Верување во Бог

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Верувам во Господ,верувам и се плашам од него дека кога ќе умрам ќе застане пред мене и ќе ми суди за сите погрешенија.Постојат луѓе атеисти или безбожници кој се исмејуваат кога ќе слушнат господ а се подобри личности од било кој христијанин не ми е јасно што се случува со нив.
Тоа е доказ дека не е неопходно никакво верување во некој господ за да бидеме добри луѓе. Нити пак треба да се плашиме од некаква си казна после смртта. Го жалам оној кој го поминува животот плашејќи се од некаква си казна по смртта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Тоа е доказ дека не е неопходно никакво верување во некој господ за да бидеме добри луѓе. Нити пак треба да се плашиме од некаква си казна после смртта. Го жалам оној кој го поминува животот плашејќи се од некаква си казна по смртта.

Зарем ни малку не размислуваш што ќе ти се случува после смртта
Треба сам да си се жалиш кога ќе ти дојде времето пријателче.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Сакам да ве прашам сите кои не верувате во Бог, зошто се нарекувате христијани и секој празник одите во црква? За да се извидите со пријателите или од помодарство, сите идат па ај и јас ќе идам. :rolleyes:
Да, за секој празник одам во црква и палам свеќа.
На лето одам во една црква во Велгошти, Охридско - Руса Среда што е отворена секоја среда и ручам таму.. Милина :)
Одам затоа што сакам да одам, верувам во Бог и сакам да се помолам за нешто, да се опуштам. Не одам да се извидам со другарите пошто одам со роднини а не со пријатели.
 

katetoo

Истакнат Член
28 јуни 2012
61
62
318
одењето во црква не не прави верници. јас одам некогаш, а тоа обично не е на големите празници, туку ко ќе ми текне на мене, а не сум некој којзнае каков верниик. уствари ни не знам дали верувам во Бог.. сепак тоа е нешто шо не е докажано...
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Ништо лично, ама воведот е никаков.

Иначе како шо и самиот рече има исклучоци, ете и јас да си кажам дека сум еден од нив, односно дека не верувам во ниедна религија, а сепак тоа не ме спречува да влезам во црква кога сакам. Зарем во црква смеат да влегуваат само верници, зарем сите атеисти кои одат во посета на црква се помодари ? Глупости. Јас, или некој друг не одиме во неа да се молиме или да палиме свеќа. Мене на пример ме интересира архитектурата на овие храмови, посебно оние постарите, сакам да ги видам одблизу иконите, фреските, да ги допрам, да го осетам амбиентот, ентериерот. Значи повеќе од културно и естетска гледна точка. Сакам да слушнам за историјата на црквата, како е изградена, шо поточно означува некоја нацртана фреска и слично. Некои работи можат да бидат навистина интересни и фасцинирачки.
Туристите шо одат во посета на џамиите, синагогите или храмовите на буда се сите верници ? Секако не, ама религиската врска не е единствената која мора да постои за тие да можат да влезат во тие градби.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Епа тоа е кога луѓето поистоветуваат вера со традиции, обичаи, музика, уметност, архитектура произлезена од одредена религија.
Моите уверувања не се христијански, но јас уживам да слушам црковна музика, ги празнувам христијанските празници бидејќи сакам да ја негувам традицијата на моите предци, ме фасцинираат цркви и манастири. Исто не се ни муслимански моите уверувања но некогаш некоја илахија знае да ме наежи, сакам да си пуштам суфи музика, исто и некои џамии ме фасцинираат со нивната грандиозност и мистика. Истото е и за хиндуизмот, индијанските религии итн. Моите уверувања не припаѓаат на некоја од гореспоменативе религии, но тоа не значи дека не треба да ги негувам традициите, да слушам илахии или да чувам на наткасната статуетка од Шива или Буда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Како прво воведот е таков каков што е, затоа што беше само едно обично прашање во темата Сакам да кажам, а јас не барав да се отвори тема за тоа. Како второ, да, сите ги интересира архитектурата, и сите oдат таму за да видат фрески и не знам што. Барем ако не се сметате за христијани, отпишете се од црквата, па после одете ако сакате и во џамија и во катедрала и гледајте ја архитектурата. Дефинитивно не ја сфаќам поентата, со неверување во Бог, а одење во црква - бидејќи нели црквата е домот божји и со неверување во него, нема ни потреба да одиш таму. Тоа е како да отидеш на гости кај некој што не го сакаш и не го почитуваш. Ако одите за архитектурата да ја видите, бар не го правете тоа во недела или во денови кога е голем христијански празник и кога сите се во црква!
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
А нели бог едно време беше оној кој ги прифаќа сите на кои им треба засолниште ? Или ги дели луѓето на христијани, муслимани, верници и неверници... Ете зашто ми се гади од таквата религија, значи уште од самиот почеток е создадена или ај да речам искористена за да направи поделба меѓу народот и да наметне доминациска моќ.

Ептен ти е ограничена споредбата, ако не си верник-не смееш да одиш во црква.

Тоа е како да отидеш на гости кај некој што не го сакаш и не го почитуваш.
Иако за мене тој "некој" е само субјективен термин, ке дадам ист пример. Шо праиме со сите тие илјадници луѓе кои одат во посета на музеите за Хитлер, неговите скривалишта и логори ? Помислата дека поголемиот дел од нив се таму за да искажат почит кон најозогласениот човек во историјата на човештвото е малце апсурдна.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
А нели бог едно време беше оној кој ги прифаќа сите на кои им треба засолниште ? Или ги дели луѓето на христијани, муслимани, верници и неверници... Ете зашто ми се гади од таквата религија, значи уште од самиот почеток е создадена или ај да речам искористена за да направи поделба меѓу народот и да наметне доминациска моќ.

Ептен ти е ограничена споредбата, ако не си верник-не смееш да одиш во црква.

Иако за мене тој "некој" е само субјективен термин, ке дадам ист пример. Шо праиме со сите тие илјадници луѓе кои одат во посета на музеите за Хитлер, неговите скривалишта и логори ? Помислата дека поголемиот дел од нив се таму за да искажат почит кон најозогласениот човек во историјата на човештвото е малце апсурдна.
Споредбата си е на место. Само кој како гледа на тоа. Јас да не верувам во Бог никогаш не би ни отишол во црква. Едноставно би се запрашал што барам таму, зашто црквата е дом на сите верници во христијанството, ако не веруваш во него, а си отишол во црква, значи си залутал... Така да бесцелно е да се убедуваме, кога се гледа дека имаме спротивставени ставови. ;)