Тајната за успех на една врска

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Предизвикот да се постигне нешто, заеднички, низ живеачката. Дали да се изгради живеалиште, дали да се порасне дете, дали да се доживеат нови искуства, да се пребродат тешкотиите независно на чија глава ќе паднат...а паѓаат...or all of the above...важно да има нешто кон кое се стремат двете страни. Можеби најдобра подлога би била сличност на двете страни во погледот кон животот и вредностите.

Секако, ова не важи за возраст 15-20.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
взаемната љубов,почитувањето и довербата се трите точки по кои се водам и ја оценувам оваа тајна
без овие три врската не би посторела или би била изградена но без темели
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: m.o.p.

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Потребни се многу работи за една врска да доживее успех, но по мене најбитен е добриот секс. Најбитниот фактор а некако не му обрнувате доволно внимание во темава.
Зашто најбитен ќе речеш? Па после тоа се иде некако полесно, ги подмачкува работите. Сексот ја одржува и ја засилува љубовта, партнерите се приврзуваат, повеќе си веруваат, има помалку љубомора. Сексот е лепилото што ги врзува луѓето во една љубовна врска.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Тајната за успехот на врската е само рамномерната заљубеност кај парот.
Ако двајцата се сакаат исто, тогаш само по себе ќе си дојде се на место. Ќе има и добар секс и доверба и компромиси.
Ако едниот сака повеќе секогаш ќе има љубомора и сомнежи, додека ако другиот сака помалку ќе има превари и лаги.
Ако двајцата се сакаат еднакво ќе си најдат заеднички јазик, се со цел да се задржат еден со друг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and parvati

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Потребни се многу работи за една врска да доживее успех, но по мене најбитен е добриот секс. Најбитниот фактор а некако не му обрнувате доволно внимание во темава.
Зашто најбитен ќе речеш? Па после тоа се иде некако полесно, ги подмачкува работите. Сексот ја одржува и ја засилува љубовта, партнерите се приврзуваат, повеќе си веруваат, има помалку љубомора. Сексот е лепилото што ги врзува луѓето во една љубовна врска.


Сексот е само еден дел од мозаикот, далеку од тоа дека е најбитен.
Нема врска со зголемување на доверба или помалку љубомора.
Ги подмачкува - со друг збор ги турка под тепих проблемите кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Ако сексот е лепилото - тогаш врската е однапред осудена на одлепување.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Тајната за успехот на врската е само рамномерната заљубеност кај парот.
Ако двајцата се сакаат исто, тогаш само по себе ќе си дојде се на место. Ќе има и добар секс и доверба и компромиси.
Ако едниот сака повеќе секогаш ќе има љубомора и сомнежи, додека ако другиот сака помалку ќе има превари и лаги.
Ако двајцата се сакаат еднакво ќе си најдат заеднички јазик, се со цел да се задржат еден со друг.
Мислам дека љубовта не се мери на кантар...
Или сакаш или не сакаш трето нема....
Заедничкиот јазик пак се гради со време и произлегува од взаемното трпение, толеранција, форгив анд форгет....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mspasenoski

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мислам дека љубовта не се мери на кантар...
Или сакаш или не сакаш трето нема....
Заедничкиот јазик пак се гради со време и произлегува од взаемното трпение, толеранција, форгив анд форгет....
Кога си на почеток на врската да , љубовта е огромна, непобедлива, обострана..
Ама, со текот на времето кога партнерите подобро се запознаваат, кога ќе се симнат розевите наочари и ќе се запознаат со мааните на другиот, љубовта станува навика, корист или некогаш се претвора и во сожалување, т.е жал ти е да го оставиш или да те остави пошто не заслужува после се, или можеби од страв дека никогаш нема да најдеш некој што ќе те сака како него и обратно.
Затоа мене битно ми е еднакво да се сакаме за да имаме квалитетна врска.
И како што кажав друго се ќе си дојде само по себе.