Не се ништо подолу ни погоре од православните христијани...барем адвентистите...за Јеховините сведоци не знам многу ама знам за адвентистите...
Се водат стриктно по новиот завет...и мислам дека се поголеми верници од нас православните...не се чалам кога постат не одат во црква за Велигден ради реда или оти таков бил адетот, туку навистина веруваат во Бога и ништо не прават зашто така останало од стари...
Имам пријателка адвентист и можам да кажам дека почиста душа не сум сретнала....секогаш спремна да помогне, се моли редовно, и за да побара нешто од Бога нои за да се заблагодари, пости и не се фали дека пости па да порача пица со морски плодови, премногу е скромна и во облека и во однос на пари и на храна, секоја сабота се собираат во нивната црква се молат, му идат проповедници од секаде итн...едноставно го слават Бога...а јас не гледам тука апсолутно ништо лошо...
...same here имав еден познаник адвентист, ретко позитивен впечаток, за разлика од јеховашите не напнуваат нешто особено и за разлика од останативе конфесионални припадници - навистина се помагаат меѓу себе, ми кажуваше типот како го спасиле од некои животни кризи и немаштија ама не паметам точно како беше, не е ни важно, барем се обидуваат да живеат во склад со своите верувања, нешто кое што недостасува кај останатите групи.