Телема

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Запознаена си со тоа што е на листата? :)
Да помуабетиме, да видам зошто не ве интересира... ? :nerd

Идам да се помолам и да му заблагодарам на Господ па ќе спијам,друг пат муабети за листата на телемата :sleep :) (wave)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Идам да се помолам и да му заблагодарам на Господ па ќе спијам,друг пат муабети за листата на телемата :sleep :) (wave)
*Помеѓу луѓето биди човек,помеѓу кучињата биди волк*

Искуството е најдоброто училиште,само школарината е скапа!

Интересен потпис, телемитски ми делува некако! ;)
Добра ноќ и на тебе.
93 93/93
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Идам да се помолам и да му заблагодарам на Господ па ќе спијам,друг пат муабети за листата на телемата :sleep :) (wave)

Ах, јасно :)
Оди, прави што ти е волја ;)
Листата не е листа на Телемата - туку листа на теми за предавање кои опфаќаат разни дисциплини :)

Оди одмарај, ќе зборуваме јас и ти - ќе падне муабет. Чувствувам дека не ја мирисаш темава многу многу. Мх мх мх ;)
Добра ноќ :)
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
"The Universe is Change: every Change is the effect of an Act of Love; all Acts of Love contain Pure Joy. Die daily! / Death is the apex of one curve of the snake Life: behold all opposites as necessary complements, and rejoice!"
—Aleister Crowley
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Малку по детално објаснување за Nuit, Hadit, Ra-Hoor-Khuit? Што всушност преставуваат?

И дали телемата прифаќа одбивање на матерлијаното, т.е постоењето е само илузија

Ако може и за чакрите некој телемитски текст ако имате да постирате...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Малку по детално објаснување за Nuit, Hadit, Ra-Hoor-Khuit? Што всушност преставуваат?
II. Унивезрумот
Оваа Книга го објаснува универзумот.
Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).
Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.
Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.
На нашето сегашно ниво, објектот што ти го гледаш никогаш не е истиот како оној што јас го гледам; ние заклучуваме дека тој е ист, затоа што твоето искуство се совпаѓа со моето во толку многу точки што фактичките разлики во нашето набљудување се занемарливи. На пример, ако некој пријател оди меѓу нас, ти ја гледаш неговата лева страна, а јас десната, но ние се сложуваме дека тоа е истиот човек, иако можеме да се разликуваме не само според тоа што можеме да видиме од неговото тело, туку и по тоа што знаеме за неговите квалитети. Таа убеденост за идентичноста станува посилна колку почесто го гледаме и подобро го запознаваме.
Сепак, за тоа време никој од нас не може ништо да дознае за него, без оглед на целосниот впечаток што го остава на нашите умови.
Горенаведеното е крајно груб обид да се објасни системот којшто ги ускладува сите постоечки школи на филозофијата.

Ra-Hoor-Khuit е аспект на Хорус, Хорус пак е Богот на новиот еон.

И дали телемата прифаќа одбивање на матерлијаното, т.е постоењето е само илузија
Не, телемата е систем кој ги асимилира материјалното и духовното.
Еонот на Изида бил еон на материјалното, период каде материјалното било во прв план. Потоа следи Еонот на Озирис - период каде духовното добива приоритет на сметка на материјалното.
Еонот на Хорус е спој на предходните, Еон каде материјалното и духовното се спојуваат во симбиоза.

Ако може и за чакрите некој телемитски текст ако имате да постирате...
Kога е во прашање телемата, според мене најблиска асоцијација на чакрите се степените во О.Т.О
Еве еден текст во врска со нив:

Каков е Патот?
  1. Егото е привлечено кон Соларниот Систем.
  2. Детето искусува Раѓање.
  3. Човекот искусува Живот.
  4. Тој искусува Смрт.
  5. Тој го искусува Светот над Смртта.
  6. Целиот овој циклус од Сингуларни Настани е вовлечен во Анихилација.
Во О.Т.О. овие последователни фази се прикажани, како што следува:
  1. 00 (Минервал).
  2. I0 (Иницијација).
  3. II0 (Посветување).
  4. III0 (Преданост).
  5. IV0 (Перфекција или Егзалтација).
  6. P.I. (Потполн Иницијант).
Од овие Настани или Станици на Патот сите, освен три (II0) се единствено критично искуство. Меѓутоа, ние главно се занимаваме со многуте разновидни искуства на Животот.
Според тоа, сите следни Степени на О.Т.О. се разработување на II0, зашто е невозможно во една церемонија да се скицира, дури и во најзбиена форма, Учењето на Иницијантите во однос на Животот. Поради тоа Ритуалите V0 – IX0 се упатства за однесување на Кандидатот; Мајстор на Животот.
Неумесно е да се открие природата на овие церемонии; прво, затоа што нивните Иницијанти се обврзани со најстроги заклетви да не го направат тоа; второ, затоа што изненадувањето е еден од елементите во нивната ефикасност; и трето, затоа што Магиските Формули, кои се експлицитно или имплицитно содржани во церемониите, од практична гледна точка, се моќни и опасни. Точно е, тие се автоматска заштита; но првокласен Црн Магичар може да најде начин за да ги совлада овие пречки и да направи големи штети на другите, пред да го уништи повратниот удар од неговата артилерија.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Благодарам на деталното објаснување пријателе, е сега... од каде пак во сите овие аспекти се појавува Онтологијата? :unsure А плус бројот на чакрите е не-парен...

Целиот овој циклус од Сингуларни Настани е вовлечен во Анихилација. - Дали ова има некаква врска со реинкарнацијата...
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Благодарам на деталното објаснување пријателе, е сега... од каде пак во сите овие аспекти се појавува Онтологијата? :unsure А плус бројот на чакрите е не-парен...

Целиот овој циклус од Сингуларни Настани е вовлечен во Анихилација. - Дали ова има некаква врска со реинкарнацијата...
Чакрите никаде немаат директна поврзаност со телемата, затоа реков дека се претставени во тој текст само како средство за компарација.
Во врска со твоето второ прашање, не би навлегувал во објаснување, затоа што за тоа ќе треба дискусија во врска со природата на церемониите, а тоа е нешто за кое неможам да зборувам.