Верување во Бог

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Наклонетоста кон религијата е личен избор. Дали?
Дали верувањето во Бог е ваше лично гледиште или можеби таа стравопочит кон Севишниот ви е наметната од постарите генерации? Што е она што ве тера да верувате во Бог?
Дали можеби е најлесно сите необјасниви работи да ги наметнеме на поим кој сеуште ни е апстрактна појава или навистина од срце верувате дека Тој е оној кој се справува со сиот хаос на светот?
Колку навистина верувате? И зошто?

Сакам да ве прашам и сите кои не верувате во Бог, зошто се нарекувате христијани и секој празник одите во црква? За да се извидите со пријателите или од помодарство, сите идат па ај и јас ќе идам? Или можеби се плашите да си ја признаете себеси и на другите својата верба, а истовремено се плашите да не сте исмеани од “модерното општество“, па ова го гледате ко единствен баланс?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зарем атеизмот е во мода? :^)
Тоа значи дека кога немало толку атеисти порано, христијанството било во мода, односно да се биде христијанин.
Или пак значи дека денес науката се има развиено до тој степен, каде што се поочигледно е дека христијанството е фарса. Океј океј, за некои е, за некои не е. Сепак, секој има право на мислење и право да верува во што сака.
Плус, ако си верник, а глумиш дека си атеист (од било која причина), тоа ти е најголемиот грев и најспротивното нешто што можеш да го направиш како верник... што значи дека не си верник. Или барем не сфаќаш дека не си.
А и кој би признал дека глуми дека е атеист?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Уште колку секти ќе се формираат против верувањето во Бога?
Кажи сега дека веруваш дека ќе дојде крајот на светот.... глупости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gabi96

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Сакам да ве прашам сите кои не верувате во Бог, зошто се нарекувате христијани и секој празник одите во црква? За да се извидите со пријателите или од помодарство, сите идат па ај и јас ќе идам. :rolleyes:
Се нарекувам христијанин, либерален христијанин поради тоа што го почитувам ликот и делото на Емануил а.к.а. Исус Христос. Тој за мене е историска личност, нешто како Буда. Моите гледишта кон ентитетот Бог се повеќе пантеистички. Одам в’црква по неделите од причина што ми останало навика од времето кога бев побожен православен рисјанин, а и убаво ми е ко ќе станам така порано околу 8.30 и денот одма ми започнува со луѓе, кафе, прошетка одколку од кревет директно да се заковам на лаптоп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marijaaa

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Да верувам, сум крстен и сум православен христијанин. Идам во црква, пробувам да учествувам во христијанскиот живот колку толку, имам духовен отец и кај него идам за сите прашања и совети за верата и за животот во општо.

Мортидо Пријателе отиди си во манастир на литургија и разговарај со отците, ХРИСТОС НЕ Е САМО историска личност тој е СИН БОЖЈИ.

Бидејки не ми е дадено да учам само ќе ви го цитирам следново ИЗВОР: http://bigorski.org.mk
РАСУДУВАЊE
Христијанинoт нe вeрува вo касмeт, вo судбина и вo кoбeњe. Акo Бoг ги oпрeдeлува
главнитe линии на нашиoт живoт, Oн спoрeд нашата мoлитва и заслуга мoжe да ги прoмeни.
Така, на царoт Јeзeкија му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини (Иса. 38); на прeпoдoбниoт Диј
(19 јули) истo така му гo прoдoлжил живoтoт за 15 гoдини. На Василиј Вeлики Бoг му гo
прoдoлжил живoтoт, спoрeд мoлитвата на свeтитeлoт, за eдeн дeн дoдeка да гo крсти Eврeинoт
Јoсиф, свoјoт лeкар. Нo, какo штo спoрeд мoлитвата Бoг мoжe да гo прoдoлжи живoтoт, така,
спoрeд грeвoт, мoжe и да гo скрати. Царoт Анастасиј сe придржувал кoн Сeвирoвата eрeс,
таканарeчeна анакeфалитска (бeзглавна) кoја ширeла лага дeка на црквата нe ѝ трeбаат
eпискoпи и свeштeници, туку дeка сeкoј на сeбe си e eпискoп и свeштeник, и дeка сeкoј има
правo на свoј начин да гo тoлкува Свeтoтo писмo и да ги учи другитe какo тoј знаe и какo
вeрува. Залуднo патријархoт св. Јoван гo сoвeтувал царoт да сe врати кoн правoславната
вистина, нo царoт нe самo штo нe ги усвoил сoвeтитe, туку гo клeвeтeл патријархoт, барајќи
начин да гo прoтeра. Eдна нoќ царoт видeл вo сoн нeкoј страшeн маж на вoзвишeн прeстoл кoј
држeл книга вo раката. Тoј маж ја oтвoрил книгата, гo нашoл имeтo на царoт Анастасиј и
рeкoл: “Јас сакав да дoзвoлам уштe дoлгo да пoживeeш, нo заради кривoвeрствoтo твoe eвe ти
бришам 14 гoдини oд твoјoт живoт”. И нeштo избришал oд книгата. Исплашeн царoт, скoкнал
oд сoнoт и свoјoт сoн гo раскажал на свoитe истoмислeници. Пo нeкoлку дeнoви, удрил грoм вo
царeвиoт двoр и гo убил царoт Анастасиј.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакам да ве прашам сите кои не верувате во Бог, зошто се нарекувате христијани и секој празник одите во црква? За да се извидите со пријателите или од помодарство, сите идат па ај и јас ќе идам. :rolleyes:
Еве јас не сум верник но стапнувам во црква поради тоа што ја сметам како градба од културно наследство.
 

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Еве јас не сум верник но стапнувам во црква поради тоа што ја сметам како градба од културно наследство.
А Светите икони, Светите ОТци чии тела се нераспаднивли од кои тече миро, Благодатниот Оган Итн ?!
не си слушнал за сите овие чуда
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Мортидо Пријателе отиди си во манастир на литургија и разговарај со отците, ХРИСТОС НЕ Е САМО историска личност тој е СИН БОЖЈИ.
Хех, абре кажи си во што си веруваш и не туку дели совети што е право а што криво. Видиш како јас само си се изјаснив за моите уверувања без притоа да прозвам никого погоре да ми се придружи на ’’мојот пат’’? Ти терај си по твоето и не наметнувај го другому. Фала на разбирањето. ;)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А Светите икони, Светите ОТци чии тела се нераспаднивли од кои тече миро, Благодатниот Оган Итн ?!
не си слушнал за сите овие чуда
Не. Јас подлегнувам исклучиво на сопствените сетила. Во чуда не верувам (додека не ми се случи мене). И да, повеќе ја почитувм матерјалната култура. Не ми прави голема разлика ако влезам во убава црква или џамија. Повеќе ме интересира како била изградена (добро де и причините некад ме интересираат - што ги има натерано луѓето да го изградат верскиот објект).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: katetoo

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Верувам во Господ,верувам и се плашам од него дека кога ќе умрам ќе застане пред мене и ќе ми суди за сите погрешенија.Постојат луѓе атеисти или безбожници кој се исмејуваат кога ќе слушнат господ а се подобри личности од било кој христијанин не ми е јасно што се случува со нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot