Watchmen (2009)
This city is afraid of me. I've seen its true face.
Марвел ги има Одмаздниците, ДиСи - Набљудувачите.
Ко фан на Марвел, DC демек треба да ми се на црна листа, но филмов трет пат го гледам и пак ги јаде другите од овој жанр.
Со заканите од нуклеарна војна, на народот очајно му се потребни херои кои ќе влеат надеж во 5 до 12. Ко наследници на Minutemen, Watchmen се група херои кои ја преземаат безбедноста и правдата во свои раце, но некој има план да ги растури и елиминира еден по еден, почнувајќи од веќе-пензионираниот Комичар.
Најмоќниот од хероите, на јавноста познат како Менхетен, е единствениот кој може да манипулира со материите, а со самото тоа и да спречи и предизвика хаос.
Но, оној кој ги креира и портретира хероите, може и да ги уништи. Или сепак не?
Силк Спектре и Бувот, колку и да се клучни ликови, ми беа некако безвезни. Спектре е типичен фем фатал претставник со згодно тело и невозможни движења, а Бувот е претставен ко нејзиниот nerdy поттрчко. Give me a break!
НО! Роршах ми е можеби и еден од најдобрите ликови кои се појавиле во филмови од овој тип, па и на филмското платно.
Вендета на своето време и единствениот кој останал доследен на правдата зад маска, без да стане пиун на државните врвови. За него не постојат нијанси, туку работите имаат само црна и бела боја, а според тоа и ја дели својата правда.
Антихерој кој ги прекршува моралите и злото го казнува со зло, но за кој ќе навивате цело време.
Од глас, преку појава, па до дејствување, едноставно се чувствува дека тој е протагонистот во целата приказна.
Прекрасно комплексен лик со одлична симболика.
Едноставно помеѓу Патрик Вилсон и Окерман т.е. Бувот и Спектре не осеќав никаква хемија. Такви ми беа студени, дури и смешни на моменти.
Но пак се навраќам на одличната глума на Хели (Роршах) и заборавам на погорниве.
Филм кој колку-толку бара познавање од тестот на Роршах и позадината на ликот во стриповите за да би бил интересен и сфатен, во спротивно може да не е за сечиј вкус до степен на досада.