Верување во Бог

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
А нели бог едно време беше оној кој ги прифаќа сите на кои им треба засолниште ? Или ги дели луѓето на христијани, муслимани, верници и неверници... Ете зашто ми се гади од таквата религија, значи уште од самиот почеток е создадена или ај да речам искористена за да направи поделба меѓу народот и да наметне доминациска моќ.

Ептен ти е ограничена споредбата, ако не си верник-не смееш да одиш во црква.

Иако за мене тој "некој" е само субјективен термин, ке дадам ист пример. Шо праиме со сите тие илјадници луѓе кои одат во посета на музеите за Хитлер, неговите скривалишта и логори ? Помислата дека поголемиот дел од нив се таму за да искажат почит кон најозогласениот човек во историјата на човештвото е малце апсурдна.
Како што гледаш,народот ја прави поделбата,нема Бог на темава напишано кој треба да оди кој не.
Така да,нека не биде нападот врз религијата и врз библијата,туку врз самиот тој што прави поделби кој тој смета дека треба да влегува во црква а кој не.И тоа е негово право.
Ништо нично ни до тебе ни до ножето :)

А околу воведот на темата,да,беше во сакам да кажам како обично прашање но кога се направи како нова тема,можеше да се измени воведот,немаше да биде прв пат менување на вовед.
Но доколку авторот решил така да остане,наше е да си кажеме мислење и околу тоа,и тоа е дел од темата.

Јас немам против за било кого што сака да оди во црква,без разлика на неговата потреба од одење таму.Без разлика дали ке оди на празник или делник.
Единствено она што ми смета веке се изјаснив во соодветната тема околу тоа.
http://forum.crnobelo.com/threads/Црквата-како-институција.3650/
 
  • Like
Реакции: slb_bobo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Knife
Ајде да не те цитирам оти се лутиш :)
Но,
овде не дискутираме кој верува во религија а кој не,ниту пак зошто веруваме во религијата или зошто не
прашањето беше поставено зошто оние кои не веруваат одат по верските објекти.Сам погоре рече дека тие што не веруваат во Бог не треба да одат во црква,па затоа другите ние ти одговараме зошто имаме потреба да одиме во црква и со која цел а исто така и зошто пак тие што ја почитуваме религијата сметаме дека никој на никого нема право ни да му каже ни да му се чуди зошто оди во црква.
Тоа си е индивидуално право.:)
 
  • Like
Реакции: slb_bobo

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
31
Јас мислам дека банално е да се пишува дали верувате во бог или не, ако гледаме реално пред 90тите, луѓето веруваа во бог, затоа што околината така им налагала, прашајте некој од вашите родители дали познаваат некој од нивните редови кој не верува во бог, но денес имаме технологиии и науки кој се занимават со претерани изучување па не доведуваат во заблуда за онака навистина лични работи, јас би рекол дека на секој еден човек му е потребно да верува во нешто и да се надева на нешто тоа го прави однесувањето по долично, почитува некои правила, а они кој ја имаат толкувано библијата би се сложиле. Оние кој не веруваат.... надевајте се дека ако постои еден ден ке ви го прости и овој грев.
 

Aristokrat

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,335
1,153
Последниот пат кога бев на веронаука отецот рече дека тој што е доволно продуховен никогаш нема да се замара и да осудува кој или како верува,доволно ќе му биде со тоа што тој успеал да се доближи до Бог.Точно ги кажа и различните врсти на верници и кој и како пристапуваат до Бог и на каков начин.
 
  • Like
Реакции: melpomena and slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Темава ја вратив од мртвите, ви ги подзачистив препукувањата и го модифицирав воведот (се надевам Knife нема да ми замери) за да се насочи темата и да може да се дискутира во поширок размер.
Вакво злато не треба да е скриено. Лежи тука многу дискусија. Ако се сака. :)

И ќе ве замолам да се воздржите од лични напади врз оние кои не делат исто мислење со вас. Сепак ова е едно лично гледиште врз една комплексна и сензитивна тема.
 
  • Like
Реакции: slb_bobo and melpomena

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Темава ја вратив од мртвите, ви ги подзачистив препукувањата и го модифицирав воведот (се надевам Knife нема да ми замери) за да се насочи темата и да може да се дискутира во поширок размер.
Вакво злато не треба да е скриено. Лежи тука многу дискусија. Ако се сака. :)

И ќе ве замолам да се воздржите од лични напади врз оние кои не делат исто мислење со вас. Сепак ова е едно лично гледиште врз една комплексна и сензитивна тема.
Требало уште малку да ја подзачистиш ;)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Требало уште малку да ја подзачистиш ;)
Оставив некои кои почнале со оф топик, но потоа ја повлекле дискусијата во права насока.
Слободно пријави ги тие што мислиш дека се несоодветни, ќе ги разгледам. :)
 
  • Like
Реакции: The Tramp

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Не верувам во бог не затоа што атеизмот е во мода (?) туку зошто верба во бајки напишани од пустински камилари пред неколку века е жртвување на здравиот разум.

Јас не одам ни во црква ни во џамија, немам што да правам таму. Одам на гости за празници од почит спрема роднините или пријателите, а не зошто сум притаен верник.

Тоа е тоа, не знам што друго би се дискутирало на темава.
 
  • Like
Реакции: goodgod