Верување во Бог

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,871
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да зборуваме за исто, немаше да зборуваш за другите како се заробени и слично, а ти зборуваш за твоите секташки старо-еонски фрази, на кои си накалемил свои идеи што би било кога би било како да се апсолутна вистина - а не се и немад а прифатиш дека не се бидејќи си од оние „просветлени“ кои ќе владеат на драго срце во својот пекол, отколку да признаат дека ништо не промениле ниту знаат да променат ниту кај себе ниту во опкружувањето нивно...
Доста бараш оправдувања за твојата мрзливост и омраза во метафизиката и фрази како духовност и „кршење на себство“ а со тоа јалово се обидуваш да негираш закони и правила кои ги избегнуваш, а расправаш како се скршени и надминати. А не знаеш ниту што со тие закони ниту како се виткаат не пак кршат.

Законот се крши со спознавање и надминување на истиот, не со бегање и негирање со глупости, без основа. Тоа се прави од неуки и луѓе полни со омраза бидејќи ќе им се сруши светот ако осознаат дека не е тоа така како што им замислувал умот!

Разбери еднаш, аман.

Тебе ти е помило верувањето во нештата, како ти мислиш дека фунцкионираат, без искуство, без знаење, без реално спознавање.
Такви зборувате за духовност и богови и сешто...

А пак одозгора се дрзнуваш да велиш за другите: што Закон? Само ве заробува... исто колку што Сонцето на Земјата ме заробува толку и Телема и Новиот еон заробува, но што разбира секташ кој што сеуште бара смисла во зборовите за гревот и зборувањата на Исус ? Бесцелно мене ми ги виткаш овие сказни со други зборови, знам што зборуваш и тоа е одвратно и лага. Ништо посебно од христијанските догматици.
Од тука ти е сето она со синови, деца, богови... доста е!
Среди си умот имаш пракси од истокот... со забегување, ништо.

Произведувај ајде струја - кои примери, страшно - само да не се прифати основна ствар која функционира за се и на секоја основа :)
Ајде, тркалај со тоа твоето внатрешно, надворешно, дејствуваш, не дејствуваш... тоа кај други кога ќе сакаш да оставиш впечаток на „просветлен“ човек.
Досадно е веќе, не можам да се повторувам... доволно е кажано...

Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
317
130
1,053
89
Со ова што го напиша , директно одиш против телема.
Да те потсетам, секој маж и жена е ѕвезда.
Или кај вас "ѕвездата" мора да биде осветлена од законот на вашата секта?
Како да не ти одговара постоење на поинакво духовно разбирање?
Уште и Аиваз некој ти е потреба закон да ти диктира, како да немаш доволно "светлина" самиот да засветиш!!

Типично секташки разговор водиш, во недостаток на духовност нападот е најдобра одбрана.

Седни учи од своето постоење ,а не од некој сили што владееле со земјата.:facepalm2
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,871
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Толку ти разбираш што е Телема ама ајде...
Оди учи за Телема и имај искуство и потоа слободно отфрли и биди што сакаш, не да зборуваш напамет бидејќи некој ти згрешил што е Телемит па сега дрдорење глупости за работи кои не се разбираат...
Законот не зависи од тебе и твоето разбирање на истото, не си троши здивот и животот залудно...
Пробај го Законот, што ќе изгубиш освен што ќе имаш повеќе искуство? :)
Не верувај каков е Законот и дали боговите постојат или не!

Така не си ништо подобар од оние кои во стариот еон ви зборуваа да верување и ќе сте блажени, кои ве убедуваа дека божественото не е достижно...
Колку и да ги виткаш твоите сфаќања за светот, пак си заглавен во стариот еон од пусти страв и омраза всадена од твоето минато искуство...
Надмини.

И реков претхоно:

Законот се крши со спознавање и надминување на истиот, не со бегање и негирање со глупости, без основа. Тоа се прави од неуки и луѓе полни со омраза бидејќи ќе им се сруши светот ако осознаат дека не е тоа така како што им замислувал умот!

Разбери еднаш, аман.
Тебе ти е помило верувањето во нештата, како ти мислиш дека фунцкионираат, без искуство, без знаење, без реално спознавање.
Такви зборувате за духовност и богови и сешто...

Доста бараш оправдувања за твојата мрзливост и омраза во метафизиката и фрази како духовност и „кршење на себство“ а со тоа јалово се обидуваш да негираш закони и правила кои ги избегнуваш, а расправаш како се скршени и надминати. А не знаеш ниту што со тие закони ниту како се виткаат не пак кршат.

