Секти (генерална дискусија)

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Јас знам само една страница од на нет, ко беше една другарка германија таму давале флаери и ја пишувало страницата отд некоја секта таму, ја имам страницата ама страв ми е да ја отворам зш ако ја вклуучис страницата ти веке си приклуцен на сектата и ема никако излегуванје, се знаат за тебе кој си сто сии....
Девојче да си жива, баш слатко ме изнасмеа! :D
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тиња сајтов, уште не ми стигнал пакетот црни јоргани, свенати рози и крило од лилјак со чланарина. Само џабе ме вовлекоа. (think)
Шалата настрана, уште една мала христијанска девијација, една од многуте, ништо ново и ништо страшно. Нели имаа директно обраќање од Бога преку писмо, толку, не ме ни интересираше целосно да читам што нудат и проповедаат.

Него, може воведот ми е лошо составен, па според некои мислења добивам впечаток дека сектите за многумина се едначат со култови.
Сективе се едноставно групи од човечиња што се пронашле во некоја заедничка идеологија, девијантна од „големите религии“, но сепак води потекло од нив, со разлика што сектата знае да се наметне со тоа што многупати донира на посиромашни семејства, па така ги навлекува.
Култовите се оние што се деструктивно настроени, многупати некомпатибилни со било какви човечки и морални вредности.
Сциентологијата, како најпозната, иако, да речеме, неопасна, некои ја сметаат за премногу девијантна да би била само секта, па го има стекнато статусот на култ кај многумина, но и покрај тоа, имаат слобода и центри на отворено, па би ја ставиле некаде на граница, чисто за компарација.
Е, т.н. Редот на Сончевиот Дом/Храм (како сакате), според мене може и еден од најгадните и најштракнати, е од оние деструктивните култови, како што ние си ги замислуваме сектите. За овие следбеници, жртви и самоубиства се составен дел од верувањата.
Основи влечат од Христијанството, ама си имаат свои обреди и облеки, а нивната Библија е веројатно толку испревртена, што сновачот Ди Мамбро има буквално искасапено тримесечно бебе поради тоа што во него препознал „симптоми“ на Антихристот, кој наводно имал намера да го спречи, нормално, според нивните идеологии. Нешто подоцна, си имаат извршено само-масакар т.н. Последната Вечера каде што изнаседнале како Исус и апостолите и се испоубиле, а после нив и следбеници од други градови и држави го правеле истото, убивајќи се меѓусебно со што стигнат.
Чисто онака, пример колку за паралела. Ако некого повеќе го интересираат култови, ќе скоцкаме тема и за тоа. :)

Не е секогаш границата јасна меѓу секта и култ (поим кој нема баш соодветен превод на македонски), земи го за пример Народниот храм, долго време функционирал како секта без инциденти, но во последните години се преобразил во култ...
Од друга страна припадниците на секти и култови самите себе не се сметаат за секташи (култаши:D) туку за припадници на религија.
Некои секти како мормони, јеховаши или адвентисти имаат десетици милиони членови по цел свет што и не е баш мала бројка, македонското православие на пример тешко дека има повеќе од два милиони припадници, ако има и толку, освен тоа е непризнаено од врховниот православен фактор, Космичката патријаршија во Стамбол, или скоро од било која друга православна црква.....така да по дефиниција е - секта.
Сега ова ако го прочита некој православен форумџија може да се најде навреден иако е сосема точно. Не може крај да се најде со ова религииве, одвај чека раја да се навреди...
Христијанството започнало како еврејска секта кога брат му на Исус по име Јаков со 20-30 следбеници почнал да се мота по Јудеја и пошироко...а види ги сега, милијарда и кусур се декларираат како христијани. Веројатно и останативе секти и култови се надеваат дека еден ден и тие ќе имаат толку приврзаници.

Не е се така едноставно....ама барем е забавно. :)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Земи ги пак муслиманските секти - поопасни се. Убиваат се што не е кај нив...
Овие другиве, се испоубиле меѓу себе или се жртвуваат меѓу себе на некој или нешто...
Или одат од врата на врата и те заморуваат со муабети... понекогаш дури и те релаксираат со нивните прашања: КОЈ ГО УПРАВУВА СВЕТОТ, ѓаволот е на власт на Земјата итн итн...

Но муслиманските секти одат кон надвор со своето дејствување... во името на богот кој што не го прифаќаме како апсолутен ентитет кој создава и уништува.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Земи ги пак муслиманските секти - поопасни се. Убиваат се што не е кај нив...
Овие другиве, се испоубиле меѓу себе или се жртвуваат меѓу себе на некој или нешто...
Или одат од врата на врата и те заморуваат со муабети... понекогаш дури и те релаксираат со нивните прашања: КОЈ ГО УПРАВУВА СВЕТОТ, ѓаволот е на власт на Земјата итн итн...

Но муслиманските секти одат кон надвор со своето дејствување... во името на богот кој што не го прифаќаме како апсолутен ентитет кој создава и уништува.

