Личен избор.Нема дали...
Не постои стравопочит, посебно не кон нешто што се смета за божественост и кон кое би се стремел човекот. Божественоста е збир од идеали кои се разликуваат од ѕвезда до ѕвезда, од човек до човек... секогаш има некоја мала разлика која го прави односот човек-божественост премногу интимен и за кој не може да се зборува со друг.
Не постои сила која може да ме натера да верувам во Бог( не знам зошто со голема буква, заради библијата, светата книга на христијаните?). Реков и претходно се започнува со верување, доверба, надеж... но ако со текот на времето нема промени и врз сето тоа верување и надеж да се гради со искуство ... не е мудро да останеш на „верата“ заради наметнатото од предци, општество итн итн...
Не сум христијанин и не одам во цркви заради литургија, но вреди да се оди да се види целата таа архитектура и начин на градење.
Модерното општество за сешто ќе ти се смее, без разлика и најдоброто да си. Така да... бидете свои и уживајте во животот и извлечете го најдоброто од вас. Ниту еден бог, знаен или незнаен, „вистински или не“ нема да ве осуди. Ќе ве осудат луѓето! А за тоа, треба да сте спремни ако го одите својот пат...
Претходното модерно општество распнуваше иницијанти на крст бидејќи беа закоравени во нивните верувања. Да не бидеме „модерно општество“ од тој калибар.
