Последен гледан филм со рецензија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Disconnect (2012)
Disconnect-movie.jpg


Обични луѓе и нивното секојдневие на интернет кое ќе им ги направи животите пекол.
Обичен филм, ништо холивудски исклишрано и чудно. Филм без очекуваните психопати и бабароги кои ќе ве заплашат да не го користите интернетот, туку филм кој ќе ве замисли кој се крие на другата страна од мониторот и каде и кому секојдневно ги оставате вашите податоци без да знаете.
Нема никакви посебни ефекти и бајковити животи кои одеднаш ќе станат пеколни, но токму тоа го прави реален до срж.
Три приказни, секоја со своја последица. Убаво развиено дејство и многу попатни поуки.
На неколку места морав и да го паузирам од што ми беше силен. Вреди да се погледне и размисли.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
The to do list

Back in the 90s, лесно филмче на моменти и болно. Интересно е дасе види како е било во 90те.
Најдобрата ученичка на генерацијата да не речам единстевената бубалица пред да оди на факултет прави листа. Но, ја менува листата, од листа за факултет, книги и слично прави сексуална листа(друг збор не ми текнува :D), и фино си ги исполнува.
Оцена 4/10.

Les Miserables (2012)

Kако тоа да прочитам книга, по која има филм и да не го гледам. Само што ја прочитав и го гледав филмот, повеќе ми беше за глумците. Пред да го симнам видов дека е мјузикал, но викам ајде интересен ќе биде, но :|. Мислам дека ако не е мјузикал дека ќеми беше поинтересен, од друга страна пак е добро што е мјузикал, бидејќи ако некој ја нема читано книгата нема едно со едно да се поврзе. Друго што не ми се допаѓа е тоа што се сменети некои настани, да не зборуваме за кратењето на содржината (каректеристично за секој филм).
7/10
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
MV5BNDU3MTQxMDY1NV5BMl5BanBnXkFtZTYwOTM4MjM5._V1_SY317_CR5,0,214,317_.jpg


Ја изгледав трилогијата на филмот The Crow иако ми е гледана 2-3 пати, целокупно првиот дел е најдобар. Вториот неколку стапки подоле од првиот, за вториот ниту збор благе везе нема 2005 година направен аматерска глума толку пропусти со тоа што се приметува дека железото е залепено за телото.

Сепак уникатната улога на Brandon Lee го прави првиот дел уникатен.
Целокупно филмот е за птицата Врана, преку која се поврзува долниот свет на мртвите со горниот на живите. Враната му дава сила на Drаven кој треба да се одмазди за убиството на неговата жена...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Limitless (2011)

Поради режисерот што го има правено Илузионист, но највеќе поради зборењето во друштво дека филмов бил не знаш што, сакав да го ѕирнам... Што да кажам за филмов. Приказната е клише, некој фраер консумира нешто за да биде ултра мега фраер. Заплетот, перипетиите и расплетот се клише па дури и нелогични на моменти. Филмот е премногу тривијален, лесен за консумирање, нема некоја подлабока конотација. Како таков, во тривијалните може да заврши добро со оценка од 8ца, но како суштински и малку повеќе да ме натера да го гледам одново, не би го гледал. Така да според мене овој филм нема некоја цена, се гледа Роберт ДеНиро тука има некоја епизодна улога и е со мислата „The fuck did I care, as long as I`m not underpayed". Така да филмот не е лошо да се ѕирне, но не ветува повторно гледање. Искрена оценка од мене има 6ка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По индиректна препорака од Electra го ѕирнав и јас Disconnect.
Има многу што да се раскаже за филмот, затоа приказната ќе ја оставам сами да ја ѕирнете. Тоа што ќе го потенцирам е дека секој во нас во дадени моменти го крие монструмот во себе. Кога доаѓа јајцето на газот, впрочем се претвораме во оние мали чудовишта за кои никогаш не сме се надевале дека ќе бидеме. Тука во филмот најмногу се потенцира по линијата на модерната технологија. Колку таа може нам да ни влијае во реалниот живот, колку ни го уфрлува филмот дека сме семоќни, а колку всушност сме ранливи од истата. Во дадени моменти таа ни` е прекупотребна, во други па, ни ја дава маската на виртуелното алтер его. Овој филм иако лесно се консумира, има многу подлабока порака, која ни ја доделува во самиот наслов - Исклучи се... барем за момент, кога не е баш потребно. Според мене филмов треба секој корисник на социјалните мрежи, пазарот, самиот интернет воопшто. Од мене има солидна 9ка и еден од топ 10 изгледани од 2012 филмови.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Epic - за љубителите на анимирани филмови. Интересен филм за тоа како се брани опстанокот на шумата и природата.
Epic.jpg


20 ans d'écart - интересен француски филм, во кој се раскажува за љубовта помеѓу младо момче и повозрасна девојка, дали сепак може да успее.
MV5BMTQ3NzcxMjkyNl5BMl5BanBnXkFtZTcwNjYzMDI1OQ@@._V1_.jpg
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Bloodrayne (2005) - Филмчево нема никаква смисла со играта. Дејствието се случува малку покасно, отколку во двата дела на играта е во '40-тите (со нацистите и Хитлер де) :p едино што е вистина за татко и кој го "лови" за одмазда! Кристана Локен ја имаа таа фигура и фаца на Rayne во играта (пошо ја играм и ја знам :D) ама филмот е катастрофално невидена утка! За другите делови да не ги спомнувам...друга актерка, друга приказна :p

bloodrayne_ver5_xlg.jpg

Rayne е дамфир - пола човек, пола вампир. Го бара татко си кој е вампир за одмазда кој ја има убиено нејзината мајка.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
MV5BNDU3MTQxMDY1NV5BMl5BanBnXkFtZTYwOTM4MjM5._V1_SY317_CR5,0,214,317_.jpg


Ја изгледав трилогијата на филмот The Crow иако ми е гледана 2-3 пати, целокупно првиот дел е најдобар. Вториот неколку стапки подоле од првиот, за вториот ниту збор благе везе нема 2005 година направен аматерска глума толку пропусти со тоа што се приметува дека железото е залепено за телото.

Сепак уникатната улога на Brandon Lee го прави првиот дел уникатен.
Целокупно филмот е за птицата Врана, преку која се поврзува долниот свет на мртвите со горниот на живите. Враната му дава сила на Drаven кој треба да се одмазди за убиството на неговата жена...
Или гавран, по нашки...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DisturbeD

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
И јас по порака на Electra го изгледав Disconnected. Сте дале заедно со Saladin куса и одлична рецензија, се сложувам комплетно со вас. Филмов е MUST SEE! Искрено мене некако ме погоди доста, не дека не бев свесна за оваа страна на модерната комуникација, едноставно тешка е приказната, ме остави со грутка во грло.

И не оставија да мислиме дали детето ќе се разбуди.

Сметав дека беше редно време да изгледам неколку филмови што ми стојат во лаптоп подолго време, меѓу кои: We're The Millers и Now You See Me. Првиот е комедија со доста чуден хумор, не верувам дека на секого ќе му се допадне. Еден дилер на марихуана формира лажно семејство во кое мајката е стриптизерка, ќерката бегалка (runaway?) од дома и синот е повлечена девица, се со цел за да може полесно без сомневање да пренесе огромна количина на марихуана од Мексико во УСА. Вториот филм е акциона драма со одлична екипа на глумци. Се работи за зачудувачка магија (or is it an illusion?) изведена од група магионичари почнувајќи со првиот трик на кражба на банка во Париз за време на настап во Лас Вегас.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Saladin and Electra