Тиња сајтов, уште не ми стигнал пакетот црни јоргани, свенати рози и крило од лилјак со чланарина. Само џабе ме вовлекоа.
Шалата настрана, уште една мала христијанска девијација, една од многуте, ништо ново и ништо страшно. Нели имаа директно обраќање од Бога преку писмо, толку, не ме ни интересираше целосно да читам што нудат и проповедаат.
Него, може воведот ми е лошо составен, па според некои мислења добивам впечаток дека сектите за многумина се едначат со култови.
Сективе се едноставно групи од човечиња што се пронашле во некоја заедничка идеологија, девијантна од „големите религии“, но сепак води потекло од нив, со разлика што сектата знае да се наметне со тоа што многупати донира на посиромашни семејства, па така ги навлекува.
Култовите се оние што се деструктивно настроени, многупати некомпатибилни со било какви човечки и морални вредности.
Сциентологијата, како најпозната, иако, да речеме, неопасна, некои ја сметаат за премногу девијантна да би била само секта, па го има стекнато статусот на култ кај многумина, но и покрај тоа, имаат слобода и центри на отворено, па би ја ставиле некаде на граница, чисто за компарација.
Е, т.н. Редот на Сончевиот Дом/Храм (како сакате), според мене може и еден од најгадните и најштракнати, е од оние деструктивните култови, како што ние си ги замислуваме сектите. За овие следбеници, жртви и самоубиства се составен дел од верувањата.
Основи влечат од Христијанството, ама си имаат свои обреди и облеки, а нивната Библија е веројатно толку испревртена, што сновачот Ди Мамбро има буквално искасапено тримесечно бебе поради тоа што во него препознал „симптоми“ на Антихристот, кој наводно имал намера да го спречи, нормално, според нивните идеологии. Нешто подоцна, си имаат извршено само-масакар т.н. Последната Вечера каде што изнаседнале како Исус и апостолите и се испоубиле, а после нив и следбеници од други градови и држави го правеле истото, убивајќи се меѓусебно со што стигнат.
Чисто онака, пример колку за паралела. Ако некого повеќе го интересираат култови, ќе скоцкаме тема и за тоа.