Родена сум во православно семејство кое верува во својата религија и во Господ. Одиме во црква за празници, некогаш по неделите и кога ќе почувствуваме внатрешен немир па одењето во црква магично ја смирува душата.
Јас сум таков тип на човек кој навистина верува во нешто натприродно , верувам иако никогаш не сум го видела, слушнала. Ризикувам и верувам во нешто што не е материјализирано. И чувствата за љубов, надеж, страв, копнеж, не ги гледаме но сепак постојат,ги чувствуваме, ги очекуваме, им веруваме.
Да се бев родила во будистичко семејство ќе бев будист, да живеев во католичко семејство ќе го славев велигденот на католичкиот датум и тн. Но тоа не значи дека мене некој од дома ме тера да верувам во тоа што веруваат и тие. Јас едноставно се согласувам со животот кој го води моето семејство, добри луѓе, помагаат, даваат душа за своите блиски, и многу многу позитивности кои ги гледам низ обичните секојдневија. Од нив научив дека да се верува во невидливо нешто е доблест која не секој може да ја поседува.
Искрено верувам дека другарка ми, дедо ми и сите мое предци се на некое подобро место, и верувањето во тоа никогаш не ми било под сомнеж.