Види сега, ко што кажа македонци и ние и вие. Тие сме си се знаеме кои сме нели, тие се стандардите, таа е платата.Македонциве сакет Охрид на одмор да идет, а поефтино од дома да поминет
Јас не барам во Охрид да биде се џабе, само цените нека бидат како што викаат старите колку чергата толку нозете. Ајде ок разбирам туристичко место е поскапо ќе биде 10-20 денари од нормално. Ок е.
Ама да ми продаваш лежалка 5 евра па со чадор плус 2 евра и пијачка плус 2 и квалитет никаков, а услуга божем козата на келнерот си ја убил мислиш секој момент ќе дојде ќе те претепа-јок не може. На бахамите да одам поефтино ќе поминам него во Охрид.
Ем скапо ем нема квалитет.
Ако ви е толку за парите направете тактика некоја ко во другите земји. Мени и во евра и во денари. Плескавица сакаш и 100 евра стави ја, ама нека биде достапна за твојот народ. И 200 нека биде, ама нека биде фер. А не секој човек само во џепот да се гледал.