И меѓу сектите постојат нивоа, како и кај алкохолните пијалоци, не е исто пиво и апсинт, да речеме.
Затоа и разликата, од досадни јеховаши кои со некакви книгички висат пред врати...до вахабисти кои урлаат алаху акбар и сечат глави.
Од овие сективе/култови на рисјанска основа, мислам дека Аум Шинрикјо одеа кон надвор со употреба на бојни отрови на цивили во Јапан...а имале во план и набавка на атомска бомба во тогашниот пост советски хаос преку завидниот број на членови кој го имале во Русија.
Успеаа да набават дури и борбено-транспортен хеликотпер Ми-8.:cool:

Шиа исламот е сметан за секта од страна на Суни исламот, доминантна струја во таа религија иако има 100+ милиони припадници, по некоја дефиниција е секта - по некоја не е. Реално тешко би можело да се каже дека е секта.
А исламските секти кои се појавија поради спонзорството на една кралска фамилија од еден пустински полуостров се сериозно опасни, организирани, со специфични таргет групи на популација и земаат замав. Но и тие убиваат пред се - муслимани...и по некој рисјанин или евреј а можеби и неверник...

Религијата би била многу досадна кога би ги немало сектите и култовите.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Самите религии се надворешни учења на многу потајни пракси и учења.
Никогаш не е добро да се меша мнозинството во сето тоа...
Ете, заради тоа, се создаваат религии, тие создаваат секти, сектите преминуваат во фундаменталистички движења кои мешаат политички размисли...
Премногу луѓе кои велат „мојот бог е вистински бог, моето верување е вистинско верување, а не твоето“ создаваат хаос и раскол кај народот.

Не раѓа тоа ништо добро... ништо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Самите религии се надворешни учења на многу потајни пракси и учења.
Никогаш не е добро да се меша мнозинството во сето тоа...
Ете, заради тоа, се создаваат религии, тие создаваат секти, сектите преминуваат во фундаменталистички движења кои мешаат политички размисли...
Премногу луѓе кои велат „мојот бог е вистински бог, моето верување е вистинско верување, а не твоето“ создаваат хаос и раскол кај народот.

Не раѓа тоа ништо добро... ништо...

Наводниот монопол врз `вистината` кој го фураат сите религии без разлика каде и кога...е основна догма. Без таа догма ќе ги снема за брзо време. Позицијата дека Бог баш НИВ ги избрал, нивната група, толпа, маса.... copyright е на евреите иако и Мозес/Моше го украл концептот од Аменофис IV, да знае раја дека се поклонува на египетски runaway deity после толку време lol...
Толеранцијата со која се фалат многу припадници на различни деноминации е само збор без значење...`Фини сте вие од икс религија и сето тоа, ама сепак не е тоа тоа....чунки само нашата е вистинска`, плодно тло за поделби и конфликти.
Можеби пак на рајата и е досадно и да нема поделби не ќе знаат што да прават со животот... освен тоа нема спас.... се работи за милениуми, премногу е зацементирана таа потреба од припадност некаде, од натприроден ентитет кој ете.....се грижи за `одбраните`...

Ионака нема некоја секси секта, сите се тмурни и сериозни, ок имаше едни со вонземјани, раелијанци или така нешто...
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не е муабетот дека тие се чувствуваат избрани... туку тие проповедаат дека без разлика дали ти веруваш или не, дали го подржуваш или не тоа учење (морално, етичко, правно итн) - нивниот еден бог ќе те суди бидејќи тој е создавачот на се, така и на тебе, без разлика дали ти веруваш или не.

Така да, секако со такви нема полемика...

Религиите немаат расчистено со многу работи од животот на човекот, затоа раѓаат секти кои прават партали по светот...
Самите религии не се поднесуваат едни со други заради тој муабет (едниот и вистински создавач е само мојот, твоето верување е плод на шејтанскиот мерак да си игра со луѓето :) ).

Не знам што толку им запнаа на сектите, кога треба прво да се реши со религиите и нивното проповедање и сметање на другите, кои не веруваат во нивните проповеди, како заведени од ѓаволот, неверници, или дека некој ќе биде казнет за тоа што не се верува во нивната вера... таквото негативно размислување кон другите е лошо за обединување под „една вистина“...

П.С. ШТО ЗБОР Е ТОА НЕВЕРНИК БРЕ РЕЛИГИОЗНИ? Мислам, што ви значи тоа? Кој ви ја даде таа кованица од збор со која и простата раја и свештенството се дрзнува да покажува со прст кон другите и да им велите неверник во некаков си негативен религиозен контекст?
Нема логика светов значи... :)
 
Па ако сметаат дека имаат монопол на `вистината` и ако тоа е основна догма нормално дека ќе проповедаат на секого без разлика. и дека баш нивиот бог ќе суди на сите а не само на оние кои веруваат во него. Ако се родени под таа догма, тогаш сметаат дека секогаш се во право а сите други секогаш во криво...

Зошто бе, мене ми е сосема ок етикетата неверник, без разлика од кој извор доаѓа.:D Аутрајдер, неверникот. И онака судот на религиозните, дали се од страна на натприроден или секуларен бог...... не ми значи ништо. Нивното неодобрување е добар знак. Е сега понекогаш е проблематично во социјализацијата, човек ретко кога може да е искрен но што е тука е...