Не е дозволено да се интерпретира Книгата на некој друг. Колку ти е мудроста толку. Има слоеви таа книга (Liber Al vel Legis svb figura CCXX).
Другите под-точки ти се од Liber Oz (Правата на Човекот).
За да ги разбереш овие права за човекот треба да знаеш како прво и основно:
“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”
Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.
Зошто твојата чиста волја, највнатрешен двигател низ животот би сакал да убие или да застане на нечиј пат? Ти ако ги прифаќаш правата дадени во Liber Oz, зарем не прифаќаш дека и сите други битија ги имаат истите тие права?
Спознај се себе си и дејствувај. Понекогаш машинеријата шкрипи но со работа, се поправа се.
Ако си спремен да сметаш некому со своето дејствување, биди спремен и за последиците. Ако мислиш дека треба да убиеш, ќе лежиш затвор. Ако твојата волја е да бидеш наркоман, биди. Но тоа не те спасува да умреш од предозирање или да завршиш во затвор.
Законот на Телема не те ослободува од последицата. Никаде ние не велиме дека работиме надвор од природните закони. Ние велиме еднаш за секогаш да дознаете зошто сте тука и да работите да извадите максимално од вашето постоење!
Ако и ова не ти е јасно, слободно набави си ги книгите кои ги има на македонски и нурни ја главата во дефинициите и теоремите на Телемата и изучувај. Ќе дојдеш до свое разбирање...
П.С. Повеќе сакаме да даваме патокази отколку да толкуваме. Толкувањето ќе создаде или секта или догма. Не така!