П.С. Секти има само во стариот еон - не биди дете на старите богови ;)
 
-alf-

Староседелец
28 август 2015
317
130
1,053
89
И реков претхоно:

Законот се крши со спознавање и надминување на истиот, не со бегање и негирање со глупости, без основа. Тоа се прави од неуки и луѓе полни со омраза бидејќи ќе им се сруши светот ако осознаат дека не е тоа така како што им замислувал умот!
Види вака , ова може да го прифатам за точно од некој што не следи никаков закон.
Колку време го "кршиш" законот со себеспознавање и се обидуваш да го надминеш истиот?
Наместо отфрлање на законот од тебе тука добиваме само цврстина во неговата вистинитост / исправност.
Ако некој нема основа , во контекст на "кршење" закон, си ти.
Истражување не е потебно, учење уште помалку, но што да ти објаснувам тебе кој сеуште како слеп за стап се држиш за некаков закон од некој пратеник на силите кој владеат со земјата.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,871
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Тоа дома да се учите меѓу себе дека учење не треба, истражување уште помалку... крвта вода не бидува!
Да си верувате во сешто, да си се молите за сенешто - ние другите, ќе се мачиме да истражуваме - такво е времето денес.

Затоа и сеуште постојат вакви теми како Верување во Бог... со голема буква Бог бидејќи нели... стар еон, казнување, гревови... :)
Ајде, ќе помине.
 
Море Хепта, си слушнал ли ти некој да "умре" од учење?
Јас сум слушнал дека некој од учење скренале со умот, ама не и дека ја вкусиле "смртта".
Ако веќе си одбрал пат на просветлување , почни да отфрлаш од себеси, а не да додаваш.
Кога веќе ги спомнуваш старо еонските школи имаше еден добар цитат кој вика дека полесно е да протнеш слон низ иглени уши...понатака знаеш(начитан си),.а вие вака, полни со знаење, само бендисани мислиш можете да се протнете?

Факултет не е духовноста, да седнеш и научиш, малку пракса, малку јога и мислите господ сте го фатиле за брадата.
Каде бре со тој памет?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,871
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Да, големиот страв од смртта... сешто умот на човекот прави во поглед на тоа.
Гласови се слушаат, виденија се имаат и човек со слаб дух мисли дека господ го фатил за брада - но тоа не е реално, го уништува човекот од внатре...

Пред да поучуваш други што да прават со себе си - реши си ги мистериите свои што си ги носиш - да го сакав Гурџиев и јас ќе зборував како ти што збориш :)
Или ќе го цитирам Лао Це и ќе бладам за Тао и слично...

Работата е што верувањето го ставате над искуството и спознавањето!
Стариот еон е силен во својот крај! Но поминува, самиот кажа :)
 
Ти овие ставови ги кажуваш од искуство или од читање книги ?
Да не прашам дали случајно Аивазот ти шепнал?
Зборуваш во множина, како на оние кој читаат им се обраќаш.
Треба да ти повторам нешто во врска со alf, нема верување, нема група или филозофија на која припаѓа, нема бог ниту закон кој го следи.
А ти, окован во ланци(закони), затворен во ѕидови (време), со туѓи зборови во устата , му објаснуваш на alf за духовност.
Дали ја разбираш спротивноста во нашете комуницирање.
До безсвест ќе се лигавиш за староеонските школи, како нивното време поминало , а дошол новиот еон и вие во него како предвесници.
Не е бре телема алфа и омега , туѓа слава сакате да присвоите.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,871
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Зборуваш во множина, како на оние кој читаат им се обраќаш.
Човекот што седи зад монитор со алиас алф зборува исто како Ошо... ништо посебно. НО секако ќе фасцинираш некој помалку запознаен со работите за кои зборуваш, како голем ослободен адепт кој што не стапнал на патот за кој зборува ;)

И да, зборувам во множина бидејќи ова е јавен форум - читаат многу луѓе, дали сега дали во иднина (веќе го кажав тоа вчера мислам на друга тема) - јас пишувам за нив, ти си само алатка со овие твои обиди за навреди и слично...
Не сум дојден да разглобувам дијалози со луѓе кои немаат никакво искуство за овие ствари, туку за оние кои бараат и знаат што бараат, можеби ќе им послужи нешто од ова сега јас што го зборувам на форумиве...
Другото, е небитно... ниту јас сум битен, ти пак уште помалку во однос на она што јас го зборувам бидејќи не можеш да го разбереш и постојано ќе се ставаш „дијагонално спротивно“ на она што не го разбираш.
Каде бре така? Дома?

Ќе ти помине и Телема и омраза и се - само нели, треба да отфрлаш од себе си нели, не да градиш кули со темели во песок. :)
 
:) Ошо викаш:D
Омраза?Не бре Хепта, неможе да се мрази духовно учење, може само да не се согласуваш со истата.
Додека вие на цел еден еон со сите староеонски шлоли сте им гневни што сакате да ги закопате идигнувајќи го некојси нов еон, ама многу побитно во целата приказна е што ви е како закон дадено од силите кој владеат со земјата.Каков парадокс.:zelen