Најдобро за една врска е да има љубов, разбирање, слога и искреност.
Се сложувам до некаде...Кога си на почеток на врската да , љубовта е огромна, непобедлива, обострана..
Ама, со текот на времето кога партнерите подобро се запознаваат, кога ќе се симнат розевите наочари и ќе се запознаат со мааните на другиот, љубовта станува навика, корист или некогаш се претвора и во сожалување, т.е жал ти е да го оставиш или да те остави пошто не заслужува после се, или можеби од страв дека никогаш нема да најдеш некој што ќе те сака како него и обратно.
Затоа мене битно ми е еднакво да се сакаме за да имаме квалитетна врска.
И како што кажав друго се ќе си дојде само по себе.
Да, сексот е дел од мозаикот и тоа многу БИТЕН дел.Сексот е само еден дел од мозаикот, далеку од тоа дека е најбитен.
Нема врска со зголемување на доверба или помалку љубомора.
Ги подмачкува - со друг збор ги турка под тепих проблемите кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Ако сексот е лепилото - тогаш врската е однапред осудена на одлепување.
Да, сексот е дел од мозаикот и тоа многу БИТЕН дел.
Ако сексот го нема или го има ретко тогаш неможеш да очекуваш блискост или интимност со таа личност, зашто нели преку сексот и водењето љубов покажуваме многу емоции кои некогаш не ги кажуваме вербално ...(мене лично ми е полесно да искажам одредени емоции кога водиме љубов отколку да ги изустам)...
Така да сметам дека сексот е и те како битен, како во зачестеност така и во квалитет...
Ако една врска не е зачинета со редовен и квалитетен секс, тогаш што ја прави таа врска ВРСКА?
Тоа повеќе би личело на пријателство нели?
Сексот е само еден дел од мозаикот, далеку од тоа дека е најбитен.
Нема врска со зголемување на доверба или помалку љубомора.
Ги подмачкува - со друг збор ги турка под тепих проблемите кои кога тогаш ќе излезат на површина.
Ако сексот е лепилото - тогаш врската е однапред осудена на одлепување.
О и те како има. Види, љубовта е хемикалии во мозокот што твојата психа ќе ги интерпетира како чувства, како желба да се види саканиот/саканата, да се биде со неа/него... итн.
При сексуалниот акт се лачат голем дел од овие хемикалии.
Секако дека е битно да се погодени каратерите, да партнерите имаат консензус по одредени прашања, да не речам да имаат исти вредности... Ама ако збориме за што е најбитно, барем на тоа ме асоцира насовот на темава, јас би го издвоил тоа.
Хемикалии? Тоа се само купови молекули и атоми кои се мотаат наоколу. Заклучок - љубов = атоми. Или електрони кои се вртат околу јадрото.
Тоа би било точно во случај љубовта да беше унифицирана појава, како воспаление на зглоб или бели дробови, заедно со симптомите кои ги придружуваат.
А бидејќи нема дефиниција за љубовта ниту е медицинска состојба - зависи од субјектот кој ја доживува и манифестира на свој начин. Тогаш незнам која е поентата со муабетот за хемикалиите, уште помалку каква врска има со доверба или љубомора.
Тајната е да нема тајни.
Кога човекот ќе ти ја разголи и душата а не само телото и кога ќе сфатиш дека ти е убаво со сите плусови и минуси...
Congratulations, you are in love : )