Телема

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Чакрите никаде немаат директна поврзаност со телемата, затоа реков дека се претставени во тој текст само како средство за компарација.
Во врска со твоето второ прашање, не би навлегувал во објаснување, затоа што за тоа ќе треба дискусија во врска со природата на церемониите, а тоа е нешто за кое неможам да зборувам.
Океј е. Тогаш чакрите си имаат врска со кабалата мислам. А кабалата е дел од Телемата или помешав јас баби и жаби пак? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Неее :D Чакрите немаат врска со кабалата туку со хинду традицијата.
Кабалата има сефироти, кои се распоредени на дрвото на животот.....но друг пат за тоа.
 
Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Од сите теми воопшто на форумот најпријатна за дискусија ми е на оваа тема.
Вака сега:

Свети Телемитски Текстови
Во книгата Светите Книги на Телема се повеќето вдахновени текстови на Кроули; тие се сметаат за канон на Телемитското Свето Писмо. Главната од нив е Liber Al vel Legis, Sub figura CCXX наречена Книга на Законот. Содржината на таа книга е криптична (пишана со тајно писмо) и Кроули подготви бројни коментари за појаснување. Од Телемитите се очекува да ја интерпретираат книгата за себе, со помош на Кроулиевите коментари и другите списи; но не е дозволено да им се наметнуваат своите толкувања на другите луѓе.

Превземено од: http://www.oocities.org

Како не е дозволено појаснување на другите луѓе? Дали од Телемитското друштво брат со брата не може да појаснува или надвор од братството, пример, еве јас не сум во Телема и некој Телемит не би можел да ми го толкува напишаното?

4.Човекот има право да љуби како сака - задоволете се во љубовта како сакате, кога и со кого ви е по волја. Al I.51

5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.

"Робовите ќе служат" -AL I.58

Интересно е што ова не би можел да си го појаснам сам себе, а ниту да го сфатам друг кога би ми го појаснувал. Ако убиеш некого кој ти ги ограничува овие права ( Прави како што ти е волја [ но и тоа има свој последици ] ) би одел во затвор, таму сите права би ни биле ограничени. Што тогаш? Збунет сум. :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Страната од која си го презел текстот е првата страница на Трину, О.Т.О. камп во Р.М.
Денес имаме две оази. Официјалниот сајт е http://www.oto-mk.net и другиот е http://secretfire.net ( О.Т.О. Оаза во Скопје).

Не е дозволено да се интерпретира Книгата на некој друг. Колку ти е мудроста толку. Има слоеви таа книга (Liber Al vel Legis svb figura CCXX).
Другите под-точки ти се од Liber Oz (Правата на Човекот).
За да ги разбереш овие права за човекот треба да знаеш како прво и основно:

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”
Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.

Зошто твојата чиста волја, највнатрешен двигател низ животот би сакал да убие или да застане на нечиј пат? Ти ако ги прифаќаш правата дадени во Liber Oz, зарем не прифаќаш дека и сите други битија ги имаат истите тие права? :)
Спознај се себе си и дејствувај. Понекогаш машинеријата шкрипи но со работа, се поправа се.
Ако си спремен да сметаш некому со своето дејствување, биди спремен и за последиците. Ако мислиш дека треба да убиеш, ќе лежиш затвор. Ако твојата волја е да бидеш наркоман, биди. Но тоа не те спасува да умреш од предозирање или да завршиш во затвор.

Законот на Телема не те ослободува од последицата. Никаде ние не велиме дека работиме надвор од природните закони. Ние велиме еднаш за секогаш да дознаете зошто сте тука и да работите да извадите максимално од вашето постоење!

Ако и ова не ти е јасно, слободно набави си ги книгите кои ги има на македонски и нурни ја главата во дефинициите и теоремите на Телемата и изучувај. Ќе дојдеш до свое разбирање...

