Зависи зошто и како и кога е разнишан бракот - врската помеѓу мажот и жената во тој брак!
Не може да се глуми пред дете! Ако го прават тоа, детето ќе научи дека со глумење и лажење ќе може да живее во животот!
Одличен пример! NOT!
Претежно бракот пропаѓа од неверства и снемување пари! Иако последното е глупост за развод и барање разделба.
Исто така бракот не може да се одржи ако двајцата во бракот си ветиле верност еден кон друг (во стилот не плеткање со други личности - ниту љубов ниту секс!), а одеднаш ете ти еден од нив сака да има и друг/а! Одеднаш му штрекнува во умот - што правам јас, не сум за семејство, не за ваков вид!
Треба да се разјаснат некои дилеми со себе си и со идниот партнер во животот (да, во животот) пред да се појде по патот на градење семејство!
Кога се има дете - бракот се заборава! Бракот повеќе не е само врска маж - жена, љубов меѓу нив итн ! Кога луѓето ќе решат да бидат богови - и ќе создадат живот по нивниот лик - мора да се заборават земските работи и пречки!
Сето тоа мора да се надминува!
Се за детето!
Ако родителите имале волја да создадат живот, мора да имале и волја да го одржат тој живот совршен колку што можат подобро!
Еден ден тоа дете ќе стане бог како нив - ќе создава!
Но денес, за жал - секоја будала прави деца, гради деца, создава богови! Секој неурамнотежен ум кој што не решил ништо во врска со себе си и иднината - создава за да потоа избега од создаденото! Дури пак и се дрзнува да се расфрла со лаги пред создаденото за да си го оправда бладањето и грешките!
Браво!
Штета за децата кога имаат родители кои заборавиле дека се богови меѓу смртници!