II. ОСНОВИ НА МЕТОДОТСакаш да кажеш дека е се што не опкружува околу нас, нешто кое чека да биде сфатено со човечки ум? Целта е апсолутно живеење во сегашноста или излевање надвор од "кутијата" преку просветлување или бидувајќи она што сме материјализирајќи ја нашата волја?
- Теологијата е неважна; зашто и Буда и Свети Игнациј биле Христоси.
- Моралноста е неважна; зашто и Сократ и Мухамед биле Христоси.
- Над-свесноста е природен феномен; оттука нејзините услови треба да се бараат повеќе во делата отколку во зборовите на оние кои ја постигнале.
III. ГРЕШКИ НА МИСТИЦИТЕ
- Бидејќи вистината е над-разумна, не може да се соопшти со јазикот на расудувањето.
- Оттука сите мистици пишувале бесмислици, а она што има смисла засега е неточно.
- И покрај се, како што мирната езерска површина дава поточен одраз на сонцето отколку надојдената поплава, оној чиј ум е најдобро урамнотежен, ако стане мистик, станува најдобар мистик.
- Бидејќи конечната вистина на тееологијата е непозната, сите морални прописи се произволни.
- Оттука студентот не го засега етиката како таква.
- Последователно, тој е слободен “да ја исполни својата должност во оној облик на живот во кој Бог милувал да го повика”.
- Бидејќи вистината е над-разумна, секоја разумна изјава е погрешна.
- Оттука студентот треба да се спротивставува на секое тврдење кое се презентира пред него.
- Штом разумните идеи се избркани од умот на ваков начин, се отвора простор за восприемање на духовната вистина.
VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ
- Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
- Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.