луѓе на претседателот.
Ама Чанинг Татум (inlove)(inlove) си вреди да се гледа.
White-House-Down-films-Montreal.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Змејче

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Балканот не е мртов
По долго канење отидов во кино и го изгледав. Филмот е феноменален многу хумор , тематика забранета љубов , крвна одмазда итн. Малку потсеќа на Макдонска крвава свадба заради грабнувањето на девојката ама сепак тоа сигурно не бил единствен случај. Во глобала солиден филм посебно сум воодушевен од Никола Ристановски секоја чест за човекот! Крајот е како сакате вие да заврши :) Погледнете го вреди 8/10.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
910d958b6bd46db7fd9f9ae046963701.jpg
Elevator
Деветмина се заглавени во лифт на 49-ти спрат во Њујорк.Еден од нив носи бомба со себе,која во секој момент може да експлодира.Преубавата Анита Брием игра во филмов,така да цел филм си зјапав во нејзе.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Последен пат гледан пред две-три години, ама греота е постот, кутрите килобајти... :cool:

One flew over the cuckoo`s nest несомнено најдобар филм до денес, иако снимен пред 38 години. Поставил стандард кој е тежок за следење, специфичен режисер, специфична литературна подлога и кастинг кој е без преседан во филмската историја. Некои би рекле дека се работи за претставуање на системот во мало т.е зипување на социјалните односи во општеството во рамките на лудницата која needles to say е самото општество кое ограничува, нуди рамка од која не смее да се излезе, го чуваат авторитети, наметнува ѕидови, лудачки кошули, електрошокови, инсулински шокови, кардиазол и секако - лоботомира.

МекМарфи и Поглавицата како симбол на вечната борба на поединецот за свој печат во животот, експресија на нешто позначајно од наметнатиот режим, колку и да делува банално - слободата да се има свој простор и радиус на делување на овој свет.
Убиството на својот пријател од милосрдие, кој од слободен човек е претворен во лоботомирано растение и бегството се оние моменти кои се врежуваат во меморијата на гледачот.
А не дека филмот има дефицит од култни сцени и дијалози...што да се каже за `пикникот` на кој лудаците одат со автобусот...:kafe

Били - типична жртва кој беше на прагот да го сруши олтарот на кој беше принесен како жртва на самиот систем. Потресната сцена со крвавиот крај на Били поради садистичката главна сестра Речит е класика на филмската умтеност. Можеби и најодвратниот лик некогаш појавен на целулоидна лента.

Останатие ликови осцилираат меѓу целосна покорност и моменти на бунтовност кои кратко траат. Некои се само сенки кои се мотаат наваму-натаму низ просториите на лудницата, судбина која (не)свесно ја делат со многу навидум слободни луѓе, кои се мотаат низ животот како мува без глава...
Филмот лансирал кариери на неколку актери, Освен Николосон тука се Дени де Вито, Лоиз Флечер, Кристофер Лојд, Бред Дуриф.... и бизарната креатура Винсент Скиавели...и го потврдил местото на Милош Форман како режисер на светската сцена.

cuckoo.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Garden state (2003)

Иако делува како нискобуџетно филмче, самиот наслов си има многу подлабоко значење отколку некои блокбастери на кои беспоштедно се фрлани пари и пари за да станат тоа што се денес.
Филмов потсетува многу на книгата Странецот на Ками. Еден дечко, по смртта на мајка му, се враќа во родниот крај после 9 години живеење и студирање сам во другиот крај на САД. Неговиот единствен проблем - тој е комлетен емоцинонален инвалид. Зошто и како - се` си има своја причина и поврзаност со неговото толку долго отсуство од дома. По поворката тој ги пронаоѓа неговите некогашни пријатели, кои ќе бидат индиректни соучесници за да го.... тука ќе застанам.
Филмот иако делува евтино, сепак многу изненадува. Има доста длабока поврзаност со човековите чувства на вина, причини за оттуѓување како и тоа дека постојат луѓе кои се „виновни“ и способни да не` направат емоционални инвалиди/не` вратат во правиот колосек.
Еден цитат:
Andrew Largeman: You know that point in your life when you realize the house you grew up in isn't really your home anymore? All of a sudden even though you have some place where you put your shit, that idea of home is gone.
Sam: I still feel at home in my house.
Andrew Largeman: You'll see one day when you move out it just sort of happens one day and it's gone. You feel like you can never get it back. It's like you feel homesick for a place that doesn't even exist. Maybe it's like this rite of passage, you know. You won't ever have this feeling again until you create a new idea of home for yourself, you know, for your kids, for the family you start, it's like a cycle or something. I don't know, but I miss the idea of it, you know. Maybe that's all family really is. A group of people that miss the same imaginary place.

Задолжителна литература за оние кои им се допаднал The perks of being a wallflower.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Requiem for a Dream (2000)
requiem_for_a_dream.jpg

Незнам што е работата со мене што до сега сум пропуштила да изгледам една ваква фантастична драма :nah
Ме остави без збор...Филм кој на најтемен,најморбиден начин ја покажува сликата на наркоманскиот свет и ефектите на дрогата.Но во исто време зборува и за неостварените соништа,за осаменоста и несреќноста.Четири ликови,четворица зависници,кои поминуваат низ еден мрачен пат за да си ги остварат своите соништа.Но дали тие соништа ќе траат засекогаш?Дали секогаш после зимата доаѓа пролет?
Фантастична глума,уште по фантастична музика,филм кој остава без зборови и шокира.
Дефинитивно препорачувам (ако има некој ко мене што уште не го гледал до сега).
А неможев да изоставам да ја постирам и музиката од филмов,иако знам дека има и таква тема.