П.С. Повеќе сакаме да даваме патокази отколку да толкуваме. Толкувањето ќе создаде или секта или догма. Не така! :D
 
Се чувствувам не иницијанирано сега.:D
Брат брата не рани тешко кој е не иницијаниран.
Btw благодарности за појаснувањето. :)
А тајна ли е кој степен сте ти и Abraxas?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Се чувствувам не иницијанирано сега.:D
Брат брата не рани тешко кој е не иницијаниран.
Btw благодарности за појаснувањето. :)
А тајна ли е кој степен сте ти и Abraxas?

Па јас не гледам потреба да знаеш кој степен сум јас.
А Abraxas ако му е волја слободно може да зборува за себе си што и како :)
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Од сите теми воопшто на форумот најпријатна за дискусија ми е на оваа тема.
Вака сега:

Свети Телемитски Текстови
Во книгата Светите Книги на Телема се повеќето вдахновени текстови на Кроули; тие се сметаат за канон на Телемитското Свето Писмо. Главната од нив е Liber Al vel Legis, Sub figura CCXX наречена Книга на Законот. Содржината на таа книга е криптична (пишана со тајно писмо) и Кроули подготви бројни коментари за појаснување. Од Телемитите се очекува да ја интерпретираат книгата за себе, со помош на Кроулиевите коментари и другите списи; но не е дозволено да им се наметнуваат своите толкувања на другите луѓе.

Превземено од: http://www.oocities.org

Како не е дозволено појаснување на другите луѓе? Дали од Телемитското друштво брат со брата не може да појаснува или надвор од братството, пример, еве јас не сум во Телема и некој Телемит не би можел да ми го толкува напишаното?

4.Човекот има право да љуби како сака - задоволете се во љубовта како сакате, кога и со кого ви е по волја. Al I.51

5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.

"Робовите ќе служат" -AL I.58

Интересно е што ова не би можел да си го појаснам сам себе, а ниту да го сфатам друг кога би ми го појаснувал. Ако убиеш некого кој ти ги ограничува овие права ( Прави како што ти е волја [ но и тоа има свој последици ] ) би одел во затвор, таму сите права би ни биле ограничени. Што тогаш? Збунет сум. :eek
Не е дозволено да се толкува ниту на профани, ниту иницијант на друг иницијант. Причината е поради тоа што секој има свој уникатен начен на осознавање и толкувањето од страна може да го однесе иницијантот во погрешен правец. Впрочем тоа е начинот на кој настануваат сите догми - кога одредено толкување или лично духовно доживување им се сервира на останатите како непроменлива вистина.
Затоа и постојат праксите, за иницијантот таа симболика која му се навестува да ја осознае а не да ја дознае. Има огромна разлика помеѓу овие два збора, и во таа разлика се крие причината поради ова правило.
За разлика од религиите, каде целта е да се оди на квантитет и да се придобиваат што повеќе следбеници, тука случајот е малку поинаков, тукa бројсноста игра најмала улога.
Ако некој сам неможе да ја најде поврзаноста помеѓу неговите искуства и сознанија со симболиката на телемитските свети текстови, тогаш не му е местото тука.

За крај само околу правата и нивното ограничување. Законот не ослободува од последиците, затоа е кажано - Се е Дозволено, нема Грев! Но има последица!

А кој допирни точки ги има Телемата со Гностицизмот исто така?
Мислам дека за ова најдобро да прочиташ за E.G.C. или Ecclesia Gnostica Catholica која е огранок на О.Т.О
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Имав малку повеќе слободно време со овие празници наши, па склопив еден интересен тест за оние кои се заморуваат со езотерија и што ги интересираат тие „тајни“ науки. Не е ништо посебно, чиста теорија, но да видите што знаете што не, и ако ве интересира да си научите :)
Повелете, линк.

П.С. Нема да добивате помош, не прашувајте :) Се може да најдете по книги веќе објавени и на македонски јазик. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas and Ghtalpo