Каков одговор даваат некои? Некои мислат дека Бог ги допуштастрадањата за да нѐ научи да бидеме понизни и сочувствителни. Други сметаат дека луѓето страдаат во овој живот за гревовите што ги направиле во некој претходен живот.Прости ми Боже но кога ми е се добро Ти верувам,но кога ке видам трагедии како оваа со бродот во Колумбија и колку дечиња се удавија во ладните води,тогаш Не верувам дека постои бог што би дозволил такво нешто.
Што би значеле тие одговори? Бог е бесчувствителен на човечкото страдање и затоа е тешко да го сакаме. Бог е суров.
Што вели Библијата? Библијата отворено покажува дека Бог не е виновен за страдањата на луѓето. „Никој, кога ќе се најде во искушение, нека не вели: ‚Бог ме искушува‘. Зашто, Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (Јаков 1:13). Всушност, идејата дека Бог е виновен застрадањата не е во склад со начинот на кој е опишан во Библијата. Како тоа?
Една од главните особини на Бог е љубовта (1. Јованово 4:8). За да го нагласи тоа, Библијата ни открива дека Бог има чувства слични на една мајка. „Може ли жена да го заборави своето доенче и да не му се смилува на синот на својата утроба?“, прашува Бог. „Ако таа и го заборави него, јас нема да те заборавам тебе“ (Исаија 49:15). Можеш ли да си замислиш една грижлива мајка намерно да го повредува своето дете? Напротив, еден родител што си го сака детето би направил сѐ за да му го олесни страдањето. Слично на тоа, ниту Бог не ги предизвикува страдањата на невините луѓе.
Сепак, факт е дека страдаат невини луѓе. Затоа, можеби се прашуваш: ‚Ако Бог е заинтересиран за нас и ако е семоќен, зошто не ги отстрани сите причини за страдањата?‘Има добри причини зошто Бог засега и понатаму ги допушта страдањата. Да спомнеме само една: Честопати луѓето се тие што им предизвикуваат страдања на другите. Многу од оние што им нанесуваат болка на другите не сакаат да се променат. Значи, Бог мора да ги уништи таквите луѓе за да отстрани една од главните причини за страдањата.
Најчесто, ЛУГЕТО го обвинуваат Семоќниот Бог затоа што мислат дека тој е вистинскиот владетел на овој свет. Не знаат една едноставна, но важна вистина што ни ја кажува Библијата. Вистинскиот владетел на овој свет е Сатана Ѓаволот. Библијата јасно вели: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Кога ќе размислиш малку, зарем тоа не ти звучи логично? Овој свет ги одразува особините на невидливото духовно суштество што „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9). Сатана е измамник, суров и полн со омраза. Затоа и светот што е под негово влијание е полн со измама, суровост и омраза. Тоа е една причина зошто има толку многу страдања.Исус ни дал надеж дека ќе дојде време кога ќе нема страдања. Своите ученици ги поучил да се молат: „Татко наш, кој си на небесата... Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Кога ќе дојде Божјето Царство, на Земјата повеќе нема да има страдања, исто како што нема страдања ни на небото.
Последна промена од модератор: