Ништо лично, ама воведот е никаков.
Иначе како шо и самиот рече има исклучоци, ете и јас да си кажам дека сум еден од нив, односно дека не верувам во ниедна религија, а сепак тоа не ме спречува да влезам во црква кога сакам. Зарем во црква смеат да влегуваат само верници, зарем сите атеисти кои одат во посета на црква се помодари ? Глупости. Јас, или некој друг не одиме во неа да се молиме или да палиме свеќа. Мене на пример ме интересира архитектурата на овие храмови, посебно оние постарите, сакам да ги видам одблизу иконите, фреските, да ги допрам, да го осетам амбиентот, ентериерот. Значи повеќе од културно и естетска гледна точка. Сакам да слушнам за историјата на црквата, како е изградена, шо поточно означува некоја нацртана фреска и слично. Некои работи можат да бидат навистина интересни и фасцинирачки.
Туристите шо одат во посета на џамиите, синагогите или храмовите на буда се сите верници ? Секако не, ама религиската врска не е единствената која мора да постои за тие да можат да влезат во тие градби.