Пиво фест - Прилеп

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Не ги гледав најавите, не ме интересирало па да гледам кој ќе настапува бидејќи не ми било во план да доаѓам. ГИ гледам клипчињата што ги постираше зошто ме интересираше како било, и ги спомнав само тие што ги водив на твоите постирани клипови.
Е арно ама немам јас неограницена меморија а еден тон батерии на полнење :D Снимав тоа што ми текна и за што имав можност односно време и слободен кадар. За кирил бев сам и до ограда па има малку повеќе и поквалитетно а инаку од далеку и низ шутка нема поента да сеснима ....
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Луѓето со кои бев годинава на Пиво фест и позитивната атмосфера ми го направија настанот прекрасен, идеален за летово. :)
Бев петокот, саботата и неделата, и воглавно ми се допаднаа настапите на сите настапувачи, со исклучок на Џеј и Лепа Брена. Не, такви имиња НЕ ни требаат на настани од ваков тип, можеме и без нив!
A, и да, би сакал да ги пофалам настапите на Влатко Стефановски (неповторлив маестро со гитара), Кирил Џајковски (ја збудале публиката - и мене :sram - и воздигна атмосферата до точка на вриење со прилично едноставен и едноличен микс) и Петар Грашо (речиси и да не знаев/знам ништо за него, но воспостави прекрасна врска со публиката, располагаше со одлични гестови и точно знаеше кога и што да каже).
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Има некој сознание кои ке настапат на овогодинешниот Пиво фест?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Има некој сознание кои ке настапат на овогодинешниот Пиво фест?
Па мислам не се знае сеуште, никаде нема објавено, ама прочитај-некој од овие ќе биде.
За прв пат оваа година, организаторите им даваат можност на посетителите сами да си одберат дел од изведувачите. На официјалната веб страна е поставена анкета преку која може да се гласа за повеќе од 30 изведувачи. Од странските артисти тука би требало да ги споменеме: Carl Cox, 2Cellos, Phil Hartnoll од Орбитал, Swedish House Mafia и Tom Boxer & Antonia. Од македонските и екс-ју изведувачите може да се бира помеѓу: Архангел, Горан Брегович, Џибони, Прљаво Казалиште, Плави Оркестар, Дивље Јагоде, Дино Мерлин, Едо Мајка, Галија, Бајага, Каролина Гочева, Елена Ристеска и тн.
И еве ти уште нешто.
http://kriglapivo.com/goran-bregovic-inna-pivofest2013/
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Јас па не знам каде прочитав дека Пиво фестов годинава слободно може да се преименува во Шабан фест, според балканските „великани“ кои веројатно ќе настапат. Сепак, тоа што го прочитав беше некоја неофицијална изјава од некој квази-квалификуван портал, така што колку треба да се земе сериозно најавата оставам на вам.

Но мене лично ми е сеедно, зашто секоја година таму одам за да си ја видам омилената багра Прилепчани, не за музиката. Така ќе биде и годинава. Ако веќе и од неа има нешто квалитетно, тоа ни доаѓа само како бонус. :)
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Нема да им оди во прилог да го направат безвезе , сепак секогаш носеле пеачи и дј да се исполни секој вид вкус на музика
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Отвора (настапува прв ден) 2Chellos а затвора последно Горан Бреговиќ ... се измеѓу не се знае засега :D
Јас па не знам каде прочитав дека Пиво фестов годинава слободно може да се преименува во Шабан фест, според балканските „великани“ кои веројатно ќе настапат. Сепак, тоа што го прочитав беше некоја неофицијална изјава од некој квази-квалификуван портал, така што колку треба да се земе сериозно најавата оставам на вам.

Но мене лично ми е сеедно, зашто секоја година таму одам за да си ја видам омилената багра Прилепчани, не за музиката. Така ќе биде и годинава. Ако веќе и од неа има нешто квалитетно, тоа ни доаѓа само како бонус. :)
Брат колку сакаш кажувај Бреговиќ не може да го вметниш во тие шабанериите кои да, ги има и ќе ги има бидеќи одамна пиво фест заврши да биди смао пиво фест, сега би дошло нешто како штанцање на пари за општината - фест. Нафта да имаше на тие квадратите во центар што се на шемата за штандови немаше да одат по таа цена како изминативе години. Од 1 евро одамна, лани беше 8-10евра чинам а за годинава ако не им текни и 15 да побараат. И така тие таму со штандовите за 10 на 10 што е ништо простор треба да дадат 1000 евра. Ама дека нема каде да постават на тие 100 квадрати скари, пијалак/фрижидери маси ... мора да земат повеќе па после види математика квадрати, келнери, скараџии, брендирање... и кажи дал ова сеуште е само пиво фест... Али како и да е... народ ќе има и биди како во кошница со пчели ...
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Јас секоја година присуствувам. Има пеачи за секој вкус, макар шо ко ќе викнат онакви шо пеат шабанско :rolleyes: поубаво ич да не ги викаат шо е до мене.:giggle
Лани посебно си поминав не заборавно за четирите вечери. :)
А да не знае некој кој ќе присуствува годинава?
Јас имам информација само дека ќе идел Владо Георгиев