Последен гледан филм со рецензија

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
U want me 2 kill him?
db_20747_90.jpg

Филмчево ме напна скроз дури на крајот ми идеше да го искршам од ќотек еден од ликовите...
Имено се работи за психолошки филм кој ни доловува како лесно виртуелниот свет ни го комплицира животот дури и до таа мера да ни го загрози...
КОнкретно се работи за вистинска приказна во која тинејџер се заљубува во девојка која ја запознава на некој чат и почнува цел свет да се врти околу неа...арно ама дали е навистина така?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Хоуп*

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
The Hobbit: The Desolation Of Smaug (2013)
Adventure/Drama/Fantasy

- Конечно дојде да се изгледа и другиот дел :) Оцената е прилично висока за ваква фантазија, но сепак се согласувам, а и за ефектите во 3D :zelen накратко ќе ја објаснам темава во филмов: ако не сте го гледале првиот дел, морате да го изгледате првин за да сфатите што понатаму....дејствието продолжува со дружината на џуџињата, Билбо и Гaндалф кои се на пола пат до планината Еребор, татковината на џуџињата, но никој не знае дека Билбо носи со себе нешто вредно, нешто preciousssssss :zelen.....бев изненадна откако го видов Smaug, толку фасцинантен изглед на змеј не сум видела отколку во другите филмови (inlove) (па добро, сега со технологијава се си може :zelen ) филмов е права фантазија, исполнет со разни визуелни, звучни ефекти, борбени сцени, со малку хумор....полн погодок за оние кои се љубители на Господар на Прстените...

pdc_hobbitsmaugposter2.jpg

Smaug и понатаму е жив....филмов ветува трет дел!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Sweet Hereafter-(1997)
Drama

Адвокат, истражува несреќа во која нема простор да се мисли дека е нешто друго освен несреќен случај. Училишен автобус излетал од патот, а животот го загубиле 20 деца.
Дејството се случува во мал град, меѓу животот на родителите на децата, нивната поврзаност меѓу себе и нивните тајни, и животот и проблемите на адвокатот.
Чудни ликови, чудни приказни, бавен тек...
На моменти ми беше многу збунувачки и нејасен, ликовите ми личеа сите еден на друг, многу битни случки брзо прикажани, додека акцентот е даден на обични разговори кои баш немаат врска со приказната која ја обработува филмот.
А можеби и јас не бев доволно концентрирана за него, а и го гледав веќе недела со неколку кратења.
Ми се допадна приказната, како целина филмот не толку многу.
Еден е од оние каде ме изненади крајот. Не со некој пресврт, него зошто заврши кога мислев дека конечно почна и ме остави онака збунета...
Има оцена од 7.7, а јас не можам да се одлучам што да му доделам.

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Side Effects -
Интересна и неизвесна приказна. Се раскажува за млад брачен пар, мажот после неколку години поминати во затвор се враќа дома, но сега се соочува со депресивни испади на сопругата.
Таа неколку пати пробува да се самоубие па за тоа оди на психијатар. Еден ден во го убива и својот сопруг за што сите сметаат дека е резултат на менталната состојба која и ја предизвикале антидепресивите кои таа ги пие по препорака на својот психијатар. Сега и психијатарот влегува во игра, и почнува да добива обвиненија од сите страни зошто не превземал поголема контрола врз пациентот.
После тоа следи главниот расплет кој ич не го очекував ама за тоа треба да се погледане филмот. Ептен добар е.
images
 
Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Not Without My Daughter (1991)
Drama/Thriller
1242480213_notmydaughter.jpg

Филмов ми го предложи мајка ми. Го гледала некогаш и баш за него правевме муабет дека бил под вистински настан и за тоа што поточно им се случувало на жените од надвор идење во Иран кога ќе "влезат" под исламска вера. Искрено дејствието многу ме трогнам, одамна не сум гледала ваква драма. Не е лошо да си го ѕирнете вака на раат...да почувствувате за се' што може да направи една мајчинска љубов...а и ме изненади главниот лик во филмов од познатиот смешен филм Mrs. Doubtfire каква улога изигра....мислам секоја чест! (y)

  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Омилениот на мајка ми...:)
Сум го гледала неколку пати...емотивна драма во секој случај...вреди да се погледне...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The Shawshank Redemption (1994)
Crime/Drama

Филм кој ужива оцена од скоро 10 на ИМДб, а од мене има една стабилна 8ка.
images

Животот во затвор, меѓу четири ѕида.. Ѕидови кои прво ќе ги мразиш, потоа ќе им робуваш, а на крај ќе станат дел од твојот живот. Рутина од која очајно сакаш да избегаш, без да знаеш дека без неа понатаму не можеш да живееш.
Но, приказната за младиот банкар кој е осуден на две доживотни поради двојно убиство е сосема поинаква од онаа на неговите пријатели во затворот...
Убава драма, можеби за мој вкус не толку совршена како што е оценета, ама сепак вреди да се погледне!

Во спојлерот се некои мои забелешки во врска со крајот на филмот.

Крајот не знам зошто мене ми беше лесно предвидлив уште во тој момент кога човеков кажуваше дека управникот нема гајле од полицијата зошто ако се дознае се, ќе се бара човек кој постои само на хартија...
Уште кога се спомна тој измислен човек беше јасно се!
Се знае потоа кој ќе го присвои тој идентитет.
А баш го гледав пошто ми го опишаа како којзнае кој пресврт. И до последно очекував некој wow пресврт.
И по оцената и по препораките стварно имав огромни очекувања.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Јас очекував големи експлозии, кршење кичми и слетување на вонземјани од височините на мултиверзумот за да го избават Тим Робинс од робија ама ништо... слабо... се разочараф...:D
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Flawless ( 2008)
Филмов не е нешто посебно зш се работи за крими филм со тематика грабеж. Имено двајца вработени ќе ја ограбат компанијата која тргува со дијаманти. Посебни заплети нема сепак дејствието се одвива во 70 сетите години можеби затоа. Ако ви е за тепање време погледенете го јас не бев воодушевен. 6/10
Paranoia (2013)
Одличен филм кој ќе те натера да се запрашаш чекај зарем ми треба најнова генерација на телефон ? Што се може да се следи со него и слично. Прекрасен е погледнете го! 9/10